Македонија
Вкупно 107 регистрирани заболени од новиот грип
Вкупно 107 лабораториски потврдени случаи на заболување од новиот пандемскиот грип А/H1N1 се регистрирани од крајот на јуни заклучно со 9. ноември.
Вкупно 107 лабораториски потврдени случаи на заболување од новиот пандемскиот грип А/H1N1 се регистрирани од крајот на јуни заклучно со 9. ноември. Како што соопшти Институтот за јавно здравје, најголем оброј од заболените лица (91 или 85%) се жители на Скопје, а само поединечни случаи се регистрирани во Кочани (2), и по еден во Куманово, Штип и Струга. Меѓу потврдените случаи на заболување од пандемски грип во Македонија, 11 лица се странски државјани со привремен престој во земјава. Најголем број од заболените се млади лица – ученици на возраст од 16 години (10,3%) и 17 години (10,3%). На возрасната група од 10-24 години отпаѓаат дури 68,2% од лабораториски потврдените случаи. Ученици, пред сé во средните, а потоа и во основните училишта се вкупно 38 од потврдените случаи (околу 35% од заболените), при што случаи на заболување се регистрирани во седум средни и во четири основни училишта на територијата што ја покрива Центарот за јавно здравје – Скопје. Најголем број заболени ученици 21, се од средното угостителско училиште “Лазар Таневски” од Скопје. Сите заболени со исклучок на еден биле на екскурзија во Кушадаси, Турција и заболеле по враќањето. Во моментот во лабораторијата за вирусолошка дијагностика во Институтот за јавно здравје, за лабораториско тестирање чекаат 39 земени материјали од сомнителни случаи на пандемска инфлуенца А/H1N1. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и од Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Бранко Заревски. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови
Облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Николоски со Караџов и Маринеску во Брисел: Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, Мариан-Жан Маринеску, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран, како и Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница.
На средбата се разговараше за регионалните инфраструктурни проекти кои го потикнуваат рагионалниот развој и економија.
Николоски информираше дека законот за ратификација на Договорот потпишан на 6 ноември 2025 година наскоро ќе биде ратификуван во Собранието.
Николоски ги запозна соговорниците и дека на техничко ниво директорите на двете железнички претпријатија заеднички почнуваат со подготовка за апликација за финансирање на проектот за тунелот.
Тој потенцира дека се очекува во месец декември или јануари да биде објавен тендерот за третата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија.
Работната агенда на вицепремиерот Николоски продолжува и утре каде ќе учествува на Самитот на министри за транспорт на земјите од Западен Балкан и министри од Европската Унија.

