Спорт
Анкара, домаќин на квалификацискиот турнир за одбојкарки
Квалификацискиот турнир во одбојка, во женска конкуренција, за пласман на Олимписките игри во Лондон, ќе се одржи во Анкара, соопшти денеска Европската одбојкарска федерација (CEV).
Квалификацискиот турнир во одбојка, во женска конкуренција, за пласман на Олимписките игри во Лондон, ќе се одржи во Анкара, соопшти денеска Европската одбојкарска федерација (CEV). Турнирот ќе се одржи од 1 до 6 мај, а на него ќе учествуваат: Србија, Русија, Бугарија, Хрватска, Турција, Германија, Полска и Холандија. Осумте репрезентации ќе бидат поделени во две групи, а по две екипи ќе изборат пласман во полуфиналето. Пласман на ОИ во Лондон ќе избори само победникот на турнирот. Олимписките игри во Лондон ќе се одржат од 27. јули до 12. август. крај/б/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Артета ја пронајде „деветката“ во Бундеслигата
Во последните недели се шпекулираше дека Милан е блиску до доведување на словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко од Лајпциг, но ситуацијата значително се промени.
Британски „Мирор“ тврди дека голгетерот на Лајпциг постигнал договор со Арсенал и дека лондонскиот клуб го има полесниот дел од работата – да се договори со член на Бундеслигата.
Шешко (20) би требало да заврши во Арсенал за цифрата од 45.000.000 фунти, иако Челзи и Манчестер Јунајтед беа подготвени да дадат слична понуда до Лајпциг, истакнува „Мирор“.
Финансиски, Милан немаше никакви шанси во вакво натпреварување, иако прв стапи во контакт со агентот на словенечкиот фудбалер.
Шешко во неодамна завршената сезона постигна 14 гола во Бундеслигата, а вкупно 18 во сите натпреварувања.
Тој ќе биде еден од главните адути на Словенија на Европското првенство, каде избраниците на Матјаж Кек во Ц групата каде ривали им се Србија, Англија и Данска.
Приоритет на Арсенал во претстојниот преоден рок е доведување на врвен напаѓач и навистина се чини дека Шешко е вистинскиот избор. Најдобрите фудбалски години се пред него, а неговиот стил треба да „легне“ со тимот на Микел Артета.
Спорт
Компани детектирал три големи проблеми, неговиот Баерн ќе игра агресивно и храбро
Новиот тренер на Баерн Минхен, Белгиецот Винсент Компани (38) најави дека од своите играчи ќе бара апсолутна агресија и храброст. Компани во средата беше именуван за нов тренер на Баерн, дојде на местото на Томас Тухел, кој замина по заедничка согласност по само 14 месеци и сезона во која Баварците за првпат по 12 години останаа без трофеј.
Ден по потпишувањето на договорот, Компани пред новинарите ја претстави својата визија како треба да изгледа Баерн .
„Сакам играчите на Баерн да бидат храбри на топката, да покажат карактер. Сакам тимот да биде агресивен, да ги претставува тие две работи“, рече Компани на прес-конференција во четвртокот.
Компани ја започна својата тренерска кариера во Андерлехт, а во последните две сезони раководеше со Барнли. Со тимот избори промоција во Премиер лигата, но оваа сезона експресно се врати во Чемпионшип.
Белгиецот имаше договор со Барнли до 2028 година, па Баерн мораше да му плати обештетување на англискиот клуб. Според проценките на англиските и германските медиуми, висината на обештетувањето е меѓу 10 и 12 милиони евра.
„Јас пораснав на улиците на Брисел, бев во академијата на Андерлехт каде од шест до 20 години треба да освоиш сè“, истакна Копмапни.
Компани има репутација на интелигентен, детален и остроумен човек, раскажа Георг Холцнер, новинар на Кикер.
Тој пишува: „За време на кратките преговори со Макс Еберл, членот на одборот задолжен за спорт и спортскиот директор Кристоф Фројнд, Компани со експресна анализа дојде до истиот заклучок како Томас Тухел кога го презеде тимот пред една година и Ралф. Рангник кога пред еден месец преговараше со челниците на Баерн.
Компани откри и спомна дека Баерн има три големи проблеми: Има премногу играчи во тимот кои не се на нивото на Баерн. Недостасува лидер. Потребна е нова кичма на тимот. Овие три главни проблеми мора да ги поправат Компани и Еберл. Баерн сака да ја заврши работата на пазарот и да го комплетира составот за следната сезона најдоцна до крајот на Европското првенство, односно до средината на јули“.
Спорт
Осуммина ќе го напуштат Тотенхем
Менаџерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу планира големи промени во летниот преоден рок.
Англиските медиуми објавија дека на трансфер листата се Пјер-Емил Хејбјерг, Џовани Ло Селсо и Брајан Хил, додека во тимот нема да има место и за фудбалерите кои минатат сезона беа позајмени во други клубови: Џо Родон, Џед Спенс, Серхио Регилон, Танџи Ендомбеле и Тангага.
Исто така, се верува дека во случај на вистинска понуда, клубот ќе го продаде и дефанзивецот Емерсон Ројал, за кого наводно е заинтресиран Милан.
Постекоглу во неколку наврати, особено на крајот од сезоната, повтори дека на Тотенхем му недостасуваат амбиции и менталитет да освојува трофеи.
Тоа најмногу го потврди фактот што пред последното коло многу навивачи посакуваа пораз од Манчестр сити, за нивниот најголем ривал Арсенал да не стане шампион.
Тотенхем наредната сезона ќе ќе игра во Лига Европа.