Забава
Во продажба влезниците за Пети Смит

Започна продажбата на влезниците за концертот на Пети Смит, што ќе се одржи на 10 јули во Скопје, во Универзалната сала
Цените на влезниците се движат од 800 до 1200 денари, во зависност од тоа во кој период ќе бидат купени:12-31 мај по промотивна цена чинат 800 денари, за периодот од 01-30 јуни чинат 1.000 денари и за 01-10 јули чинат 1.200 денари. Влезниците ќе може да се купат во музичките продавници „Југотон“ и „Чув де Чув“ како и на билетарницата на Универзална сала. Најсвежата информација во врска со овој настан е дека, како специјален гостин на концертот на Пети Смит во Скопје е најавен легендарниот гитарист Том Верлејн, фронтменот на некогашната култна њујоршка група Television. Том Верлејн и Пети Смит се стари пријатели, нивната соработка датира уште од времето на експлозијата на њу-вејв и панк движењето кон средината на седумдесеттите. Оттаму, воопшто не изненадува фактот дека Верлејн ја прифатил поканата на Смит да ја придружува, заедно со нејзиниот бенд, на сите јулски датуми што се дел од летната турнеја на Пети Смит. Концертот на Пети Смит во Скопје претставува вонреден, дополнителен настан и големо финале на годинешниов, осми по ред, OFF-Fest, музичка манифестација којашто во организација на Скопскиот џез фестивал се одржува секоја година кон крајот на Мај и почетокот на Јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Јелена Ѓоковиќ во секси бикини! Папарацо-фотографиите ја обиколуваат планетата, Британците сè уште пишуваат за неа

Еден месец по одморот на Новак и Јелена Ѓоковиќ на Миконос, британските медиуми сè уште не престануваат да зборуваат за изгледот на сопругата на најдобриот тенисер во историјата.
Имено, локалните таблоиди „Дејли стар“ и „Сан“ се опседнати со изгледот на Јелена, па повторно пишуваа за нејзината заводлива фигура заедно со неколку фотографии од нејзиниот одмор на Миконос, секако.
„Двојката разменуваше бакнежи додека се релаксира покрај брановите на грчкиот остров Миконос за време на семејниот одмор со своите две деца. Тие уживаа во луксузното одморалиште Намос, познато по тоа што привлекува многубројни светски ѕвезди во текот на летните месеци.
Јелена Ѓоковиќ плени со својата фигура на плажа, таа беше опколена од папараците додека разменуваше нежности со Новак“, се вели во статијата на „Дејли стар“.
Секое лето десетици приватни авиони и хеликоптери слетуваат на оваа ексклузивна дестинација, а мегајахтите со познати личности вредни милиони се закотвуваат во блиското пристаниште. Сите тие доаѓаат во потрага по луксузно искуство на плажите.
Луис Хамилтон, Аријана Гранде, Вејн Руни, Леонардо ди Каприо и Никол Шерцингер се само дел од имињата што редовно ја посетуваат оваа песочна оаза.
фото: принтскрин
Забава
(Фото/видео) Двете најдобри тенисерки во светот ги закопаа секирите

Руската тенисерка Марија Шарапова и американските шампиони во двојки Боб и Мајк Брајан беа примени во Меѓународната тениска куќа на славните.
Сепак, најголемо внимание на церемонијата го привлекоа две тениски легенди – Марија Шарапова и Серена Вилијамс. Познато е дека тие не беа во добри односи, па затоа љубителите на тенисот беа доста изненадени кога Серена одржа говор во чест на Русинката.
Не беше обичен говор, туку лавина комплименти и пофалби за Марија Шарапова.
„Во 2004 година, кога Марија имаше 17 години, таа го воодушеви светот и го освои Вимблдон. До ден-денес таа го нарекува тој момент врвот на својата кариера.
За мене, тоа е еден од моите најтешки порази. Тој натпревар не само што го одлучи шампионот туку ја направи Марија ѕвезда и почна едно од најконтроверзните соперништва во тенисот“, рече таа додавајќи: „Тензијата беше вистинска, огнот беше вистински и искрено можеше да се почувствува, можеше да се чуе, со целото мрморење на Марија“.
Фотографиите и видеата станаа вирални, а јавноста можеше да ги види двете убавици како се гушкаат.
View this post on Instagram
За посебниот ден Серена одлучи да ја покаже својата тенка фигура во небесносин фустан, а Марија, како вистинска дама, носеше долг бел фустан, кој го комбинира со бела наметка.
Се чини дека двете тениски ѕвезди ги закопаа секирите и сега живеат во хармонија.
фото: принтскрин
Забава
Иконата на 90-тите го прослави 55-тиот роденден во костим за капење: времето застанало…

Клаудија Шифер го поминува летниот одмор во Грција, од каде што ги почасти своите следбеници и обожаватели со серија фотографии со порака за роденден.
Германскиот супермодел и едно од најпознатите лица на модните писти на сите времиња, Клаудија Шифер, го прослави својот 55-ти роденден и по тој повод објави неколку фотографии, на кои ги покажува својата завидна фигура и препознатливото лице во средината на педесеттите години.
View this post on Instagram
Познатата русокоса позира покрај базенот во бел, елегантен и романтичен едноделен костум од „Клое“, со цена од 690 евра.
View this post on Instagram
Костимот за капење има длабоко деколте и набори на горниот и на долниот дел, што му даваат доза романтика, а Клаудија го комбинира со кафеави очила за сонце и скап златен накит од истата марка.
View this post on Instagram
Нејзиното лице без шминка и препознатливата насмевка, кои красеа многубројни престижни насловни страници и модни писти, сè уште се нејзин заштитен знак.
View this post on Instagram
„Денес полнам 55 години, толку сум среќна што го славам мојот роденден радосна и здрава🎉!“, напиша Клаудија Шифер покрај објавата.
фото: принтскрин