Црна хроника
Пијан штипјанец нападнал полицаец
– фото илустрација
Триесет и двегодишен штипјанец, под дејство на алкохол, во саботата вечер околу 21,10 часот нападнал полицаец, соопшти полицијата.
Триесет и двегодишен штипјанец, под дејство на алкохол, во саботата вечер околу 21,10 часот нападнал полицаец, соопшти полицијата.
Според истиот извор, на ул.„Кирил и Методиј“ во сендвичара, по претходно сторен физички напад под дејство на алкохол и поради продолжување со прекршок, полициски службеници го затекнале З.М.(32) од Штип, како разговара на мобилен телефон.
Полицаецот му наредил да го прекине разговорот и да дојде во полициска станица со намера да се расчисти физичкиот напад. З.М. ја игнорирал наредбата, по што во еден момент со нозе го нападнал полицискиот службеник, удирајќи го во пределот на десната подколеница, по што истиот бил лишен од слобода и приведен.
Во полициската станица Штип му било извршено алкотестирање и утврдено присуство на алкохол од 3,14 промили.
Од страна на увидна екипа е извршен увид на лице место. Против З.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

