Свет
Пакистанските талибани одговорни за нападот во Њујорк
Пакистанските талибани ја преземаа одговорноста за обидот за крвав бомбашки напад на њујоршкиот Такмс сквер, со изјава објавена на исламистичка интернет страница
Во изјавата на Терик-е-Талибанк, како што се нарекуваат палестинските талибани, што ја пренесува Reuters се вели дека обидот за бомбашки напад бил одмазда за убиството на двајца исламисти и муслимански маченици/„Пакистанските талибани ја објавуваат својата одговорност за нападот во Њујорк како одмазда за двајцата челници ал-Багдади и ал-Мухаџир и муслимански маченици“, се вели во соопштението објавено на интернет страница која најчесто ја користат исламистичките радикали. Американските разузнавачки служби и сајтовите што ги следат активностите преку кои талибаните и Ал Каеда ги објавуваат своите пораки, засега не ја потврдуваат автентичноста на оваа изјава.Na 19-ти април во Ирак во ракетниот напад врз нивното засолништво во една куќа крај Тикрит, родниот град на егзекутираниот ирачки диктатор Садам Хусеин.беа убиени Абу Ајуб ал-Масри и Абу Омар ал-Багдади, се сметаа за главни луѓе на Ал Каедакои кои „до неодамна планираа и извршуваа терористички напади против Ирачаните и Американците, потенцијално е разорен удар за Ал Каеда во Ирак“, како што тогаш изјави американскиот потпретседателт Џозеф Бајден.Веќе следниот ден во градот Мосул беше убиен и Ахмад ал-Обеиди, воениот командант на Ал Каеда за ирачките покраини Нанива, Салахедин и Киркук.
Доцна синоќа на њујоршкиот Тајмс сквер беше откриено теренско возило преправено во автомобил бомба која не се активирала. Од пожарот што избил при неуспешното активирање на бомбата за која пиротехничарите велат дека била аматерски направена, беа евакуирани илјадници туристи и посетители на театрите и кино салите кои се наоѓаат во моментот на ова позната њујоршка локација.Пронајдената експлозивна направа содржела експлозивни елементи, вклучувајќи садови со гас, некоја прашкаста материја и, бензин и временски детонатор која беше деактивирана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Европа апсолутно ги поддржува дејствијата на Америка и Израел во Иран
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во разговор со новинарите изјави дека Европа „апсолутно ги поддржува дејствијата на САД во Иран“, нагласувајќи дека Иран е закана за Европа, за Израел и за другите земји во регионот.
На прашањето дали одлуката на британскиот премиер Кир Стармер да им дозволи на САД да ги користат британските бази за напади врз Иран дошла предоцна, Руте одговори дека пред официјалното одобрување од Велика Британија, морало да се решат „правните аспекти на прашањето“, пренесува Би-Би-Си.
Тој потврди дека пред интервенцијата на САД во Иран, имал бројни разговори со американски претставници и додаде дека официјален Вашингтон и НАТО воспоставиле „тесна координација“.
На прашањето од британската јавна служба дали силите на НАТО ќе бидат вклучени во операциите во Иран, Руте одговори негативно и додаде дека „очигледно ова е кампања предводена од Американците и Израелците“, пренесува Танјуг.
Свет
Иранскиот шеф за безбедност: Подготвени сме за долготрајна војна
Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Ларијани, изјави дека Иран е подготвен за долготрајна војна и дека иранските вооружени сили не учествувале во напади освен во самоодбрана.
Во објава на платформата „Икс“, Ларијани порача дека Иран не го започнал овој конфликт и дека ќе се брани без оглед на цената.
Тој претходно порача дека Иран нема да преговара со САД. Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека новото иранско раководство сака разговори и дека тој е подготвен за тоа.
Фото: Depositphotos
Свет
Кина го поддржа Иран во одбрана од нападите, повика на итен прекин на воените операции
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со иранскиот колега Абас Арагчи изјави дека Пекинг го поддржува Техеран во одбрана на неговиот суверенитет и територијален интегритет во услови на американско-израелски напади, пренесе АФП.
Според кинеската државна телевизија ЦЦТВ, Ванг порача дека Кина го поддржува Иран во заштита на неговите „легитимни права и интереси“.
Во разговори со министрите за надворешни работи на Оман и Франција, Ванг ги повика САД и Израел веднаш да ги запрат воените операции и да се избегне понатамошна ескалација. Тој ги обвини Вашингтон и Тел Авив за „намерно поттикнување војна“ и оцени дека со тоа се прекршуваат принципите на Повелбата на ОН.
Кина, како што наведе, е подготвена да одигра конструктивна улога преку Советот за безбедност на ОН, а иранското нуклеарно прашање, според него, треба да се врати на патот на политичко и дипломатско решение.
Фото: Depositphotos

