Спорт
Сити лесно против Њукасл, Јунајтед доволно кај Свонси
Фудбалерите на водечката екипа во англискиот фудбалски шампионат, Манчестер сити лесно пред своите навивачи во 12-то коло со 3:1 го совладаа досега непоразениот Њукасл.
Фудбалерите на водечката екипа во англискиот фудбалски шампионат, Манчестер сити лесно пред своите навивачи во 12-то коло со 3:1 го совладаа досега непоразениот Њукасл.Иако фудбалерите на Манчестер сити уште од самиот почеток на мечот силно јурнаа кон голот на Њукасл, и се редеа шансите водството за домашните стигна во 41 минута, и тоа по невниманието на бекот на гостите Риан Тејлор кој со раце го сопре италијанскиот инернационалец Марио Балотели па беше досуден пенал, кој го реализираше самиот црномурест Италијанец. На 2:0 зголеми Мицах Ричардс во 44 минута, и повторно по грешка на Тејлор кој поради нерешителност дозволи Ричардс да му ја украде топката и да го совлада голманот на Њукалс, Тим Крул. Сигурното водство го потврди во 72 минута Аргентинецот со гол од пенал отако Берн Арф во шеснаесетникот го собори Давид Силва. Гостите го ублажија поразот во 89 минута преку Даниел Гослин.Манчестер сити и натаму е прв со 34 бодови, пет повеќе од минатогодишниот првак Манчестер јунајтед, и девет бодови предност пред засега третиот Њукасл.Најголемиот ривал на манчестерските „граѓани“, Манчестер јунајтед со голот на Хавиер Хернандез о 11 минута го совлада Свонси кој е 13-ти со 13 бодови.
По лошиот старт годинава Арсенал ја впиша и петтата победа во серија, совладувајќи го на гости Норвич со 2:1. Најзаслужен за победата на лондонските „топчии“ е Робин ван Перси кој со новите два гола направи пресврт, по водството на домашните. Норвич поведе уште во 16 минута преку Стив Морисон по катастрофалната грешка на Пер Мертесакер, но левоногиот ван Перси возврати прво во 27 по проигрување од Тио Волкот а потоа во 59 минута со мајсторко поткопување повторно со десната нога и префрлување на голманот Џон Руди, го постигна и победничкиот гол. Со овие два гола Перси дојде до 13-от првенствен погодок, со што на листата на голгетери води со три голови пред Един Џеко. Арсенал така се искачи на 6-та позиција со 22 бода, додека Норвич е 11-ти со 13 бодови. Еден од најинтересните натрпевари во саботната програма од англиската Премиер лига го забележа Квинс парк ренџерс кој со првесврт го совлада домашниот Сток сити со 3:2. Двоен стрелец за КПР беше Хејдер Хелгусон во 22 и 54 минута и Јанг во 44-та, додека домашните откако поведоа преку Валтерс во 8минута го ублажија поразот со голот на Шејвкрос во 64 минута. КПР го држи 9-то место со 15, додека Сток сити е 14-ти со 12 бодови.Бездруго најинтересниот меч денеска во Англија го одиграа Виган и Блекбурн Роверс поделувајќи ги бодовите со шест постигнати голови. Први во водство дојдоа гостите уште во втората минута преку Јакуби, но набрзо домашните во 7-та минута преку Гомез изедначија, за потоа во 31 минута да дојдат во водство со голот на Колдвел. Во 60 минута за гостите изедначи Хојлет а домашните во водство дојдоа две минути пред крајот на регуларниот дел од мечот кој заврши со голот повторно на Јакуби во 10 минута од судиското продолжение од пенал. Така Виган не успеа да се одлепи од дното на Премиершип каде е закотвен со 6 бодови. А со еден бод пред него е Блекбурн Роверс. Вест Бромвич Албион со головите на Џи Томас во 15 и Лонг во 56 минута го совлада Болтон за кој изендачување постигна хрватскиот интернационалец Иван Класниќ од пенал во 21 минута. ВБА е на 10 место со 14 бодови, а Болтон Вандерерас е 18-ти во опасната заона на испаѓање со 9 бодови. Евертон со многу пот извојува победа од 2:1 на домашен терен против Вулверхемптон. Стрелци за домашните беа Јагеилка во 44 и Бајнес во 83 минута од пенал, откако во 37 минута гостие поведоа исто така од пенал преку Хант. Евертон се одржува на 12-та позиција со 13 бодови а Вулверхемптон не супеа да избега од 17-то место каде табори неколку кола со 11 бодови. Најмирољубиво во 12-то коло одиграа Сандерленд и Фулам кои не успеаја да ги погодат противничките мрежи. Двете екипи имаат 11 бодови и се на 15-то односно 16-то место.Во недела во Англија се среќаваат во дербито на колото Челзи и Ливерпул, а колото ќе биде заокружено во понеделник со мечот Тотенхем – Астон вила./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Тим од шестата дивизија ги елиминираше шампионите на ФА Купот
Шестолигашот Маклсфилд, кој минатата сезона играше во седмиот ранг на англискиот фудбалски систем, го победи актуелниот освојувач на трофејот, Kристал Палас со 2:1 и го приреди најголемото изненадување во историјата на ФА Купот.
Стрелците на головите Пол Досон и Исак Бакли беа хероите на домашниот тим.
Шпанецот Јереми Пино постигна утешен гол за гостите во 90-та минута од слободен удар. Премногу доцна за да се избегне срамот.
Триумфот на Маклсфилд добива дополнително значење кога ќе се земе предвид дека овој клуб банкротираше пред пет години.
Имено, откако Маклсфилд Таун влезе во стечак поради долгови во 2020 година, се реформираше и повторно почна да се натпреварува како ФК Маклсфилд.
Клубот започна од најниското ниво на натпреварувањето, од деветтата лига. Тие сега се во шестата дивизија и штотуку го елиминираа шампионот на ФА Купот, Кристал Палас, во третото коло.
Дефинитивно најголемото изненадување во историјата на ФА Купот.
Спорт
Николов и Начески манипулирале со фитнес тестовите – ЕХФ ги суспендира од ЕП
Голем скандал го потресе ракометниот свет само неколку дена пред почетокот на Европското првенство. Во центарот на скандалот се македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Непосредно пред почетокот на Европското првенство, Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги исзбриша Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, од списокот на судии.
Добро познатиот судиски пар, еден од најдобрите во светот, присутен на ракометните терени повеќе од една деценија, нема да дели правда на Европското првенство.
Се покажа дека Николов и Начевски мамеле на тестовите за физичка подготвеност. ЕХФ дозна дека двајцата ги манипулирале тестовите пред почетокот на натпреварувањето за да се најдат на списокот од кој сега се избришани.
Како што е наведено, ЕХФ ќе спроведе детална истрага. Тој факт нема да ја промени одлуката за „отстранување“ на дуото од списокот на судии за Европското првенство.
Николов и Начевски со години судеа на најголемите натпреварувања, имаа можност да судат некои од најважните натпревари – на пример, тие го судеа финалето на Олимписките игри, како и финалето на ЕП во 2020.
Оваа година, Европското првенство се игра во Данска, Шведска и Норвешка, а започнува на 15 јануари.
Фото/ архива, Топспорт
Спорт
(Видео) Судијата во преден план, Камерун оштетен против Мароко
Мароко го победи Камерун со 2:0 во петокот вечерта и се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп на нации. Ден по натпреваротм најмногу се зборува за судијата Беид Дахане, кој сериозно го оштети Камерун. Интересно, тој не требаше да биде првиот судија на овој натпревар.
Головите за Мароко ги постигнаа Брахим Дијаз во 26-та минута и Исмаел Саибари во 74-та минута, но двете одлуки донесени од судијата во текот на овој натпревар, двете при резултат 1:0 за Мароко е она што се анализира во јавноста.
Дијаз е првиот играч кој постигнал гол во пет последователни натпревари на Африканскиот куп на нации од 1974 година, а Мароко е во полуфиналето за прв пат по 22 години. Во 2004 година, Мароко беше поразен во финалето од Тунис.
Но, да се вратиме на судијата…
Првата грешка ја направи во 64-та минута кога Билал Ел Канус беше поштеден од очигледен жолт картон кој за него ќе беше втори, односно исклучувачки.
По пет минути судијата повторно беше во центарот на вниманието, кога не досуди пенал за Камерун по стартот на Адам Масина врз Брајан Мбеумо.
Интересно е што судијата од Мавританија не беше ниту делегиран да го суди овој натпревар. Прв избор на CAF беше Амин Омар од Египет, но Мароко протестираше против оваа одлука и на крајот го доби она што го сакаше – промена на судијата за четвртфиналниот натпревар.
Foto/ EPA/JALAL MORCHIDI

