Македонија
Иванов во Мостар: Брза евроатлантска интеграција за прогрес на целиот регион
NULL
Бавната евроинтеграција на целиот регион и ефектите од глобалната економска криза се клучните причинители за актуелната состојба на политички и економски план во сите земји од регионот.Ова е заклучокот од билатералните средби што попладнево ги одржа претседателот Ѓорге Иванов во Мостар со неговиот хрватски колега, Иво Јосиповиќ и Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Небојша Радмановиќ.„Заемен заклучок и на двете средби беше дека, единствена алатка која што може да ги придвижи општествата кон прогрес е брзата евроатлантска интеграција на целиот регион“ брифираат од Кабинетот на Претседателот.Хрватска е најнапред во овој процес и се очекува оваа година да ги затвори сите поглавја. Ова за претседателите е заеднички успех.Соговорниците на Иванов искажале интерес за актуелните политички и економски состојби во Македонија и го информираа македонскиот претседател за состојбите во Хрватска и во Босна и Херцеговина.На средбата било разговарано и за интересот на Македонија да се приклучи кон Јадранско – Јонската иницијатива. Оваа иницијатива се очекува годинава да биде поддржана од Советот на Европа со финансиска поддршка за конкретни проекти, најчесто од областа на животната средина и пристаништата. Во оваа иницијатива учествуваат сите земји од регионот кои излегуваат на море, Италија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Албанија. Србија е единствената земја која не излегува на море, а е членка на оваа иницијатива. Поради овие причини, Македонија е заинтересирана да се приклучи кон иницијативата, иако нема излез на море.Со оваа иницијатива моментално претседава Црна Гора, а од мај претседателството ќе го преземе Србија.„Ние земјите од регионот мораме да ја јакнеме економската соработка и да ги користиме бенефитите од ЦЕФТА договорот“ заклучиле соговорниците.Вечерва претседателот Иванов, на покана на хрватскиот претседател Јосиповиќ, учествува на манифестацијата „Вечерњи лист“ под мотото „Печат за Европа“. На оваа манифестација на Јосиповиќ ќе му биде доделена награда за најдобар политичар во регионот.Целта на дводневната посета на претседателот Иванов во БиХ е одбележувањето на седумгодишнината од трагичната смрт на претседателот, Борис Трајковски. За утре е најавена посета на Ротимље, местото на трагичната несреќа./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
По„Безбеден град“ следна фаза „Безбедна земја“, најави Мицкоски
„Граѓаните без исклучок сакаат да имаат помалку сообраќајни незгоди, и да има помалку жртви и последици од тие сообраќајни незгоди. Лага е дека „Безбеден град“ има етничка заднина, засега е имплементиран во Скопје, Куманово, Тетово и по коридорите 8 и 10. Анализите покажуваат дека три четвртини од прекршоците се направени во Скопје, но истовремено покажуваат и дека оние 110-150 илјади прекршоци, во овој тест период се намалени на 7-8 илјади“, посочи премиерот Христијан Мицкоски во Собрание, прашан за тужбата поднесена од Зијадин Села до Уставниот суд за проектот „Безбеден град“.
„Некои работи едноставно и искусни политичари како Зијадин Села дали намерно, свесно или несвесно се обидуваат да ги направат такви да не соодветствуваат со реалноста. Мислат дека ако излезат во јавноста со пораки, дали биле против една етничка група, во насока на друга етничка група, ќе добијат политички поени, а на тие поени и некаков политички легитимитет. Но, фактите го зборуваат спротивното, колку повеќе има вакви настапи, толку повеќе назадуваме во политиката и помалку поддршка се добива од граѓаните“, истакна Мицкоски.
Нагласувајќи дека ваков систем постои во речиси секоја европска метропола, Мицкоски откри дека следна фаза, по „Безбеден град“, ќе биде проектот „Безбедна земја“
„Следува следната фаза, „Безбедна земја“, со којшто границите ќе ги обезбедиме, ќе имаме систем за рано детектирање на пожари, да ги најдеме виновниците коишто прават таков тип на хибридни напади врз државата и врз граѓаните, веднаш да ги детектираме и извадиме пред лицето на правдата. Систем со којшто криминалците нема да ни бегаат преку граница откако ќе сторат криминал, туку ќе бидат веднаш препознаени, фатени, санкционирани и однесени таму каде што треба да бидат.
Тоа е суштината на одговорна Влада. И тоа се храбри потези во политиката. Не се храбри потези уставни измени или на сила менување имиња. Ова е храбар потег, којшто ќе донесе квалитет во животот на граѓаните и ќе спаси човечки животи, тоа е храбар потег по цена и на политичка штета. Тоа се храбри и истовремено државнички потези“, потенцираше Мицкоски.
Македонија
(Видео) Филипче најави тужба за Жан Митрев: Нема да дозволам лаги и бандитски напади врз мојата чест и углед
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање, денеска изјави дека случајот со Жан Митрев се темели на една голема лага и најави дека приватно ќе го тужи поради нарушување на честа и угледот.
„Ова сѐ се темели на една голема лага. Зошто? Ако Жан Митрев бил жртва на таков рекет како што кажува, што правел досега? Второ, зошто тој не поднесува тужба, туку обвинителство по допрен глас? Но, како и да е, нека ја завршат анализата итн., согласно одлуката, а после тоа откако ќе се утврди дека тоа не постои, јас немам никаква вина, ќе го тужам приватно за нарушување на честа и угледот“, рече Филипче.
Тој потенцираше дека за неговата чест и углед работел напорно и чесно, и нема да дозволи “бандитски работи да му ги нарушуваат честа и угледот“, што за него се најважни во животот.
Македонија
Брисел ги прифати барањата, возачите се признаени како професионалци, го решаваме проблемот со превозниците, објави Николоски
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека од Брисел пристигнале, како што вели, „одлични вести“ во врска со проблемите на македонските превозници.
„Само што добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е тоа што го баравме“, објави Николоски.
После протестите и силната офанзива изминатиот период, Брисе, додава тој, ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи.
Благодарам до сите пријатели на Македонија кои помогнаа со цел да се реши овој проблем!

