Свет
Повеќе експлозии во Триполи
Најмалку 13 експлозии се слушнаа ноќеска после полноќ, јави новинар на агенцијата Франс прес, без да прецизира кои цели се погодени.
Серија силни експлозии се слушнаа ноќеска во Триполи, град под контрола на либискиот лидер Моамер Гадафи, пренесуваат агенциите. Најмалку 13 експлозии се слушнаа ноќеска после полноќ, јави новинар на агенцијата Франс прес, без да прецизира кои цели се погодени. Либиската државна телевизија јави дека НАТО силите извршиле воздушни напади врз цивилни и воени цели во квартот Ан Зара, во источниот дел на Триполи и во Танџура, големо предградие во источниот дел на престолнината. Телевизијата, повикувајќи се на воени извори, наведе дека во нападите имало жртви, но бројка не беше соопштена. НАТО, кој ги води воените операции со мандат на Обединетите нации(ОН) од 31. март започна со воздушни напади врз Либија, со цел соборување на Гадафи од власт. Во вчерашниот говор Гадафи се заколна дека никогаш нема да ја напушти земјата на своите предци и дека ќе ја брани до последната капка крв. /крај/афп/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Садик Кан по трет пат стана градоначалник на Лондон
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан победи на изборите во главниот град по трет пат, победувајќи ја Сузан Хол од британската Конзервативна партија.
Кан, кој е од Лабуристичката партија, победи во девет од 14-те изборни единици во Лондон.
Тој обезбеди 1.088.225 гласови, додека за Хол гласале 812.397 гласачи, пренесува „Стандард“.
Свет
(Видео) Мачна сторија: 98-годишна Украинка пеш, во влечки побегнала од фронтот во Доњецк за да се најде со семејството
Лидија Ломиковска (98) се споила со семејството неколку дена откако избегала од украинскиот фронт, поради што пешачела 10 километри во влечки.
98-годишната жена која побегнала од територијата во Украина окупирана од Русија користејќи стап, само во влечки, и повторно се споила со своето семејство неколку дена откако биле разделени додека бегале на безбедно.
Лидија и нејзиното семејство одлучиле да го напуштат градот Очеретине, во источниот регион на Доњецк, откако руските војници влегле во него минатата недела и борбите се интензивирале.
– Се разбудив опкружен со пукотници, беше толку страшно – изјави Ломиковска во видео интервјуто што го објави полицијата во Доњецк.
Таа беше разделена од синот и снаите, од кои и едната беше повредена од шрапнел неколку дена претходно. Помладите членови на семејството тргнале по споредни патишта, но Лидија сакала да остане на главниот пат.
Со бастун во едната рака и парче дрво во другата, Ломиковска цел ден пешачела без храна и вода за да стигне до украинските линии.
Ломиковска рече дека два пати паднала и дека понекогаш морала да застане за да се одмори, а во еден момент дури и задремала пред да го продолжи патувањето.
– Еднаш изгубив рамнотежа и паднав во тревата. Заспав малку и продолжив да одам. И тогаш, по втор пат, пак паднав, но потоа станав и помислив, морам да одам, малку по малку – рече Ломиковска.
Павло Дјаченко, портпарол на полицијата, изјави дека украинските војници ја забележале Ломиковска како оди по патот во вечерните часови. Тие ја предале на „Белите ангели“, полициска група која ги евакуира граѓаните кои живеат на линијата на фронтот, кои ја однеле во прифатилиште за евакуирани и контактирале со нејзините роднини.
Ломиковска вели дека ја преживеала Втората светска војна.
– И јас морав да ја поминам оваа војна и на крајот останав без ништо – рече таа и додаде: – Таа војна не беше како оваа. Ниту една куќа не изгоре. Но, сега се гори – му рекла таа на својот спасител.
Извршниот директор на една од најголемите украински банки во вторникот на својот канал Телеграм објави дека банката ќе ѝ купи куќа за Ломиковска.
– Монобанк на Лидија Степанивна ќе и купи куќа и таа безбедно ќе живее во неа додека не заврши војната – изјави Олех Хороховски.
A story of a 98-year old Lydia Stepanivna from #Ocheretyne in Donbas who walked 10 km to escape the hell of occupation.
– I survived WWII, but this war is worse. In WWII not a single house in our village burnt – and now there’s nothing left.#StandWithUkraine pic.twitter.com/20lMAXGWYI
— olexander scherba🇺🇦 (@olex_scherba) April 29, 2024
Свет
Полјачка на миса за Меди МекКан: „Јас сум Меди. Не сум лажга. Направете ДНК тест“
Родителите на Медлин МекКен вчера вечерта не беа на бдеењето одржано по повод 17-годишнината од исчезнувањето на девојчето. Меѓутоа, на богослужбата се појавила една млада Полјачка која тврди дека таа е киднапираната Меди.
Кејт и Гери МекКен испратија порака до присутните, која ја прочита пречесниот Роберт Гладстон: „Жал ни е што не можеме да бидеме со вас вечерва. Ви благодариме што се здруживте. Поминаа 17 години откако беше киднапирана. тешко е да се поверува дека помина толку долго време“.
На бдеењето присуствувала Џулија Вендел (22), која тврди дека таа е ккиднапираната Медлин. Во рацете држела писмо кое имала намера да им го предаде на родителите на киднапираното девојче. „Јас сум Медлин МекКен. Никогаш не престанав да верувам во тоа. Дојдов овде да ги замолам Кејт и Гери да направат ДНК тест”, рекла таа по мисата, а пренесува Дејли Мејл.
„Тие не направија ништо за да докажат дека не сум нивна ќерка. Не, не сум луда. Не сум лажгоа“, додала таа. Во селото Ротли се одржа бдение. Семејството МекКен и понатаму се надева дека нивната ќерка, која сега би имала 20 години, е сè уште жива.
Германската полиција, од друга страна, смета дека Меди е убиена и има намера да го обвини Кристијан Брукнер за злосторството. На осудениот педофил моментално му се суди за пет неповрзани силувања и сексуални престапи.
Во февруари минатата година, Џулија на социјалните мрежи објави под нејзиното корисничко име „@IamMadeleineMcCann“ дека таа е исчезнатото девојче. По ДНК анализата било утврдено дека таа на никаков начин не е поврзана со Медлин. Но, Џулија вчера инсистираше дека таа е Медлин МекКен и дека тоа ќе го докаже.