Свет
Северна Кореа се подготвува за војна
САД се’ почесто го употребуваат терминот темпирана бомба кога мислат на Северна Кореа. Западот стравуа од тоа што не се знае кој таму го контролира нуклеарното оружје.
Откако е избран нивиот американски претседател Барак Обама, повеќето држави кои ја сочинуваа ткн. „оска на злото“ на Џорџ Буш, се обидуваат се обидуваат да почнат нови односи си САД. Само Северна Кореа продолжува да ја развива и тестира својата спорна неуклеарна технологија, тврдејќи дека станува збор за вселенска програма.„Ќе го казниме секој кој на кој и да е начинќе се ибиде да го спречи нашиот план за тестирање на комуникациските сателити“, беше последното официјално соопштение од Северна Кореа на информациите дека Вашингтон именуваат нов специјален претставник за неа кој треба да тргне во посета на регионот.Северна Кореа се смета за најзатворен политички систем денес во светоткоја има 24 милиони жители, од кои речиси милион и половина добро обучени војници кои живеат како повластена каста. Претпоставката е дека таа има силно атомско оружје, па секоја изјава која доаѓа од нејзиниот политички врв предизвикува загриженост кај соседните држави.Западот е се’ понервозен Меѓународните фактори сакаат да го неутрализираат ова високо ризично кризно жариште, но од почетокот на 2009 г. комунистичкиот врв на Северна Кореа дава се’ повоинствени изјави. Лансирањето на наводниот комуникациски сателит како што тврди Пјонгјанг, западните држави сметаат дека всушност претставува тестирање на ракетата од долг дострел Таеподонг 2. Стравот доаѓа од тоа што теоретси оваа ракета би можела да ја погоди Алјаска, а според некои проценку дури и Лос Анџелес. По престанувањето на преоворите во јануари на шесте држави од регионот и стапување на должност на новата американска администрација, обновени се напорите за намалување на недоразбирањата и тензиите во регионот. Северна Кореа само ја зголемува напнатоста провоцирајќи со најави за тестирање на нови атомски оружја. Западните држави, пак, засега се’ уште се трудат да дознаат кој всушност ги контролира опасните воени арсенали со кои располага Пјонгјанг, во инаку сиромашната држава. Омено од минатото лето се шпекулираше дека претседателот Ким Јонг Ил имал мозочен удар, па дури и дека починал. Но севернокорејската државан новинска агенција KCNA на крајот од јануари објави фоторафии на Ким Јонг Ил како наздравува со чашка алкохол на ручек со кинески функционери при нивна посета во Пјонгјанг. Како што коментираат западните медиуми, со фотографијата на Ким кој претходно во јавноста се немаше појавено десетина месеци, на која тој е помалку пијан но многу ослабен, севернокорајската власт сакала да испрати порака дека тој е во добра форма. Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја прекрши дотогашната табу тема во дипломатијата и за медиуми и при посетата на регионот коментирала она што се шпекулира во дипломатските кругови – што по сегашниот севернокорејски претседател?Запад стравува од севернокорејскиот воен врв?На прашањето за заменикот на Ким, што е важно за креирање на новата стратегија на западот кон Северна Кореа, се’ уште нема одговор. Хилари Клинтон во тој контекст изјавила дека смената на валста би можела да ги закомплицира нуклеарните преговори со Пјонгјанг.Комунистичкиот режим се обиде да ги демантира информациите дека претседателот Ким не е способен да управува со државата, лиферувајќи фоографии и снимки од него на различни церемонии. Новинските агенции на соседните држави тврдат дека најверојанто наследник на Ким ќе биде неовиот најмалд син Ким Јонг Ун. Јужнокорејската новинска агенција YONHAP, повикувајќи се на кинески извори тврди дека Јон Ун е веќе еден од регистрираните за изборите за народното сопбрание на Северна кореа кој ќе се одржат во недела на 8 март. Но аналитичарите на корејските односи сметаат дека Ким е нерешителен во одредувањето на свој наследник, што, пак, од друга страна го золемува стравувањето дека со Северна Кореа наместо некој од неговите синови, би можеле да завладеат воените команданти, односно некој од досегашните посилни политички фигури. Не е исклучено и дека во борбата за власт по Ким може да додје до внатрешни политичи судири. Тоа за држава која има атомско вооружување и ракети со долг дострел можеда претставува најопасно светско жариште и многу е тешко да се предвиди како ќе реагира воениот врв.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Избран е новиот врховен лидер на Иран
Иранското Собрание на експерти го избра Моџтаба Хосеини Хамнеи за нов врховен лидер на Исламската Република, објавува Иран Интернешнл.
Овој историски и клучен политички потег за иднината на земјата дојде само неколку дена откако неговиот татко, долгогодишниот ајатолах Али Хамнеи, беше убиен во разорен израелски воздушен напад рано наутро во саботата.
Моџтаба Хамнеи е најстариот син на убиениот врховен лидер и личност со исклучително длабоки корени во безбедносниот и воениот апарат на државата.
Уште како млад човек, тој активно учествувал во крвавата војна Иран-Ирак, борејќи се токму во редовите на Револуционерната гарда. Неговото влијание особено се зајакна кога го презеде оперативното водство на озлогласената паравоена организација Басиџ, милиција која одигра клучна и брутална улога во насилното задушување на масовните антивладини протести по спорните претседателски избори во 2009 година.
Неговото официјално назначување на највисоката верска и политичка позиција во земјата испраќа недвосмислена порака до Западот, но и до домашната јавност, дека иранското раководство не планира никакви отстапки или поумерени политики во наредните денови.
фото/Depositphotos
Регион
Вучиќ лут на граѓаните: „Отидоа да се сончаат во Дубаи и не ме слушаа што зборував“
Првиот авион со патници од Дубаи слета во Белград рано утрово, а вториот се очекува во текот на ноќта. Српскиот претседател Александар Вучиќ е лут на граѓаните кои, како што вели, не го послушале, иако немало официјално државно предупредување против патување на Блискиот Исток, пишува N1 Белград.
„Сите оние кои се сончаа во Дубаи и не ме слушаа што зборував сега ќе ги бараат виновниците во нас, кои им помагаат да се извлечат од сето ова“, рече српскиот претседател.
Првото враќање од Емиратите до Србија беше успешно, иако летот беше одложен за неколку часа и помина подолг пат преку Оман. Патниците ја опишуваат хаотичната ситуација.
„Никој не не контактираше. Неколку пати се јавив во амбасадата, но немаа информации. Бевме сами“, рече еден од патниците. Други додадоа: „Не излеговме ниту се движевме многу. Амбасадорот не посети и тоа беше тоа.“
Еден патник рече: „Беше хаотично и воопшто не беше безопасно. Никој не ни зборуваше, но ниту ние не го очекувавме тоа. Сè решивме во лет.“ Сите се согласуваат за едно: „Секој може да каже што сака, но ситуацијата не беше безопасна.“
Дека ситуацијата не беше безопасна потврдуваат и експертите кои го следеа летот. „Безбедносните услови за тој лет не беа добри. Само 25 минути по полетувањето, целиот воздушен простор на Емиратите беше затворен бидејќи Министерството за одбрана објави дека бараж од балистички ракети се движи кон Емиратите“, вели Петар Војиновиќ од порталот „Танго Сикс“.
Ситуацијата на терен е непредвидлива, но оние што живеат и работат во Емиратите ја доживуваат поинаку од туристите.
„Градилиштето работи, има повеќе сообраќај на улиците, трговските центри се отворени, Бурџ Калифа не е евакуирана. Фала му на Бога, сè е нормално“, вели агентот за недвижности Милан Станиќ.
ИТ експертот Милан Шариќ размислува слично: „Жал ми е за туристите, нивната ситуација е поинаква. Тие се на аеродромот, слушаат звуци, не ѝ веруваат на владата тука, а за нив сè е различно“.
фото/Depositphotos
Свет
Иран: Сè уште не сме го употребиле нашето најнапредно оружје
Иран е подготвен за долга војна против САД и Израел и сè уште не го употребил своето најнапредно оружје, соопшти денес иранското министерство за одбрана.
„Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивната одбрана подолго отколку што непријателот планираше за оваа наметната војна“, изјави портпаролот на министерството, Реза Талаеи-Ник, цитиран од официјалната новинска агенција ИРНА.
„Немаме намера да го распоредиме целото наше напредно оружје и опрема во првите неколку дена“, додаде тој.
Во меѓувреме, Револуционерната гарда вечерва објави дека испалила уште еден пламен од ракети кон Израел.
„Шеснаесеттиот бран на „Операција Вистинско ветување 4“ започна со голем број ракети и беспилотни летала лансирани од Воздухопловните сили на Револуционерната гарда кон срцето на окупираните територии“, се вели во соопштението, осврнувајќи се на Израел.
фото/Depositphotos

