Свет
„Сименс“ ја тужи државата
Германската компанија „Сименс“ ќе ја тужи Владата за наводните нерегуларности на неодамна реализираниот тендер за пасоши, велат извори од компанијата.
Германската компанија „Сименс“ ќе ја тужи Владата за наводните нерегуларности на неодамна реализираниот тендер за пасоши, велат извори од компанијата.
Станува збор за компанија што со Владата претходно има потпишано договор за стратегиско партнерство вреден една милијарда евра и чија реализација и сите планирани инвестиции во земјава сега се доведени во прашање.
Формално, тужбата се уште не е поднесена бидејќи во компанијата го чекаат официјалното известување со конечното решение и правна поука од владината комисија што пред повеќе од две недели ја отфрли нивната жалба. Најавата од „Сименс“ доаѓа во време кога во Министерството за внатрешни работи се подготвува текст за договорот што треба да се потпише со победничката „Гисеке и Девриент“. Иако „Гисеке“ неодамна го презентира проектот за изработка на нови лични документи, а за нивниот квалитет гарантираше дури германскиот амбасадор Ралф Андреас Бретх, најавата за покренување судска постапка сега го релативизира целиот случај.
Владиниот портпарол Сашо Чолаковски вчера изјави дека немале најави за тужбата од „Сименс“ и одби да ја коментира неофицијалната информација.
Прогнозите се дека судот, ако ги уважи аргументите на „Сименс“ како третопласирана компанија на тендерот, може да го поништи целиот тендер или да ја врати постапката на првата фаза, од каде 12-те компании повторно ќе можат да влезат во трка за тендерот.
– Тендерот е полн со незаконитости, произволности и манипулации, а допрва ќе се востанови колку скапо тој ќе ја чини државата – објаснуваат наши извори.
Тие велат дека и покрај сите инсистирања, на компаниите не им била дадена на увид целокупната тендерска документација, а дознаваме и дека членовите на комисијата работеле под притисок и дека дури и на некои од нив им бил ограничен пристап до документите .
– Дента кога се сумирани бодовите и кога се носеше конечното решение, на седницата на комисијата цело време беше присутен Радивоја Јовановски, советник на министерот за внатрешни работи, кој не е член на комисијата, а законот предвидува да присуствуваат само членовите. На секоја забелешка Јовановски одговарал: „Ма дајте луѓе, ова треба да биде свечен чин“. Тоа не може да не се протолкува како директен притисок – вели нашиот извор.
Тој објасни и дека токму од таа седница немало записник и дека на решението според кое била избрана „Гисеке“ ги немало потписите од сите членови на комисијата. Владината комисија за жалби, сепак не го зела предвид тој, како што се тврди, многу важен факт, како ни сите други укажувања од компаниите.
Д. М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан до Зеленски: Ми ласкаш, но не можам да ги поддржам твоите воени напори
Унгарскиот премиер Виктор Орбан му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Унгарија не може да ги поддржи украинските воени напори, иако, како што наведе, ќе продолжи да му помага на украинското население.
„Ми се чини дека нема да можеме да се разбереме. Јас сум слободен човек кој му служи на унгарскиот народ. Ти си човек во очајна ситуација кој веќе четврта година не може или не сака да ја приведе војната кон крај, и покрај фактот дека американскиот претседател обезбеди сè што беше можно за тоа“, му порача Орбан на Зеленски.
Во објава на социјалните мрежи, Орбан напиша:
„Затоа, колку и да ми ласкаш, не можеме да ги поддржиме твоите воени напори. Украинскиот народ, секако, и покрај твоите внимателно одбрани навреди, и понатаму може да смета на тоа дека ќе продолжиме да ја снабдуваме вашата земја со електрична енергија и гориво, како и дека ќе продолжиме да им помагаме на бегалците кои доаѓаат од Украина.“
Пораката ја заврши со зборовите: „Останатото ќе го реши самиот живот и секој ќе го добие она што го заслужува.“
Објавата на Орбан уследи по говорот на Володимир Зеленски на Светски економски форум, каде што украинскиот претседател критикуваше дел од европските сојузници, меѓу кои и Унгарија.
Во својот говор, Зеленски порача дека „силите кои сакаат да ја уништат Европа не губат ниту еден ден“ и дека тие можат да дејствуваат и внатре во Европска унија.
„Мора јасно да се каже: секој Виктор што живее од европските пари, а притоа ги распродава европските интереси, заслужува шлаканица по шеширот. И дури и ако некој се чувствува удобно во Москва, не би смееле да дозволиме европските престолнини да станат мали Москви“, рече Зеленски, алудирајќи на унгарскиот премиер.
Украинскиот претседател во истиот говор го критикуваше и поширокиот европски одговор на руската агресија, оценувајќи дека Европа, наместо единствен настап против Русија и градење вистинска глобална моќ, останува „фрагментиран калеидоскоп од мали и средни сили“.
Фото: ЕПА
Свет
Tрамп испрати порака до Путин
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата порака до рускиот лидер Владимир Путин е дека војната во Украина мора да заврши, по, како што рече, „добри“ разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Давос во четвртокот.
Американски и украински претставници веќе со недели интензивно водат шатл-дипломатија, додека Киев се соочува со притисок од Трамп да обезбеди мир во речиси четиригодишната војна, и покрај малите знаци дека Москва сака да ги прекине борбите.
По средбата со украинскиот лидер, која траела околу еден час, Трамп изјави дека разговорот бил „добар“, но не изнесе дополнителни детали за неговата содржина. Во средата, Трамп рече дека договорот е „разумно блиску“.
„Мислам дека средбата со претседателот Зеленски беше добра. Тоа е процес што трае“, им рече Трамп на новинарите, додавајќи дека американските пратеници денес патуваат на разговори во Москва. На прашањето каква е неговата порака до Путин, Трамп одговори: „Војната мора да заврши.“
Зеленски претходно оваа недела изјави дека ќе отпатува во Давос само ако може да потпише договори со Трамп за американски безбедносни гаранции и финансирање на повоената обнова на Украина, но по средбата немаше индикации дека е постигнат напредок.
Двајцата лидери се сретнале лице в лице околу шест пати откако Трамп минатата година се врати во Белата куќа и ја смени американската политика кон Украина, прифаќајќи дипломатија со Русија.
Свет
Трамп сака промена на режимот во Куба до крајот на годината
Администрацијата на Доналд Трамп се обидува да поттикне промена на режимот на Куба до крајот на годината, охрабрена од недамнешното апсење на венецуеланскиот лидер Николас Мадуро, пишува „Волстрит џурнал“. Белата куќа се надева дека преку пронаоѓање сојузници внатре во кубанската власт може да се постигне договор што брзо би довел до смена на раководството на островот, со кој од 2019 година владее Мигел Дијас-Канел.
Американски претставници одржуваат состаноци со кубански емигранти и претставници на граѓанското општество во Мајами и Вашингтон, со цел да идентификуваат можни соработници во кубанскиот систем. Притоа укажуваат дека акцијата во Венецуела на 3 јануари била овозможена од агент од најтесниот круг на Мадуро и дека тоа треба да биде предупредување за Куба.
Трамп изразил намера за повторно воспоставување американска доминација во Латинска Америка, што неговите сојузници го нарекле „Донро доктрина“, алузија на Монроовата доктрина од 1823 година. По апсењето на Мадуро, Трамп ѝ се закани на Куба преку социјалните мрежи, порачувајќи дека „нема да има повеќе нафта и пари“, но САД јавно не се заканиле со воена интервенција.
Куба се соочува со сериозни економски проблеми, недостиг од основни производи, масовно иселување и енергетска криза. Економистите предупредуваат дека земјата, која сега зависи од нафта од Мексико и Русија, може да остане без резерви за неколку недели.

