Свет
Норвешки епископ призна дека злоупотребувал црковен прислужник
Поранешниот католички епископ во норвешкиот град Трондхајм и признал на Католичката црква дека сексуално злоупотребувал малолетен црковен прислужник и дека заради тоа минатата година се повлекол од функцијата.
Поранешниот католички епископ во норвешкиот град Трондхајм и признал на Католичката црква дека сексуално злоупотребувал малолетен црковен прислужник и дека заради тоа минатата година се повлекол од функцијата.
Епископот Џорџ Милер го злоупотребувал црковен прислужник пред дваесет години кога се уште бил обичен свештеник, па бидејќи делото е застарено, тој нема да биде кривично гонет, соопшти неговиот наследник Бернт Ејдсвиг.
Повлекување на Милер од должност минатата година дефинитивно е поврзано со случајот на злоупотреба, бидејќи веднаш откако беше обвинет за сексуална злоупотреба, Милер побара да биде разрешен од функцијата, иако католичката црква тогаш официјално изјави дека повлекувањето на Милер се должи на „проблеми во соработката”.
Сегашниот епископ Ејдсвиг во интервју за норвешкиот весник „Адресеавјен“ изјави дека Милер по повлекувањето од должност се подложил психотерапија и духовно советување.
„За овој случај тогаш јавноста не беше информирана бидејќи жртва така сакаше”, рече Ејдсвиг.
Милер се уште јавно не го признал делото, а станува збор за прв признаен случај на злоупотреба во католичката црква во Норвешка.
Епископот по повлекувањето од функција исчезнал, а ниту Католичката црква во Трондхајм ниту неговиот свештенски ред од Германија не знаат каде се наоѓа тој во моментот. /крај/хи/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

