Свет
Машиновозачот и официјално во притвор
Машиновозачот на возот што излета од шините во Шпанија, при што загинаа 78 луѓе, официјално е во притвор, соопшти шпанската полиција.
Франциско Хосе Гарсон Амо, машиновозач на возот, се наоѓа под полициска присмотра во болницата додека се опоравува од несреќата, а сега е обвинет за казниви дела поврзани со предизвикувањето на железничката несреќа во која 78 луѓе загинаа, а повеќе од 100 беа повредени, пренесува ББЦ.
Преголемата брзина е најверојатната причина за излетување на возот, а како што пишува весникот „Ел Паис“, машиновозачот преку радиоврска признал дека во опасниот свиок влегол со брзина од 190 километри на час, иако на тој дел било дозволена брзина од само 80 километри на час.
Станува збор за најголемата железничка несреќа во Шпанија во последните 40 години, заради која во покраината Галиција е прогласена седумдневна, а во Шпанија тридневна жалост. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германските компании се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата
Германските компании вработуваат помалку нов персонал и се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за ноември.
Показателот кој ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од 93,6 поени во октомври на 93,4 поени.
Особено тешка состојба владее во германското производство, каде поради падот на нарачките се намалува и потребата од работници, а слична состојба владее и во трговијата.
Свет
Четири лица загинаа, меѓу кои две деца, во бродска несреќа во близина на Самос
Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа кога брод со мигранти удри во карпи и се насука на грчкиот остров Самос, соопштија официјални лица.
Спасени се 16 луѓе, додека бројот на патниците на бродот се уште не е познат, пренесе АП.
Грчката крајбрежна стража започна спасувачка операција, користејќи патролни чамци, чамци за спасување и тимови на брегот за потрага по можни исчезнати патници.
Свет
Полициски автомобил удри во лимузината на новозеландскиот премиер
Полициски автомобил удри во задниот дел на лимузината во која се наоѓаа премиерот на Нов Зеланд Кристофер Луксан и министерот за финансии Никола Вилис, но никој не е повреден, соопштија официјални лица.
Несреќата се случила вчера попладне на главниот пат кој води до аеродромот во Велингтон и седиштето на парламентот, пишува ABC News.
Полицијата започна истрага за несреќата.
Одделението за управување со службени возила соопшти дека е оштетен задниот дел од лимузината.
Луксан за новинарите изјави дека несреќата малку го изненадила, но дека е добро.