Македонија
Нова лидерска средба за Уставни измени по Велигден
Претседателот на владеачката партија Никола Груевски, како што дознаваме од врвот на ВМРО – ДПМНЕ, најверојатно после велигденските празници ќе свика лидерска средба на која ќе се расправа за уставните измени.
Претседателот на владеачката партија Никола Груевски, како што дознаваме од врвот на ВМРО – ДПМНЕ, најверојатно после велигденските празници ќе свика лидерска средба на која ќе се расправа за уставните измени.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивниот предлог за измена на Уставот веќе е подготвен и истиот ќе биде доставен до сите политички партии во текот на наредната недела, односно пред лидерската средба. Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски на денешниот брифинг за новинари рече дека во Собранието се уште нема стигнато предлог за уставни измени. Тој посочи дека кога ќе стигне Деловникот за уставни измени, за истиот ќе бидат повикани експерти и дека нема да биде ставен на гласање по брза постапка . Инаку, од владеачката ВМРО-ДПМНЕ, сметаат дека уставни измени треба да има во делот на изборот на членовите на Судскиот совет и да се зајакне независноста на ова тело.Пред извесно време од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека измените предвидуваат, министерот за правда веќе да не членува во Советот, по функција. Нова демократија најави дека е подготвена на уставни измени, но во делот на употребата на албанскиот јазик. Тие, исто така бараат уставните судии да гласаат со бадентерово мнозинство.Од ДУИ сметаат дека нема да има други измени освен тие за составот и начинот на избор на Републичкиот судски совет.Од Либералната партија предупредија дека уставните измени ќе предизвикаат домино ефект и ќе има барања за нови измени. Опозициската СДСМ, по повод најавите за измени на Уставот , реагираше дека целта на измените е дополнителна партизација на судството. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

