Спорт
Извлечени групите во ЛШ, Пандев и Тричковски добија групи по мерка

Попладнево во Монако, како увертира за утрешниот натпревар во европскиот Супер куп, помеѓу Барселона и Порто, беа извлечени групите во јубилејното 20-то издание на Лигата на шампиони (ЛШ) во фудбал, за сезоната 2011/2012.
Попладнево во Монако, како увертира за утрешниот натпревар во европскиот Супер куп, помеѓу Барселона и Порто, беа извлечени групите во јубилејното 20-то издание на Лигата на шампиони (ЛШ) во фудбал, за сезоната 2011/2012. Во групната фаза во борба за трофејот влегуваат 32 екипи, меѓу овие екипи се наоѓаат 11 поранешни европски шампиони, додека пет екипи за прв пат се натпреваруваат во фудбалската елита. Барселона одбраната на титулата ќе ја започне од Х групата, каде ќе има лесна задача, единствен конкурент за првото место ќе и биде Милан, во групата се уште Бате Борисов и Виторија Плзен. Македонските репрезенти во ЛШ, Горан Пандев и Иван Тричковски, добија групи по мерка. Пандев со Интер ќе игра во Б групата заедно со ЦСКА Москва, Лил, Трабзон, додека Тричковски со АПОЕЛ за противници ги доби Порто, Шахтјор, Зенит. Епитетот „група на смртта“ за оваа сезона го носи А групата каде партиципираат Баерн Минхен, Виљареал, Манчестер Сити, Наполи. Комплетни состави на групите во ЛШ, во сезоната 2011/2011:А група: Баерн Минхен, Виљареал, Манчестер Сити, Наполи Б група: Интер, ЦСКА Москва, Лил, ТрабзонЦ група: Манчестер Јунајтед, Бенфика, Базел, Отелул Галати Д група: Реал, Олимпик Лион, Ајакс, Динамо Загреб Е група: Челзи, Валенсија, Баер Леверкузен, ГенкФ група: Арсенал, Олимпик Марсеј, Олимпијакос, Борусија ДортмундГ група: Порто, Шахтјор, Зенит, АПОЕЛ Х група: Барселона, Милан, Бате Борисов, Виторија Плзен.Сезоната во ЛШ ќе заврши на 19. Мај во Минхен каде ќе се одигра финалниот натпревар. /крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Петрушев го напушти Олимпијакос, се сели во Дубаи

Српскиот репрезентативец Филип Петрушев ќе стане нов играч на Дубаи.
Според српските и грчките медиуми, Петрушев ќе потпише тригодишен договор со тимот од Обединетите Арапски Емирати.
Неговиот тим Олимпијакос ќе добие околу 500.000 евра за предвремено раскинување на соработката, а тие пари ќе ги плаќа Петрушев во период од две години.
Многу се пишуваше и зборуваше за Петрушев по завршувањето на сезоната. Се чинеше дека можеби ќе може да остане во Црвена звезда, која за раскин на договорот беше подготвена да му плати на Олимпијакос 1,2 милиони евра.
Неколку Евролиги беа заинтересирани, пред сè Фенербахче и Монако, на крајот кошаркарот изненади со одлуката да замине во Дубаи.
Во својата професионална кариера, Петрушев играше за Мега, Анадолу Ефес, Црвена звезда двапати, а беше и во НБА, каде не доби шанса. за кратко време смени два клуба: Филаделфија, Сакраменто, па реши да се врати во Европа, во Олимпијакос.
Минатата сезона, тој забележа 14,1 поен со 4,9 скока и 1,7 асистенции во 28 натпревари од Евролигата во дресот на Црвена Звезда.
Петрушев ја зголеми балканската колонија во Дубаи. Тренер е Јурица Големац, генерален менаџер Дејан Камењашевиќ, а играчи се Србите Немања Дангубиќ и Данило Анѓушиќ, Словенецот Клемен Препелич и репрезентативците на Босна и Херцеговина Кенан Камењаш и Џанан Муса.
Спорт
(Видео) Шкендија славеше во дуелот со ФЦСБ

Фото/ facebook.com/fcshkendija
Шкендија забележа победа над романскиор првак ФЦСБ (1:0), во првиот меч од втората квалификациска рунда за пласман во главната фаза во Лигата на шампионите.
На Арената „Тодор Проески“ во Скопје, пред 7.000 навивачи, фудбалерите на Шкендија заслужено го совладаа фаворизираниот романски тим.
Шкендија, во првиот дел беше тимот што создаваше шанси, Романците прв пат се заканија кон голот на Шкендија дури во 36.минута.
Клучниот момент на натпреварот се случи во 65.минута, кога по центаршутот на Цаке, Ибрахим Алхасан погоди со глава.
Пот минути подцна Шкендија остана со играч помалку на теренот, црвен картон доби Ќаке. За среќа во 79.минута патот во соблекувалната му беше покажан и на Романецот, Танасе.
Шкендја можеше да стекне и повисока предност пред реваншот, но голманот Танасе се истакна со две одбрани во 90.минута.
Реваншот е на програмата за седум дена во Букурешт.
Спорт
Евертон сериозно заинтересиран за Кубо

Евертон започна преговори со Реал Сосиедад во врска со потенцијалниот трансфер на на јапонскиот интернационалец Такефусе Кубо. Крилниот напаѓач има 24 години, а во Сан Себастијан пристигна како поранешен член на Реал Мадрид.
Кубо постигна седум гола и додаде четири асистенции за Сосиедад минатата сезона, а неговиот договор е до летото 2029 година. Шпанскиот клуб го проценува на вредност помеѓу 30 и 40 милиони евра, а Евертон го гледа како важно засилување пред новата сезона.
Кубо наводно е отворен за премин во Премиер лигата, и доколку преговорите бидат успешни, трансферот би можел да биде заклучен во наредните денови.
Foto/ EPA