Свет
Ким Јонг-ил во посета на Кина, прва по четири години

Специјалниот воз на севернокорејскиот претседател Ким Јонг-ил влезе во Кина, што веројатно би можело да биде првото негово патување надвор од земјата во последните четири години.
Специјалниот воз на севернокорејскиот претседател Ким Јонг-ил влезе во Кина, што веројатно би можело да биде првото негово патување надвор од земјата во последните четири години. Патувањето се случува во моментите кога растат тензиите на Корејскиот полуостров. Напнатоста нарасна бидејќи Јужна Кореја во моментов ги разгледува начините како да одговори на неодамнешниот инцидент во кој потона еден нејзин воен брод, а животот го загубија 46 морнари. Сеул го обвинува северниот сосед дека го извел нападот, најтешкиот уште од завршувањето на војната меѓу двете Кореи, водена од 1950 до 1953 година, јавуваат агенциите. Јужнокорејската агенција Јонап наведе неименувани извори кои потврдуваат дека возот на претседателот на Северна Кореја рано утринава влегол во кинескиот пограничен град Дандонг. Според Јонап, возот оди кон градот Далијан, на истокот на Кина, а потоа веројатно ќе се упати кон Пекинг. Претседателот на изолираната комунистичка Северна Кореја многу ретко ја напушта земјата. Последен пат тој ја посети токму Кина во 2006 година. Американските медиуми јавуваат дека посетата на Ким Јонг-ил може да значи дека Пјонгјанг се враќа на прекинатите меѓународни шестрани преговори за неговата нуклеарна програма./крај/инх/ир
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Северна Кореја гради бариери на границата со Јужна Кореја

Северна Кореја ја информираше Командата на Обединетите нации (УНК) во Јужна Кореја под команда на Соединетите Американски Држави за своите планови за изградба на бариери во рамките на границата меѓу Северна и Јужна Кореја.
Како што објави Министерството за одбрана на Јужна Кореја, Северна Кореја информираше дека продолжува да гради бариери и огради од бодликава жица на својата страна од демилитаризираната зона, објавува Јонхап.
Од април минатата година, Северна Кореја распореди војници во близина на воената демаркациска линија во демилитаризираната зона за да поставуваат мини, да поставуваат противтенковски бариери и да ги зајакнуваат оградите од бодликава жица, откако лидерот на земјата Ким Џонг Ун ги опиша меѓукорејските врски кон крајот на 2023 година како односи меѓу „две држави кои се непријателски расположени една кон друга“.
РЕ-Дигитал
Tрамп тврди дека има купувач за „Тик-ток“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека пронашол купувач за апликацијата „Тик-ток“ во таа земја.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп рече дека пронашол група многу богати луѓе како потенцијален купувач за „Тик-ток“, чиј идентитет ќе го открие за околу две недели, пренесува „Ројтерс“.
На 18 јуни, Трамп по трет пат ја одложи забраната за апликацијата „Тик-ток“ во Соединетите Американски Држави, додека чека нејзиниот сопственик, кинеската компанија „Бајт денс“ да ја продаде социјалната мрежа.
Свет
Иран: Коментарите на Трамп за Хамнеи се навредливи и недостојни

Министерството за надворешни работи на Иран ги осуди коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп упатени до врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, и народот на Иран, оценувајќи ги како навредливи и недостојни, објавија иранските медиуми.
Се вели дека коментарите на Трамп „длабоко ги повредуваат чувствата на стотици милиони муслимани во регионот и низ целиот свет“, објави Иран Интернешнл.
Министерството процени дека коментарите на Трамп само ќе ja зголемат одвратноста и омразата „кон кратковидата политика на Америка и дополнително ќе ги дискредитираат нејзините тврдења за барање дијалог“.
Трамп во петокот изјави дека Хамнеи дал глупава изјава кога се заканил дека повторно ќе ги нападне американските сили во регионот откако Иран нападна американска база во Катар како одговор на бомбардирањето на нуклеарните постројки на Иран.