Спорт
Атанас Николовски го воодушеви светот
„Презадоволен сум од мојот резултат, по трката добив честитки од поранешни светски и европски шампиони. Сите тие беа воодушевени од моето „нестандардно “ возење“, рече Атанас Николовски, кајакарот на диви води, кој во неделата на СП во Љубљана, на реката Тацен го освои седмото место.
„Презадоволен сум од мојот резултат, по трката добив честитки од поранешни светски и европски шампиони. Сите тие беа воодушевени од моето „нестандардно “ возење“, рече Атанас Николовски, кајакарот на диви води, кој во неделата на СП во Љубљана, на реката Тацен го освои седмото место.
„Само јас и сега актуелниот светски првак Даниеле Моменти од Италија возевме со таков стил. Повеќето кајакари на диви води последните четири-пет години возат по некои востановени стандарди, или поточно копираат стилови“, рече на денешната прес конференција Николовски.
Со најдобар резултат во полуфиналето, Атанас Николовски, се пласира за финалната трка. Во финалето, на половина од патеката тој имаше резултат за сребрен медал, но заработи шест казнени секунди и на крај се позиционира на седмото место.
„Најтешкиот дел во Љубљана беа квалификациите бидејќи имате 100 кајакари на стартот кои треба да ги победите. Во квалификациите бев на граница на испаѓање, во полуфиналето немав што да загубам и со мирно возење се најдов во ситуација да се борам за медал. Во финалето немав никаква трема, бев подготвен за освојување на едно од трите места на подиумот. Без казнените секунди ќе завршев како четврти, треба да го анализирам моето возење, да видам да ли грешката беше моја или едноставно налетав на „лоша“ вода“, вели Николовски.
За остварен врвен резултат на светско ниво законот за спорт на Република Македонија предвидува добивање на спортска стипендија.
„Николовски во наредните четири години ќе добива месечна стипендија во износ од две просечни плати, или околу 40.000 денари. Ова треба да биде доволна стимулација тој дополнително да работи на себе“, рече првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов.
Основна работа на која Атанас сега треба да се фокусира е обезбедување на олимписка норма, со која би ја продолжил традицијата на настап, на македонските кајакари на диви води на најголемиот светски спортски собир. Следната година е предолимписка во пресрет на ОИ во Лондон во 2012 година.
„Николовски е бисер на Македонскиот спорт. Македонскиот олимписки комитет и Агенцијата за млади и спорт имаат цврст договор за координација и ние ќе сториме се за да му помогнеме на Атанас да има нормални подготовки“, вели претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски.
До ОИ во Лондон има нешто повеќе од 17 месеци, период во кој ќе се анализира возењето во Љубљана, но и период во кој Николовски го очекува напорна работа за остварување на конечната цел.
„Резултатот треба да биде исклучителен мотив за Лондон и следната предолимписка година. Овој резултат треба да им биде мотив и на другите млади спортисти, дека со поддршка и напорна работа можат да се постигнат врвни резултати“, смета претседателот на Кајак федерацијата на Македонија, Лазе Поповски.
На прес конференцијата, Поповски, информира дека и понатаму ќе работи на развивање на кајакарскиот спорт во Македонија. На СП од челниците на светската кајак федерација, тој побарал поддршка за организирање на натпревари од Светската серија во Македонија.
Поповски најави и дека Македонија ќе ја истакне својата кандидатура за добивање на организацијата на ЕП за јуниори во кајак на диви води, кое треба да се одржи во 2014 година. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ф1 се враќа во Португалија
Од 2027 година, Португалија ќе се врати во календарот за трки на Формула 1.
Трките ќе се возат на патеката Алгарве, во близина на Портимао, која беше домаќин на две Гран При трки за време на пандемијата ковид-19, во 2020 и 2021 година.
Португалија практично ќе ја замени Големата награда на Португалија, која ќе се одржи на патеката Зандворт за последен пат следната година.
Патеката Портимао е долга околу 4,65 км, се протега на ридест терен и е високо ценета поради предизвиците што им ги поставува на возачите.
Се наоѓа во рурална област северно од брегот и исто така има репутација како патека со проблематичен пристап.
„Многу сум задоволен што Портимао се враќа во календарот на Формула 1 и што спортот продолжува да ја поттикнува страста на нашата неверојатна португалска база на фанови“, рече претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали.
„Патеката нуди возбудувања од првата кривина до целта, а нејзината енергија ги крева фановите на нозе. Интересот и побарувачката за домаќинство на Големата награда на Формула 1 се поголеми од кога било досега“, додаде шефот на Ф1.
Луис Хамилтон ги освои претходните две трки, возејќи за Мерцедес.
Неговата победа во 2020 година го направи апсолутен рекордер по бројот на победи во трките во Формула 1, бидејќи го надмина рекордот на Михаел Шумахер од 91 победа.
Новата сезона во Ф1 започнува на 8 март 2026 година, со нови правила и нови тимови.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Флег рекордер на Далас, собори и рекорд на Леброн Џејмс
Кошаркарите на Јута Џез ги победија Далас Маверикс по продолжение со 140:133 на домашен терен, во НБА лигата.
Натпреварот го обележа, првиот пик на драфтот, Купер Флег, кој постигна рекордни 42 поени со седум скока и шест асистенции, што е негов рекорд во кариерата.
Флег, стана најмладиот играч во историјата на Мавс кој постигнал најмалку 40 поени во еден натпревар.
Тој исто така постигна најмногу поени, како играч помлад од 18 години, надминувајќи го рекордот на Леброн Џејмс од 2003 година од 37 поени.
Сепак и покај брилијантниот натпревар што го одигра Флег, Далас не успеа да победи во Солт Лејк Сити.
Од друга страна, Јута до победата ја предводеше Кејонте Џорџ со 37 поени со пет скока и шест асистенции, ова беше негов втор најдобар настап во НБА.
Foto/ LaPresse
Спорт
Селекторот на Шкотска: Навивачи, немојте да се задолжувате за да одите на Светското првенство
Селекторот на Шкотска, Стив Кларк, ги повика навивачите да не се задолжуваат за да го следат тимот на претстојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико.
Се очекува осум проценти од билетите да им бидат достапни на навивачите на Шкотска за натпреварите против Хаити и Мароко во Бостон и против Бразил во Мајами, во групната фаза на Светското првенство. Шкотската фудбалска асоцијација изрази надеж дека бројот на билети за шкотските навивачи ќе се зголеми.
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) беше критикувана поради прескапите билети за турнирот, кој ќе се одржи од 11 јуни до 13 јули 2026 година. И селекторот на Шкотска смета дека билетите се скапи.
„Ќе биде скапо. Но, секако е скапо да се оди во Америка. Билетите се скапи. Ако можете да одите таму, ако можете да си дозволите да одите таму, тоа е фантастично, но не се задолжувајте премногу за да одите. Тоа е турнир на ФИФА, тие одлучуваат што ќе одлучат“, изјави Кларк за Би-Би-Си Шкотска.
Цените на билетите за натпреварот против Хаити ќе бидат 134, 298 и 372 фунти, додека за натпреварот против Мароко ќе чинат 136, 320 и 447 фунти.
Цените на билетите за дуелот со петкратниот светски шампион Бразил, на 24 јули се 198, 373 и 523 фунти. Шкотската асоцијација доби 3.736 билети за тој натпревар.
Кларк рече дека се надева оти навивачите „кои патуваат на далечни места“ ќе можат да добијат билети по прифатливи цени бидејќи „заслужуваат да бидат таму“.
Foto/ depositphotos

