Македонија
Македонските новинари спречени да земат изјава од Папандреу
Грчки официјални лица вечерва на претставници на македонските медиуми не им дозволија да присуствуваат на изјавата која грчкиот премиер ја даде…
Грчки официјални лица вечерва на претставници на македонските медиуми не им дозволија да присуствуваат на изјавата која грчкиот премиер ја даде по средбата со неговиот македонски колега.
Македонските новинари беа вратени од страна на грчки официјални лица, иако претходно беа повикани во прес центарот во Лемос да присуствуваат на изјавата на грчкиот премиер Јоргос Папандреу по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски.
Македонските новинари заедно со конвојот грчки новинари пристигнаа во Пили, каде се одржа средбата Папандреу – Груевски, и влегоа внатре во објектот каде беше грчката официјална делегација.
Кога новинарите се упатија кон вториот кат каде беше грчкиот премиер Папандреу и ги пречекуваше новинарите, официјален грчки претставник ги попречи репортерите на Макфакс и на Алсат М, кои требаше да ја снимат изјавата на Папандреу во име на сите други македонски медиуми.
Претставникот на грчкиот протокол рече дека изјавата на Папандреу е намената само за грчките новинари и оти така било претходно договорено.
Грчките новинари присуствуваа на чинот кога македонскиот премиер ја даде изјавата./крај/ил/ег/
Поврзани вести:
(17:40) Груевски: Грција да размисли околу ветото>> Грција да размисли околу поставувањето вето…
(16:25) Почна средбата Папандреу-Груевски>> Започна средбата меѓу македонскиот и грчкиот премиер Никола Груевски и Јоргос Папандреу.
(15:53) Средбата на Груевски и Папандреу е „добар почеток“>> -„Добар почеток“ е коментарот на грчки официјални претставници за денешната средба меѓу македонскиот и грчкиот премиер Никола Груевски и Јоргос Папандреу, јави репортерот на Макфакс.
(14:52) Почна трилатералната средба, Папандреу и Груевски се ракуваа>>-Македонскиот премиер Никола Груевски и неговиот грчки колега Јоргос Папандреу попладнево пријателски се ракуваа и разменија пригодни подароци во Пили, Мала Преспа, јави репортерот на Макфакс.
(14:25) Папандреу пристигна во Пили>> -Грчкиот премиер Јоргос Папандреу попладнето пристигна во Пили, Мала Преспа, каде треба да започне трилатерална средба на која ќе учествуваат и македонскиот и албанскиот премиер Никола Груевски и Сали Бериша.
Фотографии од средбата тука>> (за превземање на фотографиите контактирајте ја редакцијата на Макфакс 023110125, 023227127)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Алжир, Абделмаџид Наaмун
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Народна Демократска Република Алжир, со седиште во Букурешт, Абделмаџид Наaмун.
Неговото именување, како што рече претседателката, е уште една потврда за добрите македонско-алжирски односи, втемелени на заемно разбирање и почит.
За неа, посветениот и професионален ангажман на амбасадорот Наамун ќе придонесе кон продлабочување на пријателските и партнерски односи на билатерален и мултилатерален план.
Истакнувајќи дека обете држави имаат богата историја и вредно културно наследство, Сиљановска-Давкова очекува интензивирање на соработката во културата, образованието и туризмот, како и во рамките на ООН и другите меѓународни организации.
На церемонијата, новоименуваниот амбасадор Абделмаџид Наaмун ја истакна својата желба да гради нови мостови на пријателство и меѓусебно разбирање.
Двајцата изразија загриженост за геополитичките предизвици со коишто се соочени сите држави и народи, без оглед на географската положба и големина. Тие ја потенцираа потребата од мултилатерализам како соодветен одговор и механизам за решавање на проблемите.
Сиљановска-Давкова и амбасадорот Наамун се согласија дека донесувањето правна рамка за регулирање на меѓусебните односи, како и размената на посети на највисоко ниво ќе ја поттикат соработката.
Соговорниците имаа усогласен став и во однос на потребата од реформи во Обединетите нации, како и за неопходноста од назначување на жена на највисоката позиција – генерален секретар.
Македонија
Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е значајна победа за правната држава
За првпат и самиот обвинител го признава тоа што целата јавност го кажуваше: дека Јавното обвинителство не може да продолжи да функционира со изгубен легитимитет, под товар на политички влијанија и со селективна правда, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фактот што оваа оставка доаѓа дури сега, а не уште од првиот ден кога беше очигледно дека институцијата е компромитирана, само дополнително ја потврдува длабочината на проблемот и обидите со месеци да се одржи статус кво кое служеше на поранешната власт. Со оваа оставка се става крај на еден мрачен период, во кој обвинителството беше перципирано како партизиран механизам, а не како независна институција во служба на законот“, вели тој.
Според Петрушевски, оставката е јасен сигнал за крајот на практиките на заштита на поранешната власт на СДС и ДУИ и почеток на процесот на департизација и европеизација на јавнообвинителската дејност.
„Оставката на Коцевски не е персонално, туку единствено системско решение. Ова е јасна порака дека никој не е недопирлив“, вели Петрушевски.
Македонија
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортски клубови
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортските клубови од општина Бутел.
„Локалната самоуправа секоја година ги поддржува спортските клубови и доделува спортски стипендии на најдобрите спортисти од Бутел. Во општина Бутел се градат спортско-рекреативни центри во секое населено место. Во општина Бутел вредноста на спортот и спортските успеси е најголема“, изјави градоначалникот Дарко Костовски.
Тој изрази надеж дека финансиска поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и спортистите ќе освојат европски и олимписки медали.

