Македонија
Намален буџетот на Филип Втори за 2010 година
Буџетот за операции на Специјалната болница за кардиохирургија „Филип Втори“ е намален за речиси половина од страна на Фондот за здравствено осигурување, соопшти директорот на болницата Д-р Жан Митрев на денешната конференција за новинари
Буџетот за операции на Специјалната болница за кардиохирургија „Филип Втори“ е намален за речиси половина од страна на Фондот за здравствено осигурување, соопшти директорот на болницата Д-р Жан Митрев на денешната конференција за новинари
По вчерашниот состанок со одговорните лица од фондот Митрев бил известен дека Фондот нема пари и за 2010 година болницата може да изврши само 1.000 операции, во споредба со 1.700 извршени операции за 2009 година. Ако бројката ја операции ја надмине дозволената граница тие операции нема да се платат. Тоа значи дека месечно ќе можат да се направат помалку од 100 операции. Листата на чекање за операции сега е максимално намалена, и е сведена на неколку денови, а со предвидената динамика од Фондот од следната година пациентите би требало да чекаат повеќе месеци за операција. „До завчера во декември имаме 90 операции и би требало до крајот на годината да направиме само уште 10?“ запраша Митрев. Во моментов „Филип втори“ располага со 200 вработени, а со оваа одлука од Фондот болницата ќе треба да работи со 40 отсто од расположливиот капацитет.
„Јас го прашувам господинот Јанез Јелникар, вториот директор на Фондот која е неговата улога во Македонија. Треба ли тој да кажува само дека буџетот на Словенија е три пати поголем од тој на Македонија и дека ние немаме пари. Но во исто време не кажува дека во Словенија се троши 10 пати повеќе за операции од Македонија.“ објасни Митрев.Поради згрижување на пациентите Филип Втори само за оваа година има ненаплатени услуги од пациентите во висина од повеќе од 2 милиони евра. „Веќе 10 години бараме проширување на договорот за коронарографија, стенирање и пејсмејкери, но безуспешно до денес.
Болницата комплетно се игнорира како институција и покрај тоа што располага со најмодерна опрема, само затоа што сме „приватни“ па пациентите мораат сами да си плаќаат или да чекаат во јавните установи“ изјави Митрев./крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре ведро и студено претпладне, преку денот сончево
Времето утре, наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Во наредните денови Сседува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.
Македонија
Дел од корисниците на Центар утре без вода
Дел од корисниците на Центар, поради дефект, утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 13.11.2025 година, четврток, поради уличен дефект на ул. 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица,вклучително и објектот на Амбасадата на Италија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Центар)“, информира РЦУК.
Македонија
Гаши на средба со постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбија.
На средбата се разговараше за тековната и идната соработка меѓу Собранието и Канцеларијата на ОН во Северна Македонија, со акцент на улогата на законодавниот дом во процесите поврзани со одржливиот развој, човековите права и доброто владеење.
Претседателот Гаши изрази задоволство од реализирањето на средбата и ја истакна досегашната плодна соработка со Канцеларијата на постојаната координаторка, која, како што нагласи, значително придонесува за унапредување на транспарентноста и отчетноста на институциите.
Постојаната координаторка Колумбија ја поздрави иницијативата и ја потенцираше поддршката на системот на Обединетите нации за активностите на Собранието поврзани со спроведувањето на договорите и проектите што се реализираат во партнерство со агенциите на ОН. Таа нагласи дека во иднина акцентот ќе биде ставен на заедничките напори за унапредување на образованието, создавање подобри услови за лицата со попреченост, промовирање на родовата еднаквост и понатамошно јакнење на улогата на жените во општеството и во парламентот.
На крајот од средбата, претседателот Гаши изрази благодарност до системот на Обединетите нации во Република Северна Македонија за нивните активности и поддршка во областите на доброто владеење, социјалната инклузија, заштитата на животната средина, климатските промени, вработувањето и рамномерниот регионален развој, како и за досегашната конструктивна соработка со Собранието и неговите работни тела.

