Свет
,,Случајот швајцарски сметки" приоритетен за антикорупционерите
Антикорупциската комисија ќе ги испитува наводите на "Фокус" за сметките на Црвенковски и на Костов
Антикорупциската комисија ќе ги испитува наводите на "Фокус" за сметките на Црвенковски и на Костов
Малиновски: Одлучивме да го третираме случајот и да преземеме дејства во правец на проверка на точноста на наводите во неделникот "Фокус"
Антикорупциската комисија одлучи да му даде приоритет на случајот со наводите во неделникот “Фокус” за тајните банкарски сметки на претседателот на државата, Бранко Црвенковски, и на експремиерот и директор на Комерцијална банка, Хари Костов.
На вчерашната седница антикорупционерите заклучиле дека ќе преземат дејства во правец на утврдување на фактичката состојба во случајот со тајните сметки. "Одлучивме да го третираме случајот и да преземеме дејства во правец на проверка на точноста на наводите во неделникот Фокус", изјави претседателот на државната Антикорупциска комисија, Драган Малиновски.
Јавниот обвинител Александар Прчевски изминатиот викенд најави дека најпрво ќе го почека заклучокот на Антикорупциската комисија пред да одлучи дали и тој ќе поведе истрага за случајот. Со последните измени во Кривичниот законик, јавниот обвинител повеќе нема право да тужи некого по службена должност поради повреда на угледот и честа на претседателот на државата. Прчевски вчера беше недостапен да ги коментира заклучоците на антикорупционерите, бидејќи е на службен пат. Претходно тој изјави дека антикорупционерите или Црвенковски треба да докажат дека она што го тврди ,,Фокус" не е точно. "Тогаш ќе преземеме дејства за да утврдиме дали навистина има некое друго кривично дело кај оние што го презентирале тоа", рече Прчевски.
Во Комисијата засега се воздржуваат од директно прозивање на обвинителот, но очекуваат и сите останати државни институции да го третираат случајот во рамките на нивните надлежности. "Комисијата не се става во позиција на ексклузивец во однос на овој случај. Очекуваме и сите други надлежни институции, секоја во рамките на сопствените овластувања, да го третираат случајот", одговори Малиновски на прашањето – дали ќе ги повикаат и другите институции, во прв ред Обвинителството, да дејствуваат.
Претседателот Црвенковски во понеделникот писмено се откажа од правото на банкарска тајна и им испрати овластувања на Антикорупциската комисија, Јавното обвинителство и на неделникот ,,Фокус"иnbsp; да ги проверат неговите наводни сметки во посочената "Американ експрес банк", или која било друга банка во светот.иnbsp; Еден ден пред него истото го направи Хари Костов.И Црвенковски и Костов ги демантираа тврдењата на ,,Фокус" дека во швајцарска банка поседуваат 210 илјади, односно 388 илјади американски долари на тајни конта. Црвенковски изјави дека станува збор за "целосна лага и груб фалсификат", додека Костов тврдеше дека факсимилите од свифтовите што ги објави ,,Фокус" се монтирани.
Првиот човек на Антикорупциската комисија, Малиновски, вели дека не може да се одреди временска рамка во која случајот ќе биде истражен, но наведува дека "со оглед на актуелноста и медиумското интересирање, ќе му биде даден приоритет, во интерес на сите прозвани".
(Б.Г.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.

