Свет
Корумпирани директори испразнија една милијарда денари од Буџетот
850 милиони денари се направени со злоупотреба на службената положба и овластување, со примање поткуп и со коруптивно однесување на раководни лица во јавниот и приватниот сектор, а над 126 милиони денари буџетски пари се присвоени со даночно затајува
ЕКОНОМСКИ КРИМИНАЛ ВО 10-ТЕ МЕСЕЦИ ОД 2005
850 милиони денари се направени со злоупотреба на службената положба и овластување, со примање поткуп и со коруптивно однесување на раководни лица во јавниот и приватниот сектор, а над 126 милиони денари буџетски пари се присвоени со даночно затајува
Со злоупотреба на службената положба, коруптивно однесување на раководни лица, со даночно затајување и со перење пари државниот буџет во последниве 10 месеци е оштетен за речиси една милијарда денари, односно за над 16 милиони евра. Со таков криминал буџетот месечно во просек бил оштетуван за 1,6 милиони евра.
Од оваа една милијарда загуба во буџетот, дури 850 милиони денари се направени со злоупотреба на службената положба и овластување, со примање поткуп и со коруптивно однесување на раководни лица во јавниот и приватниот сектор во државата. Над 126 милиони денари оштетување на буџетот се направени со даночно затајување и перење пари.
Според анализите на македонското Министерство за внатрешни работи, во првите 10 месеци од 2005 година, во областа на корупцијата, биле откриени 16 кривични дела примање и давање поткуп, за што се товарат 19 лица. Во делот на економскиот криминал за 10-те минати месеци се реализирани вкупно 223 кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и при тоа се пријавени 278 сторители.
Од тие 223 дела, во 53 случаи актери се раководни лица, директори, поранешни и сегашни, бизнисмени, шефови…
Во делот на даночното затајување и перењето пари МВР во последниве 10 месеци регистрирало поголем број кривични дела за кои се товарат, пред се, основачи и управители на фирми. Во истиот период се поднесени вкупно 32 кривични пријави за затајување данок и перење пари, а за нивно извршување се осомничени и се пријавени 36 лица кои се теретат дека го оштетиле буџетот за над 126 милиони денари.
Последниве 10 месеци покарактеристични беа настаните врзани за даночната пирамида, кога во повеќе наврати МВР поднесуваше кривични пријави против управители, основачи и директори на фирми, најмногу со малверзации при плаќање и поврат на ДДВ, потоа пријави против раководители, членови на комисии и одбори. Во повеќе наврати полицијата поднесуваше пријави и за градоначалници, стечајни управници, инспектори, најчесто за злоупотреба на овластувањата или примање поткуп.
И покрај бројните откриени даночни затајувања, поткупи и злоупотреби, на списокот на осомничени јавноста не виде ниту едно звучно име, иако се шпекулираше со имињата на моќни фирми и бизнисмени, за нивна наводна вмешаност во економскиот криминал, особено во затајувањето данок. (Е.З.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте по разговорите со Трамп: Безбедноста на Арктикот во фокусот
Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави во четвртокот дека за време на неговата средба со Доналд Трамп во Давос воопшто не било спомнато американско сопствеништво над Гренланд и дека новата позиција на американскиот претседател не ја смета за пресврт, пренесе Си-Ен-Ен. „Не разговаравме за тоа“, рече Руте во интервју за Скај њуз во четвртокот. „Синоќа не беше спомнато.“
„Она што можам да го кажам е дека разговаравме за неговата идеја, неговата визија“, рече Руте, појаснувајќи дека тој и Трамп се фокусирале на тоа како НАТО може „да го спаси Арктикот од Русите и Кинезите“.
По средбата со Руте во средата, Трамп на социјалната мрежа Трут соушл објави дека се откажува од претходната закана за воведување царини за европските земји поради наводното попречување на американското преземање на Гренланд.
На прашањето на Скај њуз дали вознемиреноста предизвикана од коментарите на Трамп за Гренланд претставувала пречка за сојузниците во НАТО, Руте не се согласи и дури му припиша заслуги на Трамп за „спасувањето на НАТО“.
„Мислам дека е во право што ја покрена оваа расправа“, рече Руте. „Како можеме да го заштитиме Арктикот? Како можеме да обезбедиме Арктикот да биде безбеден? И би рекол дека, откако го спаси НАТО, тој сега е тој што ги предводи напорите за да се осигураме дека колективно ќе го спасиме арктичкиот регион.“
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.

