Спорт
Евролига: Порази на Мекејлеб и Илиевски
Екипите на Барселона и ЦСКА Москва победија во дерби средбите кои се одиграа во рамките на четвртото коло во кошаркарската Евролига.
Екипите на Барселона и ЦСКА Москва победија во дерби средбите кои се одиграа во рамките на четвртото коло во кошаркарската Евролига. Барселона во рамките на Д групата го доби дербито со Монтепаски Сиена, за која настапува Лестер Бо Мекејлеб. Во поразот на својот тим од 75:92, Мекејлеб постигна 20 поени со извонреден процент на реализација (2/3 за еден поен, 6/7 за два и 2/2 за три поени). Мекејлеб на паркетот мина речиси 29 минути, а подобар кошгетерски скор од македонскиот репрезентативец имаше само крилниот играч на Барселона Чак Едсон кој уфрли 22 поени. Покрај Мекејлеб, пораз во оваа евролигашка рунда забележа и вториот македонски репрезентативец Владо Илиевски. Анадолу Ефес во рамките на Ц групата загуби на домашен терен од Макаби со 72:79. Поради одлуката на тренерот на Анадолу Ефес, Уфук Сариџа, Илиевски ги одигра последните 16 минути од натпреварот, мечот го заврши со 2 поени, 3 асистенции и 2 украдени топки. Во оваа Ц група Шарлроа загуби од Армани со 76:81, додека Партизан во инфаркт завршница, во Белград го победи Реал со 80:79. Екипата на ЦСКА Москва ја истакна кандидатурата за освојување на титулата, откако во Атина, по продолжението, го победи актуелниот шампион Панатинаикос. Шискаускас со 14 и Крстиќ си 13 поени ја предводеа ЦСКА до победата од 78:76, во регуларниот дел натпреварот заврши 71:71. Во оваа Б група уште Жалгирис го совлада Бамберг со 81:70. Во единствениот натпревар во А групата Нанси ја совлада Каха Лаборал со 90:85. крај/макфакс/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ејбрахам и дебитантите на Милан ја елиминираа Рома
Фудбалерите на Милан ја совладаа Рома со 3:1 и се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија.
На Рома и пресуди поранешниот фудбалер, Тами Ејбрахам, која постигна два гола во првото полувреме.
Англискиот напаѓач погоди во 16. и 42. минута, а две асистенции запиша капитенот Тео Ернандез.
Надеж на „волчицата“ и даде Арттем Довбик со гол во 54. минута, но во 72. минута, дебитантите во дресот на Милан ставија точка на натпреварот.
Сантијаго Хименез му асистираше на Жоао Феликс, кој го постигна третиот гол за Милан.
Противник на Милан во финалето ќе му боде победникот од дулот Лацио – Интер.
Спорт
(Видео) Дебитантот Гарсија во 93.минута го однесе Реал во полуфиналето на Купот
Реал Мадрид победи со 3:2 кај Леганес во четвртфиналето во Купот кралот. Реал имаше 0:2, на крајот во 93.минута с голот на дебтантот Гонзало Гарсија, напаѓач на Б тимот на Реал избори пласман во полуфиналето.
Гостите поведоа преку капитенот Лука Модриќ, кој погоди во 18. минута на асистенција на Родриго. Ова беше трет гол за Модриќ сезонава, а има и пет асистенции. Седум минути подоцна Ендриг ја зголеми предноста на Реал.
Леганес сепак успеа да се врати во мечот. Двоен стрелец беше напаѓачот Хуан Круз. Најпрвин во 39. минута погоди од пенал, а потоа во 59. минута по убав потег го израмни резултатот.
Гонзало Гарсија, напаѓачот на Б тимот му донесе победа на Реал Мадрид во драматичен натпревар. Гарсија со глава на асистенција на Брахим Дијаз во 93. минута го однесе Реал во полуфиналето.
Во вторникот, место во полуфиналето си обезбеди Атлетико Мадрид, со убедливата победа (5:0) над Хетафе.
Утре четвртфиналните натпревари ќе ги одиграат Валенсија и Барселона, односно Осасуна и Реал Сосиедад.
Спорт
(Видео) Њукасл повторно го победи Арсенал – „Страчките“ ќе се борат за пехарот во Лига купот
Њукасл со вкупен резулта 4:0 го елиминира Арсенал и се пласира во финалето во Лига купот на Англија. По победата во Лондон 2.0, пред еден месец, „страчките“ со идентичен резулта славеа и на домашен терен. „Страчките“ прв пат по 1955 година ќе се борат за трофеј во англискиот фудбал.
И во реваншот Њукасл одигра одличен натпревар. Црно-белите беа агресивни на стратот, а Исак уште еднаш покажа дека е во фантастична форма.
Не постигна гол, но несомнено беше во центарот на вниманието. Најпрво Швеѓанецот во четвртата минута и побегна на одбраната на Арсенал и со прецизен удар од 16 метри го совлада Раја. Судиите потоа долго време ги гледаа снимките од ВАР и цртаа линии кои покажаа дека Исак бил во офсајд.
Сепак, Њукасл поведе во 19. минута, кога Исак повторно лесно ја избегна одбраната на „топчиите“, овојпат шутираше дијагонално од левата страна, ја погоди стативата, топката се одби до Марфи, кој ја испрати одбиената топка во мрежата.
Гостите се бореа, имаа една добра шанса за израмнување, но Тросар не ја искористи во 24. минута Дубравка го одбрани ударот и ја испрати топката во корнер.
Натпреварот дефинитивно беше решен на стартот од вториот дел. Гордон најпрвин имаше шанса по лошата реакција во одбраната на Арсенал, во 49.минута, но не беше прецизен.
Слична ситуација се повтори и три минути подоцна, голема грешка направи голманот Раја, а 23-годишниот напаѓач го казни неговиот кикс.
Њукасл во финалето ќе игра против победникот од второто полуфинале во кое играат Тотенхем и Ливерпул. Во првиот меч во Лондон, Спарс победија со 1:0, реваншот е закажан на „Енфилд“ во четврток од 21 часот.