Спорт
Почина Атина Бојаџи

По кратко боледување во вторникот почина Атина Бојаџи добитничка на признанието „Великан на македонскиот спорт“ кое и го додели Македонскиот олимписки комитет
Атина Бојаџи беше првата и единствена Македонка којашто го преплива каналот Ла Манш во 1969 година. Таа беше и многукратен победник на Охридскиот маратон и светски првак во маратонско пливање. Сите овие постигнувања придонесоа во 2000 година во организација на „Утрински весник“ Атина Бојаџи го доби признанието „Спортист на векот“ на Македонија.За нејзиниот живот и кариера беше снимен и долгометражен филм „Исправи се Делфина“ со Неда Арнериќ во главната улога./крај/Макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Дембеле во солзи: Да ми кажеше некој…

Усман Дембеле е најдобриот фудбалер во светот за 2025 година, а откако го крена престижниот трофеј, не можеше да ги задржи солзите.
Французинот, кој ги освои сите домашни трофеи и Лигата на шампионите со Пари Сен Жермен, не можеше да поверува што му се случи.
„Неверојатно и извонредно е ова што ми се случи“, рече Дембеле откако ја прими Златната топка од легендарниот Роналдињо.
„Сезоната со ПСЖ беше неверојатна. Малку сум нервозен… Да го земам овој трофеј и да го примам од рацете на Роналдињо – нереално. Благодарам на ПСЖ што ме донесе во 2023 година, благодарам на тимот, клубот што е како семејство, претседателот, целиот персонал – и секако Луис Енрике, кој ми е како татко.“
OUSMANE YOU DID IT! #ballondor pic.twitter.com/0eiclvXuXN
— Ballon d'Or (@ballondor) September 22, 2025
Тој исто така се потсети како му одеше кариерата пред да дојде во ПСЖ, кога многумина го отпишаа.
„Во добри и лоши моменти, овој тим беше покрај мене. Оваа награда е индивидуална, но сите ја носиме заедно како тим. Благодарност и до Борусија Дортмунд, Рено и секако, во Барселона ги исполнив моите соништа – играв покрај Меси и Иниеста. Тоа беше живптна школа.“
Тој им се заблагодари на своите соиграчи, тренерот Луис Енрике и селекторот Дидие Дешан.
Сепак, најмногу се расплака кога зборуваше за своето семејство, неговата мајка и неговиот најдобар пријател, со кои минуваше низ тешки времиња.
Matters as well 🥺🌕 #ballondor pic.twitter.com/Jsxpl5QV9d
— Ballon d'Or (@ballondor) September 22, 2025
„Благодарност до моето семејство, особено до мајка ми – таа беше со мене во сите тешки моменти. Благодарност до мојот агент кој секогаш веруваше во мене. Ако некој ми кажеше дека еден ден ќе ја освојам Златната топка… Благодарност и до мојот најдобар пријател со кого поминав низ сè во последните пет години. Тој секогаш беше тука – и ќе биде до крајот“, заклучи Дембеле.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Ванвлит ја заврши сезоната пред да започне

Американскиот кошаркар, играчот на Хјустон Рокетс, Фред Ванвлит, се повреди пред почетокот на НБА сезоната.
Според Шемс Чаранија од ESPN, Ванвлит го скинал предниот лигамент и тоа би можело да значи дека сезоната е завршена пред да започне за плејмејкерот на Рокетс.
Со оваа повреда се намалуваат сите шанси тимот на Хјустон да биде конкурентен оваа сезона во НБА.
Ванвлит минатата сезона имаше просек од 14,1 поен, 3,7 скока и 5,7 асистенции по натпревар.
Иако тимот имаше големи амбиции оваа сезона, со оглед на ангажирањето на Кевин Дурант, се чини дека ќе биде тешко да се постигнат, со оглед на тоа што бековската линија на Хјустон е многу тенка со отсуството на Ванвлит.
Рокетите можеби сега ќе излезат на пазарот за да најдат плејмејкер за оваа сезона.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Бонмати ја освои третата Златна топка по ред

Во машкиот фудбал, добитниците на Златната топка се менуваат, но во женскиот фудбал, апсолутната доминација на Аитана Бонмати продолжува.
Шпанската репрезентативка, фудбалерка на Барселона ја освои оваа престижна награда трет пат по ред.
По 2023 и 2024 година, Бонмати ја победи сонародничката и фудбалерка на Арсенал, Марион Калдентај, во овогодинешната трка.
Лионел Меси и Мишел Платини се единствените кои ја освоиле Златната топка три пати по ред, додека во женскиот фудбал, Бонмати е првата во историјата со таква серија.
Фото/ Принтскрин