Економија
КХВ ја испитува легалноста на односите меѓу „Макпетрол“ и „ОИЛКО“

„Макфакс„ од извори во Комисијата за хартии од вредност (КХВ) дознава дека се испитува легалноста на деловниот однос меѓу „Макпетрол“ и „ОИЛКО“ и легитимноста на меѓусебните сопственички односи на овие две компании.Од КХВ посочуваат дека нема да му дадат согласност на „Макпетрол“ да тргува со акции на „ОИЛКО“, бидејќи со тоа ќе ги доведува во заблуда акционерите. Во својата акционерска структура „Макпетрол“ има само еден голем акционер-транспортната компанија „ОИЛКО“, која превезува деривати за „Макпетрол“. Во „Макпетрол“ акции поседуваат вкупно 2.605 акционери, според официјалните податоци објавени на сајтот на КХВ. Најголем број од тие акционери се физички лица кои поседуваат акции, но не одлучуваат за работењето на компанијата заради тоа што најчесто не присуствуваат на акционерски собранија.„ОИЛКО“ е командитно друштво кое има 58 акционери, а според податоците на КХВ, најголем акционер е „Макпетрол“ кој поседува 35,6 отсто од акциите со право на глас. Најголем акционер физичко лице е Андреја Јосифоски, генерален директор на „Макпетрол“ кој поседува и управува со 15 отсто од акциите на „ОИЛКО“. Токму оваа правна спрега му овозможува на Јосифовски да ги управува двете компании зашто во „ОИЛКО“ е најголем поединечен акционер физичко лице, а „ОИЛКО“ е најголем акционер во „Макпетрол“ со кој раководи Јосифовски. Од другата страна „Макпетрол“ е најголем акционер во ОИЛКО, а со „Макпетрол“ оперативно управува Јосифовски. „ОИЛКО“ најголем дел од неговата работа ја добива од „Макпетрол“. Во деветте месеци годинава „ОИЛКО“ оствари приходи од 249,4 милиони денари.Најголемата македонска компанија за дистрибуција и трговија со нафтени деривати „Макпетрол“ пак, за девет месеци годинава оствари загуба од 156,1 милиони денари (околу 2,5 милиони евра). /крај/пд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
УЈП: Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави

Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави, потсетува Управата за јавни приходи.
„Со цел да се обезбеди непречено поднесување на ДДВ-04 пријавите за овој даночен период, ИТ тимовите на УЈП ќе работат и во попладневните часови. Процесот на поднесување на ДДВ – 04 пријавите се одвива непречено и заклучно со вчерашниот ден, 22 април 2025 година од очекуваните 40.885, вкупно 12.202 даночни обврзници поднеле ДДВ-04 пријави, што претставува близу 30% од вкупниот број на даночни обврзници кои треба да поднесат ДДВ-04 пријави“, влеат од УЈП.
Од таму апелираат даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ-04 пријави за овој даночен период, а сè уште не ги поднеле истите, уште денес да ја достават потребната документација до сметководителите со цел до законскиот рок 25 април 2025 година (петок) да ги исполнат своите даночни обврски.
„Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавите не е само законска обврска, туку и клучен фактор за финансиска стабилност и градење на довербата во институциите“, велат од УЈП.
Економија
Извршена исплата од 224.748.332 денара кон 7.826 лица за остварено производство на овошје

Денеска се изврши исплата од 224.748.332,00 денари кон 7.826 лица.
Исплатата како што информираат од Министерството за земјоделство, се однесува на дополнителните директни плаќања за остварено производство на овошје, мерка 1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со следните овошни видови: јаболка, слива, праска, вишна, цреша, кајсија, круша, јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка, а оствареното производство е предадено на регистриран откупувач, вклучително и произведените овошни култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или е користено за домашни потреби или е продадено на пазар.
Грижата кон земјоделецот продолжуваме да ја покажуваме на дело, велат од МЗШВ.
Економија
Се намалува цената на мазутот, а на дизелот и на бензините не се менува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,11 % во однос на одлуката од 14.04.2025 година.
Од 23.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,780 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,212 ден/кг и сега ќе изнесува 36,780 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,969%, кај дизелот за 3,456%, кај екстра лесното масло за 2,637% и кај мазутот зголемувањето е за 2,133%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 3,0273%.