Политика
СДСМ поднесе 21 кривична пријава против 17 сторители
СДСМ, во четврток, поднесе 21 кривична пријава против повеќе од 17 сторители на кривични дела против изборниот процес, а се базираат на наводно прислушувани разговори, кои во последно време ги објавува опозицијата.
СДСМ, во четврток, поднесе 21 кривична пријава против повеќе од 17 сторители на кривични дела против изборниот процес, а се базираат на наводно прислушувани разговори, кои во последно време ги објавува опозицијата.
„Кривичните пријави коишто ги поднесовме до Обвинителството опфаќаат: злоупотреба на службена положба и овластување, злоупотреба на лични податоци, присилба, предизвикување на општа опасност, фалсификување на исправи, противзаконско посредување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата за определување за време на изборите, повреда на тајноста на гласањето и злоупотреба на средства за финансирање на изборната кампања. Сите тие 21 кривична пријава, базирани само на доказите коишто ги доставивме и до јавноста, за криминал за време на изборите, се веќе во Обвинителството“, рече Радмила Шекеринска, заменик претседател на СДСМ.
Таа повтори дека не веруваат во објективноста, професионалноста и независноста на правосудниот систем во Македонија, но дека поднесувањето на кривичните пријави го прават со цел да покажат дека ги почитуваат Уставот и законите.
На новинарско прашање, дали ќе имаат ефект кривичните пријави, Шекеринска вели дека илузии немаат, и дека не очекуваат преку ноќ Обвинителството или некои други институции сами од себе да се ослободат.
„Меѓутоа ние мора да го направиме нашиот дел од задачата, нашиот дел од одговорноста, да ги поднесеме пријавите. Тие се пишан траг. Тие се и ќе станат одговорност на некои луѓе со име и презиме. Ги повикавме многуте професионалци, кои исто така работат во различни институции во државата, да им кажат не“, рече Шекеринска
За тоа што Јавното обвинителство испрати соопштение за меѓународни правни експерти, таа вели дека „првиот чекор за да имаме елементарно пристојна постапка е овој обвинител, за кој веќе има докази дека е дел од владината структура за контрола на процесите, мора да даде оставка. Мора да даде оставка и човекот одговорен за одделот за организиран криминал кој е инаку близок роднина на човек кој учествувал и го аминувал прислушувањето, Мијалков. После тие две оставки има шанси обвинителството да се ослободи од притисокот. И во тој случај, секако и меѓународно вмешување, меѓународно мониторирање, меѓутоа сериозно, со јасен мандат, тоа ќе биде само плус“.
За молкот на Претседателот на државата, Шекеринска вели дека бил очекуван и срамен.
„Власта излезе со серија на смешни лаги, тој не собра сила дури ни да го свика Советот за безбедност, а замислете, неговите први соработници тврдат дека овдека ровареле странски служби. Тоа покажува дека дури ни Иванов не верува во лагите на Груевски“, рече Шекеринска.
За загриженоста на МАНУ за политичката ситуација во земјава, Шекеринска вели дека веќе нема граѓанин во Македонија кој не е загрижен за состојбата.
„Она што очекуваме од сите одговорни и загрижени граѓани на Република Македонија е да се обидеме ваквата ситуација да ја промениме и да кажеме дека ова не е Македонија која граѓаните ја посакуваат. Македонија во која секој граѓанин треба да се плаши бидејќи човековите права се газат, бидејќи судството функционира под диктат, бидејќи институциите се претвориле во партиски штабови на ВМРО-ДПМНЕ“, додаде Шекеринска./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ
На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.