Свет
На „Нултата точка“ одбележана десетгодишнината од 11-ти септември 2001

Со свечената комеморација во неделата во Њујорк им е одадена почест на трите илјади жртви во терористичките напади кои пред десет година на 11-ти јуни се случија во Њујорк.
Со свечената комеморација во неделата во Њујорк им е одадена почест на трите илјади жртви во терористичките напади кои пред десет година на 11-ти јуни се случија во Њујорк.На оваа церемонија присуствуваа претседателот на САД Барак Обама и неговиот претходник на функцијата во времето на смртоносните напади на Америка, Џорџ В. Буш. Почеста на жртвите им беше оддадена со минута молчење точно во 8.46 часот по локално време, кога беше нападнат првиот солитер од Светскиот трговски центар (WTC), и вторпат во 9.03 часот, во времето на нападот на вториот солитер.Во близина на местото на кулите што се урнаа во лавина од оган, стопен челик и прав, сега е градилиште на кои по два члена од семејствата на жртвите видно потресени ги читаа имињата на сите 2,983 лица кои на 11-ти септември 2001 година загинаа во Њујорк, Вашингтон и Шанксвил. „Господ е нашата крепост и нашата сила, помошни подготвен во неволја“, прочита претседателот Обама дел од Библиските псалми,.На церемонијата, покрај двата претседатела и членовите на семејствата на жртвите, учествуваа и градоначалниците на Њујорк,актуелниот Мајкл Блумберг и поранешниот Руди Галијани и гувернерите на Њујорк и Њу Џерси. Како што пренесуваат агенциите, Лора Буш, сопругата на поранешниот претседател Џорџ В. Буш. Плачеше додека се читаа имињата на загинатите. Семејствата на жертвите во неделата првпат го видоа ликот на меморијалниот центар посветен на 11-ти септември, со два големи базена и најголемите вештачки водопади во САД, на местото каде што некогаш се издигаа кулите на Светскиот трговски центар. На бронзените плочи околу рабовите на базените се вдлабени имињата на жртвите од овој напад, како и имињата на шесте жртви убиени во истото место во терористичкиот напад осум години порано. Во Њујорк и натаму на сила се мерките на зголемена безбедност поради непотврдените информации за можен планиран напад на Ал Каеда токму на одбележувањето на нападот од пред десет години./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски: Подготвени сме на Америка да ѝ понудиме дронови во замена за „Томахавк“ ракети

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
На прашањето дали таков договор би го интересирал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговори: „Да, би нè интересирал. Во моментов имаме многу дронови – ги произведуваме сопствените, но купуваме и од други, а Украинците произведуваат многу добри дронови.“
Трамп беше прашан и што мисли за тоа Украина да употребува ракети за напад подлабоко во Русија. „Ќе разговараме за тоа“, рече тој.
„Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа“.
Украина бара од САД да испорачаат ракети „Томахавк“ кои можат да погодат цели на оддалеченост од речиси 2.000 километри.