Регион
Најмалку тројца турски војници убиени во експлозија

Најмалку тројца припадници на турската армија се убиени, а уште шестмина се ранети во експлозија на крајпатна мина во источната турска покраина Бингел во саботата, пренесуваат тамошните медиуми.
„Тројца војници загинаа во експлозија на импровизирана бомба со далечинско управување, а уште шест луѓе се ранети. Нападот се случил кога возилото на специјалните војски на турската жандармерија минувал во областа Карлиова и паднал во заседа поставена од припадници на сепаратистичка терористичка организација“, се вели во соопштението на турската армија што го цитира агенцијата Anadolu со што се алудира на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK).
Според агенцијата Dogan, пак, тројцата војници загинале во бомбашки напад при судир со членови на PKK кога се обидувале да го проверат идентитетот на патници. Потоа војската започнала операција за пронаоѓање на напаѓачите.
Ситуацијата во Турција остро се влоши откако Анкара започна антитерористичка операција против Исламската држава која на 20-ти јули изврши смртоносен напад во градот Суруч кога уби 32 курдски активисти, а истовремено во југоистокот на земјата беа убиени уште двајца турски полицајци за што одговорноста ја презема PKK. Како одговор на турските бомбардирања на курдските позиции во северен Ирак, PKK започна со герилски напади на турска територија, во кои последните три седмици загинаа 35 војници и полицајци./крај/мф/сн
Извор: (AA photo)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Украинско комбе се судри со руски камион во Словенија, петмина загинати

На автопатот кој ги поврзува Марибор и Љубљана, во близина на излезот Словенска Коњица, во правец на Љубљана, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа пет лица, а две се повредени. Несреќата се случила кога патничко комбе удрилo во камион. Сите жртви биле странски државјани, соопшти словенечката полиција, јавуваат медиумите во регионот.
Според досега утврденото, возачот на комбе со украински регистарски таблички, кое превезувало седум лица, поради несоодветна брзина, удрил во задниот дел од приколка која стоела во ред поради работи на автопат. Пет лица загинале во комбето на местото на несреќата.
Возачот, кој ја предизвикал несреќата, е полесно повреден, додека патничка е тешко повредена. Двајцата повредени се пренесени во болница, а тешко повреденото лице е пренесено со хеликоптер. Идентитетот на загинатите сè уште се утврдува.
Возачот на камионот, руски државјанин, не е повреден, но му е понудена психолошка помош поради сериозноста на несреќата, објавува Радиотелевизија Словенија. Несреќата се случила непосредно пред одморилиштето Тепање, на дел од автопатот каде што се во тек големи работи – се реновираат 13 километри пат, два тунела и три вијадукти. Полицијата потврди дека несреќата се случила пред работната зона каде што се формираат долги редици поради затворени ленти.
Фото: принтскрин
Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.