Свет
Мексико: Драстични мерки и помош против свинскиот грип
Мексико издвои 450 милиони долари за борба против свинскиот грип, додека најновите податоци говорат дека се поголем е бројот на починати и заразени.
Мексиканското Министерство за финансии деблокирало 450 милиони долари за борба против свнскиот грип, а парите ќе бидат искористени и за „епидемиолошки надзор, медицинска нега, како и за потребна опрема”.Досега под медицински надзор во Мексико се ставени 1.324 болни лица.Овој месец, како последица од грипот во Мексико починале најмалку 81 лице, изјави денеска мексиканскиот министер за здравство Хозе Ангел Кордова. Постојат сомневања дека над 1.300 луѓе се заразени со вирусот, за кој што светските здравствени експерти предупредуваат дека би можел да прерасне во пандемија.Група американски експерти допатуваа во Мексико, кои ќе работат заедно со мексиканските здравствени власти за уништување на свинскиот грип.Мексиканските власто донесоа одлука за затворање на сите училишта во Мексико Сити и околината, а има наредба и за изолација на болните лица заразени со вирус на свински грип или на оние пациенти кои покажуваат симптоми на вирусот.Во Мексико Сити, метропола со 20 милиони жители, војската дели хируршки маски, а откажани се и сите концерти и фудбалски натпревари.Опасната болест се шири и надвор од границите на Мексико, а забележани се првите случаи на заразени од грип во САД и во Велика Британија.Група ученици од Нов Зеланд, кои престојувале во Мексико, по враќањето од патувањето се ставени во карантин, затоа што почувствувале симптоми на грип.Тројца наставници и 22 ученици од училиште во Окланд вчера се вратиле во Нов Зеланд по тринеделен престој во Мексико.Резултатите од испитувањето до крајот на овој ден ќе покажат дали се работи за свински грип, изјави портпаролот на новозеландското Министерство за здравство
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полска: Времето за разговор со Путин ќе дојде, но не сега
Полска предупреди дека Европската Унија не треба избрзано да ги обновува дипломатските канали со рускиот претседател Владимир Путин, нагласувајќи дека секој иден контакт со Москва мора да се води исклучиво преку институциите на Унијата.
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави во Брисел дека ЕУ веќе има јасна контакт-точка со Русија преку високата претставничка за надворешна политика Каја Калас и дека не треба да се создаваат нови механизми или посредници кои би можеле да го ослабат притисокот врз Кремљ.
„ЕУ веќе има свој глас. Тоа е Каја Калас“, рече Сикорски, додавајќи дека секој разговор со Москва мора да биде цврсто втемелен во заедничката политика на ЕУ, а не во иницијативи на поединечни земји.
Тој оцени дека „времето за разговор со Путин ќе дојде, но тоа не е денес“, предупредувајќи дека Европа не смее да наседне на, како што рече, триковите на Кремљ.
Дебатата се отвори откако францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони ја споменаа можноста за обновување директни комуникации со Москва, речиси четири години по почетокот на војната во Украина.
Фото: Depositphotos
Свет
Руски научници открија голема коронална дупка на Сонцето
На Сонцето се формира голема коронална дупка, според најновите податоци од Лабораторијата за сончева астрономија на Институтот за вселенски истражувања на Руската академија на науките и Институтот за соларно-терестријална физика, објавија денес руските медиуми.
Според податоците на таа лабораторија, дупката е висока околу еден милион километри, објави агенцијата Интерфакс.
Како што е наведено, појавата на бројни коронални дупки на Сонцето започнала во првите месеци од минатата година, веднаш по врвот на сончевиот циклус што се случил помеѓу октомври и декември 2024 година.
Ова доведе до зголемување од 60 проценти на бројот на магнетни бури минатата година, соопштија научниците.
„Севкупно, зголемувањето на бројот на магнетни бури би можело да продолжи уште најмалку две години, приближно до 2028 година, по што треба да започне брзо опаѓање на сите видови сончева активност, што би довело до сончев минимум околу 2029 и 2030 година“, се наведува во извештајот на лабораторијата, пренесе руската агенција Танјуг.
Регион
Вучиќ: Не ја напаѓам ЕУ, туку ја штитам Србија, нема да бидеме понижени
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека е сигурен дека Србија ќе најде решение и ќе го забрза патот кон ЕУ, додавајќи дека не ги бојкотира членовите на Европскиот парламент, туку дека тие покажале големо непочитување кон земјата.
„Ја повикувам претседателката на Собранието повторно да го отвори дијалогот со невладиниот сектор, да разговараме за сè што е добро за земјата. Секако, не правете го она што директно е во спротивност со интересите на Србија, и тоа е мое барање“, изјави Вучиќ за „ТВ Пинк“.
„Мојот повик до г-ѓа Брнабиќ е да го повтори тој процес, да ги вклучи сите во тој процес“, додаде Вучиќ и нагласи дека се надева дека ќе се најде решение.
Запрашан за европратениците кои рекоа дека доаѓаат во Србија, иако разговорите со српските претставници не беа соодветно најавени, Вучиќ рече дека го бојкотира само Тонино Пицула.
„Ниту нè прашаа дали се добредојдени, ниту ни ги соопштија датумите, ќе беше убаво да прашаа дали претседателот е тука, а пред еден месец го закажаваа тоа. Не направија ништо од тоа, туку рекоа „тогаш ќе стигнеме“, а јас сè се договорив во Давос пред пет месеци“, истакна Вучиќ.
Во исто време, ги праша европратениците зошто не покажаа почит кон неговата земја, додавајќи дека тие, заедно со блокадерите, не сакаат дијалог.
„Ние сме на европскиот пат, но нема да бидеме понижени од некои европратеници, а моја работа е да го спречам тоа“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека е единствениот од регионот што е почестен и дека е најавен на бизнис форумот во Давос на исто ниво како и светските лидери.
„Сите доаѓаат во Давос и сите сакаат да бидат слушнати, а пред сè сакам да слушам и да присуствувам на сите настани што се организираат. Обично само еден претседател е таму цел ден, а тоа сум јас, од рано наутро до вечер, бидејќи немаме пари да плаќаме за скапи хотели. Се наоѓаме на околу 20 километри од центарот на настанот“, рече Вучиќ.

