Македонија
Без Балканот не може да се пополни европската сложувалка
Европската унија е отворена за проширување, а европската “сложувалка“, може да биде поплнета само со приклучување на земјите од Балканот кон Европа
Пред дваесет години падот на Берлинскиот ѕид претставуваше историски момент, но и најважна промена како вовед во почетокот на обединувањето на Европа, врз основа на европските вредности, слобода, демократија, почитување на човековите права. Земјите како Чешка и Словачка, Полска, кои до скоро беа зад железната завеса со процесот на евроинтеграцијата и по темелни реформи, според копенхашките критериуми станаа дел од Унијата, пред пет години. Ова се неколку заклучоци од денешната панел дискусија „Од паѓањето на железната завеса во 1989 до проширувањето во 2004“, организирана од Мисијата на ЕУ во Македонија по повод петгодишнината од најголемото проширување на Унијата и 20-годишнината од паѓањето на Берлинскиот ѕид.Евроамбасадорот Ерван Фуере, смета дека мора да и се прости на историјата, но не смее да се заборави, бидејќи таа не потсетува на изминатиот пат во последните децении особено по Втората светска војна и на извонредната моќ на европската интеграција како процес кој ги турка овие вредности напред во умовите на денешените политичари. За време на неговиот престој во земјава увидел дека граѓаните на Македонија се определени за членство во ЕУ и повтори дека во процесите на евроинтеграцијата треба да бидат вклучени сите фактори во општеството, особено дијалогот, посочувајќи го притоа, примерот и искуството на Словенија.“Проширувањето што се случи во 2004 година ја покажа т.н “мека моќ“ на ЕУ која ги поттикна овие реформи, а наградата за тоа беше членството во ЕУ. Оваа моќ е една од најголемите успеси на ЕУ и на нејзините политики, на тој начин придонесувајќи кон мирот и стаблноста преку проширување на границите на мир и стабилност во 27 земји членки“, рече Фуере.Според Фуере, ЕУ останува на заложбата за отвореност кон останатите земји, бидејќи мапата на Европа нема да биде целосна без приемот на земјите од балканскиот регион. Амбасадорите на Полска, Дариуш Бачура, Чешка, Јозеф Браун, Унгарија, Ференц Кекеши и Словенија, Алан Бергант, како и Роберт Кирнаг, вршител на должност амбасадор на Словачка во Македонија, го делат ставот дека процесот на евроинтеграциите е напорен, а особено нагласија дека процесот на визната либерализација не е исто што и членство во Унијата. Чешка е една од државите кои, по интервенцијата на тогашниот СССР во 1968 година, беше цврсто зад железната завеса, а сега е актуелен претседавач со Европската унија. Амбасадорот на Чешка во Скопје, Јозеф Браун зборуваше за зголемувањето на безбедноста и на квалитетот на животот на граѓаните од зачленувањето во ЕУ. Словенечкиот амбасадор, Бергант, рече дека Словенија напорно работеше за исполнување на стратешката цел – членството во ЕУ, а имајќи предвид дека и Македонија доаѓа од една иста поранешна држава со Словенија изрази надеж дека 2009 ќе биде историска година за Македонија. Роберт Кирнаг, словачкиот в.д. амбасадор, смета дека националниот идентитет не смее да се заборави за сметка на европскиот.“Мојата порака е дека не треба да го жртвувате својот идентитет со цел да го добиете европскиот. Тоа е како додадена вредност и не е во спротивност со првото. Градењето идентитет е процес кој е во континуитет на постојано потврдување на вашиот национален идентит во европското опкружување“, рече Кирнаг. Дариуш Бачура, амбасадорот на Полска во Македонија се осврна на проширувањето на ЕУ од аспект на зајакнувањето на Унијата и нејзината политичка улога во светот, при што рече дека земјите од Балканот, вклучително и Македонија се дел од сложувалката Европа. Според него, со проширување на ЕУ, пред пет години, со десет земји од источниот дел на Европа, таа се збогатила за едно, како што рече “источно“ искуство. “Секогаш е добро да бидете член на една голема група, и да имате влијание во неа“, рече БачураИако во повеќето членки на ЕУ на евроинтеграцијата се гледа позитивно, сепак, има и такви кои сметаат оти таа носи и одговорност. Некои од учесниците на дебатата сметаа дека македонија е изоставена неправедно од процесот на проширување на ЕУ, а беа спомнати и двојните стандарди. Евоамбасадорот Фуере не се согласува со забалешките искажани на дебатата дека слабее процесот на евроинтергација.“Напротив процесот на проширување не слабее. ЕУ досега демонстрираше дека продолжува да јакне. Причината поради која луѓето во некои земји се изјаснија против Лисабонскиот договор е јавното мислење.Тоа не беше гласање против ЕУ, туку поради начинот на кој Европа се развива, како и против властите кои не успеаја да им објаснат на граѓаните што значи процесот на проширување“, рече Фуере. Во 2004 се случи најголемото историско проширување на ЕУ со 10 земји од кои повеќето од поранешниот социјалистички блок – Летонија, Литванија, Естонија, Унгарија, Словенија, Словачка, Чешка, Полска, Малта и Кипар. На Унијата од 1 јануари 2007 година и се придружија и Бугарија и Романија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради дефект без парно делови од Центар, Аеродром и Кисела Вода
Поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, соопшти ЕСМ.
Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен со цел точно лоцирање на дефектот и изолирање на истиот, со цел воспоставување на нормална испорака на топлинска енергија.
За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.
Македонија
Левица: Центарот за социјални работи во Тетово дувло на криминал и корупција
Скандалот во Центарот за социјални работи во Тетово со незаконски исплатени социјални пензии и додатоци за туѓа нега ја разоткрива длабоката системска корупција и злоупотреба во институцијата која треба да им служи на најранливите. Социјални пензии добивале лица кои што воопшто не исполнуваат услови за тоа, додека лица на кои што им е од суштинска важност да добијат социјална пензија или надоместок за туѓа нега се одбивани, велат од Левица.
„Според досега изнесените податоци неколку вработени во Центарот, меѓу кои и еден раководител исплаќале социјални пензии, туѓа нега и други социјални надоместоци и тоа ретроактивно, на лица кои не исполнувале услови за тоа, со што го оштетиле Буџетот за неколку стотици илјади евра.
Дополнително загрижува фактот што, и покрај тоа што Јавното обвинителство покренало постапка против овиелица, по признание на вина за несовесно работење во службата тие биле задолжени да платат по 18.000 денари по што продолжиле со работа во Центарот за социјални работи во Тетово. Ова испраќа опасна порака дека злоупотребата на јавните пари и газењето на социјалната правда поминуваат без реални последици.
Јавно прашуваме зошто Министерството за социјална политика и министерот Лимани молчат за овој скандал?
Исто така прашуваме како е можно лица кои самите признале дека несовесно работеле и го оштетиле буџетот да бидат сѐ уште вработени во Центарот?
Кого штити Министерството и дали Владата на ДПМНЕ знae воопшто на кои и на колку лица неосновано им биле испраќани социјални надоместоци?
Ова е уште еден доказ дека државата за некого е мајка, за некого маќеа!“, се вели во соопштението на политичката партија.
Македонија
(Видео) Клучката „Момин Поток“ се гради со забрзано темпо, Ѓоргиевски порача: „Наскоро скопјани ќе возат по нов булевар“
Скопје наскоро ќе добие нов булевар, откако со забрзано темпо продолжува реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти – изградбата на клучката „Момин Поток“ и булеварот „Никола Карев“.
Како што информираше градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски, во моментов е во напредна фаза поставувањето на атмосферската канализација во средишниот дел на булеварот, на потегот од реката Серава до раскрсницата со булеварот „Словенија“.
Овој сегмент, како што истакнува Ѓоргиевски, е клучен за безбедна, современа и одржлива сообраќајна инфраструктура.
Паралелно се гради и левиот крак од мостот над реката Серава, преку кој ќе се поврзат булеварот „Словенија“ и клучката „Момин Поток“. Со тоа ќе се овозможи побрза и поефикасна врска меѓу неколку важни градски сообраќајници.
„Како што ветив, Скопје пишува нова страница во својата историја. Со дела, не со зборови. Скопјани заслужуваат“, порача градоначалникот Ѓоргиевски.

