Спорт
Три нови светски рекорда во Москва
Три светски рекорди беа срушени во втората половина од Светскиот куп во пливање кој се одржуваше во Москва. Русинот Евгениј Коротишкин постави нов рекорд на 100 метра пеперутка на последниот ден од Светскиот куп во Москва,
Три светски рекорди беа срушени во втората половина од Светскиот куп во пливање кој се одржуваше во МоскваРусинот Евгениј Коротишкин постави нов рекорд на 100 метра пеперутка на последниот ден од Светскиот куп во Москва, со што го подобри светскиот рекорд во истата дисциплина кој веќе 5 години го држеше сега веќе пензионираниот американски пливач Јан Крокер. Новиот рекорд сега изнесува 48.99. Џорџ Ду Ранд од Јужна Африка го исплива својот прв рекорд во својата кариера на 200 метри грбно, подобрувајќи го претходниот на австриецот Маркус Роган за 76 стотинки, па сега новиот рекорд изнесува 1.47.08.Џесика Харди си го подобри сопствениот рекорд на 50 метри градно и сега тој изнесува 29.36.Првите три места во вкупниот пласман во Москва се: Питер Маршал од САД, со освоени 47 поени, Роланд Шојман од Јужна Африка на второто место со освоени 45 поени и на третото место се наоѓа Камерон Ван Дер Бург исто така од Јужна Африка со 41 поен.Кај дамите води Џесика Харди со 85 поени пред Тереза Алшамар со 78 и Мариеке Гуерер од Австралија со 56 поени.Следните натпреварувања од Светскиот куп се закажани за 14-15 ноември во Берлин, и за 21-22 ноември со Сингапур. /крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Во Турција приведени 17 судии и претседател на фудбалски клуб
Откако минатата недела беше откриено дека голем број турски фудбалски судии биле вмешани во обложување на фудбалски натпревари, обвинителите побараа апсење на 21 лице, вклучувајќи 17 судии и неименуван претседател на клуб од премиер лигата.
Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул објави дека 17 судии се осомничени за занемарување на своите должности и манипулирање со резултатите од натпреварите, а претседателот на клуб од првата лига за местење резултати. Досега, 18 од 21 осомничени се приведени, објави новинската агенција Анадолу.
Истрагата на Турската фудбалска асоцијација откри дека 371 од 571 активни судии во турските професионални лиги имаат сметки за обложување, а дека 152 активно учествуваат во обложување.
Претседателот на Турската фудбалска асоцијација, Ибрахим Хачиосманоглу, го нарече ова морална криза во турскиот фудбал. Исто така, по откривањето на аферата, Турската фудбалска асоцијација веднаш суспендираше 149 фудбалски судии и нивните помошници.
Foto/ EPA
Спорт
Анчелоти: Го изгубивме интересот за Лигата на шампионите
Карло Анчелоти е легенда на Лигата на шампионите и европскиот фудбал. Елитното натпреварување го освои со Милан и Реал Мадрид. Од минатото лето тој е селектор на фудбалската репрезентација на Бразил.
Во разговор со италијанските медиуми, тој беше доста остар кон челниците на Лигата на шампионите и европскиот фудбал, смета дека проширувањето на Лигата на шампионите влијаело на недостатокот на квалитет во самото натпреварување.
„Гледајќи ја другата страна од светот, Лигата на шампионите секогаш ги има истите фаворити. Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Сити и Баерн. Во овие први неколку кола видовме натпревари со големи маргини. Сензационалните резултати нè натераа да го изгубиме интересот“, рече Дон Карло.
Впечаток е дека Анчелоти смета дека европскиот фудбал се движи кон профитот, а не кон квалитетот.
„Оваа прва фаза беше продолжена за да се гледа поинтересен фудбал, но не е баш така, испадна поинаку. Мораме да го прифатиме тоа“, рече Анчелоти.
Спорт
Не оди без Харден и Ленард – ЛА Клиперс поразени во Феникс
Феникс Санс забележаа победа над ЛА Клиперс 115:112, во единствениот натпревар одигран изминатата ноќ во НБА лигата.
Клиперси добро се држеа во текот на целото прво полувреме, во кое се играше „кош за кош“, но нивната игра се распадна во третиот период.
Играчите на Феникс ја добија третата четвртина со 40:23 и со тоа повеќе или помалку го решија прашањето за победникот, бидејќи имаа +14 кога влегуваа во последната четвртина, а +22 не долго потоа.
Најдобар од победниците беше Девин Букер со 24 поени, шест скока и седум асистенции, а повратникот Џејлен Грин беше одличен со 29 поени.
На другата страна, најмногу се истакна хрватскиот центар Ивица Зубац со 23 поени и 11 скока. Кам Кристи постигна 17, а Џон Колинс 13 поени, а Богдан Богдановиќ 12 поени. За Клиперс не играа двајцата најдобри Харден и Ленард.

