Македонија
Поплавени куќи во Пештани
Неколку куќи во Пештани, Охридско, биле поплавени од подземните води надојдени од топењето на снегот и обилните врнежи од дожд
Обилните врнежи од дожд и топењето на снегот предизвикаа зголемување на нивото на подземните води во селото Пештани каде се поплавени подрумите на повеќе индивидуални станбени згради.Како што јави порталот „Охридњуз“ поплавените објекти се наоѓаат во непосредна близина до езерото.Опасност од слични поплави има и во други населени места, укажуваат надлежните институции кои се постојано на терен и ја следат состојбата.Водостојот на Охридското Езеро и натаму е десетина сантиметри повисок од максимално утврдената кота.Моментно на испусната рампа кај хотел Дрим отворени се 5,5 порти со капацитет од 50 до 52 м3/сек.Низводно по течението на реката Дрим до браната Глобочица зголемен е дотокот на водите на реките Беличка, Вевчанска, Јабланичка, Пискупштинска, Присовјанска, Голема река како и старото корито на реката Сатеска во кое се слеваат каналите од потегот на дел од Струшко поле, со што во поголема мера доаѓа и до зголемување на водостојот на Глобочичкото Езеро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Губитничките партии на Влен, избрани од ВМРО-ДПМНЕ за да ја играат улогата на претставници на Албанците, сè уште се однесуваат како опозиција, велат од ДУИ
„Губитничките партии на коалицијата Влен, избрани од ВМРО-ДПМНЕ за да ја играат улогата на претставници на Албанците, сè уште се однесуваат како опозиција, бидејќи во реалноста немаат никаква улога во владеењето“, велат од ДУИ.
„Маргинализирани и игнорирани од оние што ги именуваа, тие го поминуваат денот ширејќи пропаганда против ДУИ, со цел да го сокријат нивниот целосен неуспех и предавството на албанските интереси.
Толку многу се заробени од ВМРО-ДПМНЕ, што веќе почнаа и да личат на нив – бавејќи се со клевети и пропаганда за минатото, бидејќи немаат никакви резултати да покажат во сегашноста.
ДУИ нема да ја игра улогата на обвинителство за да им одговара на нивните игри на ист начин, но сме загрижени и не можеме да молчиме за деградацијата на албанското претставување во само седум месеци, со што се предизвикаа штети што ќе бидат тешки за поправка со години.
Албанците заслужуваат достоинствено претставување, а не фигури кои служат како декор на власт што ги игнорира и ги користи за туѓи интереси“, се додава во соопштението на ДУИ.
Македонија
Сајтот на СДС, исто како и нивната политика, е преполн со вируси на омраза и корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Дури и сервисите за проверка на интернет безбедноста го препознаваат вистинскиот карактер на СДС – нивниот сајт е преполн со вируси, исто како што нивната политика е заразена со вирусот на омразата, корупцијата и гневот кон сопствената држава и граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо да измислуваат лаги за работењето на Владата, пратениците на СДС треба да одговорат пред граѓаните: Каде се милионите евра украдени за време на нивното владеење? Каде се проектите кои ги ветуваа? Дали омразата која ја шират е сè што останало од нивната некогашна визија?
Владата на ВМРО-ДПМНЕ во првите шест месеци покажа дека е посветена на реформите, економскиот раст и подобрувањето на животниот стандард. Пензиите се зголемени, платите се зголемуваат, оточнуваат нови инвестиции, се отвораат нови патишта, се реализираат проекти за нови работни места, а животниот стандард на граѓаните ќе продолжи да се подобрува со мерките кои ги имплементираме.
Наместо со вируси и омраза, нашата работа е да ги лекуваме последиците од нивната неспособност и да создадеме подобра иднина за секој граѓанин“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Македонец под дејство на алкохол предизвика собраќајна незгода во Вараждин
Синоќа нешто по 23 часот се случила сообраќајна незгода со материјална штета во Вараждин. Сообраќајката ја предизвикал 32-годишен македонец, кој управувал лично возило под дејство на алкохол, со измерено ниво на алкохол во крвта од 1,13 промили.
Возачот се движел по улицата „Браќе Крајански“ и при стигнување на раскрсницата со Источна обиколница, која со сообраќаен знак е означена како коловоз со првенство на минување, влегол на крстосницата без да ги пропушти возилата што се движат по обиколницата.
Поради неотстапување, предниот лев дел од возилото удрил во предниот десен дел на автомобил управуван од 59-годишен унгарски државјанин на Источната обиколница.
Во несреќата нема повредени, но евидентирана е материјална штета на возилата. Возачот кој ја предизвикал несреќата ќе се соочи со соодветни санкции за возење под дејство на алкохол и непочитување на сообраќајните правила.
Македонската ракометна репрезентација вчеравечер го одигра првиот натпревар на Светското првенство во ракомет. Репрезентацијата на Унгарија беше нашиот противник во спортската сала во Вараждин, Хрватска.
Македонија-Унгарија, заврши реми, 27-27.