Контакт

Политика

Нова демократија и ЛДП поднесоа интерпелација за Наумовски

Објавено пред

ЛДП и Нова демократија денеска до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, поднесоа интерпелација за работата на заменик-претседателот на Владата на РМ, Васко Наумовски

dobivaj vesti na viber

“Решивме нашето незадоволство да го преточиме во интерпелација и да побараме заменик претседателот на владата на РМ, Наумовски да замине од функција затоа што сметаме дека не ја исполнува неговата обврска“, рече Флора Кадриу од Нова демократија.  Како клучни причини за поднесување на интерпелацијата од Нова демократија и ЛДП, ги наведуваат следниве точки, уназадувањето на државава во исполнувањето на политички критериуми за членство во ЕУ, маргинализација и целосна партизација на Секретаријатот за европски прашања (СЕП), застој на усогласувањето со европското законодавство, нецелосно спроведување на веќе донесените закони со европско знаменце, сокривање на клучни документи за европска интеграција, усвојување на скандалозниот закон за анти дискриминација, забрана за комуникација на вработените во СЕП со делегацијата на екомисијата во Скопје и одложување на примената на реформски делови од Законот за води.

Според Нова демократија и ЛДП, Наумовски во изминативе 10 месеци ја имал можноста да ја контролира и да ја спроведува политиката што треба да ја внесе Македонија во ЕУ, но како што велат оттаму единствен приоритет што досега го остварил е скандалозниот влез како доцент на Правниот факултет во Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

(Видео) Драматични снимки од пожарот во Трубарево кадешто горат објекти за складирање на електронски отпад

Сериозен е пожарот што избувна во Трубарево и ги зафати  објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад....

Македонија57 минути

(Видео) Ангелов: Се затрупува изворот на чад во Дрисла, термални камери и патроли во Вардариште, нов пожар избувна во Трубарево

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска информираше за повеќе паралелни интервенции поврзани со пожари на скопските...

Македонија2 часа

(Видео) Гори фабрика во Трубарево, црн чад се издигна над Скопје

Голем црн чад се издигна над главниот град, алармираат граѓаните од повеќе скопски населби. Директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ со готови листи за советници и кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ објави дека целосно ги комплетирала листите за советници и кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Генералниот секретар на...

Свет5 часа

Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“,...

Македонија6 часа

Агелер по повод 30 години дипломатски односи: Македонија и САД покажаа што значи вистинско пријателство

Оваа година се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи (13 септември 1995) меѓу Република Северна Македонија и Соединетите...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ го прозва Коцевски: Не молчете за незаконското следење на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство и обвинителот Љупчо Коцевски веднаш да реагираат и да спроведат темелна и транспарентна истрага за, како...

Македонија7 часа

Шабан Салиу – кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари официјално е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

На свечена церемонија во Скопје, претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу го стави својот потпис на документот „Декларација...

Свет8 часа

(Видео) Вдовицата на Чарли Кирк: Немате поим што ослободивте

Ерика Кирк, сопруга на убиениот десничарски активист Чарли Кирк, одржа емотивен говор во седиштето на „Трнинг поинт УСА“ во Аризона....

Свет9 часа

Бабата на убиецот на Кирк тврди дека нејзиниот внук е невин: Збунета сум, немаме демократи во семејството

Бабата на 22-годишниот Тајлер Робинсон, уапсен под сомнение дека е одговорен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, тврди дека...

Македонија10 часа

Денес топло време, од утре нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно...

Свет20 часа

(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан –...

Македонија21 час

Имало три нови обиди за палење на „Дрисла“, Ангелов најави засилено обезбедување, полицијата разговара со вработените

Криминалистичката полиција разговара со вработените за можни потпалувачи, чадењето сè уште активно.  Криминалистичката полиција денеска разговара со вработени во ЈП...

Македонија22 часа

Собранието ја усвои Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Собранието на денешната пленарна седница ја усвои Декларацијата за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите на...

Свет24 часа

Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши...

Свет24 часа

Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк. Клучна...

Свет24 часа

Таткото на убиецот на Кирк имал клучна улога за апсењето, го препознал синот и пријавил

Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврди дека осомничениот е 22-годишниот Тајлер Робинсон, кој разговарал со членовите на семејството на вечера...

Топ1 ден

Комбето со работници паднало од мостот во реката: ОЈО изврши увид по тешката несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место на експресниот пат Штип-Радовиш, каде комбе со петмина патници излета од...

Македонија1 ден

ДУИ: Со амин на Бујаре Абази од „Вреди“, српска банка навлегува во сржта на финансискиот систем на Македонија

Демократската унија за интеграција изразува, како што велат, длабока загриженост во врска со потврдата на планот за навлегување на српскиот...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања го повика премиерот Мицкоски да одговори...