Свет
САД евакуираат дел од дипломатскиот персонал во Бангкок
САД во сабота соопштија дека започнале да евакуираат дел од персоналот на американската амбасада во Бангкок поради зголеменото политичко насилство во Тајланд
Претходно, Стејт департментот им порача на американските граѓани поради безбедносни причини да не патуваат во оваа земја. Во меѓувреме, тајландскиот премиер Абхисит Веџаџива, за чија оставка настојуваат неговите противници од движењето на „Црвените кожули“, изјави дека нема да се повлече од функцијата и дека ќе продолжи воената операција во Бангкок, која има за цел да им стави крај на протестите. Веќе трет ден војската се обидува да ги растури демонстрантите, кои блокираа клучни квартови во главниот град на Тајланд.Според последните податоци, само денеска се убиени шест лица, а 31 е повреден. Досега во судирите, кои започнаа во четвртокот, загинаа вкупно 22 лица, а 172 се повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

