Македонија
Мост: Иванов со убедлива предност, продолжува и Фрчковски
Претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ Ѓорге Иванов на вчерашните претседателски избори ја доби подршката на 34,8 проценти од граѓаните, соопшти
Претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ Ѓорге Иванов на вчерашните претседателски избори ја доби подршката на 34,8 проценти од граѓаните, соопшти граѓанската асоцијација Мост.
Освен Иванов во вториот круг на претседателските избори продолжува и кандидатот на СДСМ, Љубомир Фрчковски, кој според Мост освои 20,1 проценти од гласовите.
Врз основа на податоците добиени од програмата за паралелно пребројување на гласовите, по Фрчковски најмногу освоени гласови има претседателскиот кандидат Имер Селмани – 15,2 проценти.
Кандидатот Љубе Бошковски освои 14,8 проценти од гласовите, кандидатот на ДУИ Агрон Буџаку 7,9 насто, а претставникот на ЛДП, Нано Ружин освои 3,9 насто од гласовите. Последна е претставничката на ДПА Мируше Хоџа, која ја доби подршката на 3,4 насто од избирачите.
Според добиените податоци на Мост, кои се со 95% сигурност и со маргина на грешка не повеќе од 3 проценти, излезноста на вчерашните претседателски и локални избори, е 58,1 проценти.
Мост дополнително ќе ги соопшти и податоците за локалните избори за град Скопје.
Граѓанската асоцијација изборите ги набљудуваше со 3750 набљудувачи, кои покриваа околу 65% од гласачките места. /крај/со/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

