Спорт
Ветел сензационален шампион во Ф-1
Себастијан Ветел е новиот и со 23 години и 4 месеци најмладиот што ја понесол шампионската титула во Формула 1, кој победи во последната трка од сезоната во Абу Даби благодарејќи на киксевите на главните конкуренти Фернандо Алонсо и Марк Вебер кои стигнаа на целта како 7-ми и 8-ми
Во оваа трка која беше всушност финале на годинешниот шампионат во Формула 1, најголеми шанси за титулата имаше Фернандо Алонсо кој пред стартот на патеката „Јас Марина“ имаше осум бодови повеќе од Марк Вебер, 15 од Себастијан Ветел и 24 од Луис Хамилтон кои исто така имаше теоретски шанси за шампионскиот наслов. За ваквиот развој придонесе самиот Ветел, кој прво во саботата на тренингот се избори за првата стартна позиција која во ниеден момент не ја испушти во раце доаѓајќи до петтата годинешна победа или вкупно десетта во кариерата.Зад него се пласираа двајцата возачи на Мекларен, Луис Хамилтон и Џејсон Батон додека четврт беше Нико Розберг.Сепак на крајот Алонсо не успеа да ја одбрани минатогодишната титула, бидејќи заврши седми а требаше да биде најмалку четврти за да дојде до третата титула во случај Ветел да победи. Пред него завршија двата болида на Рено, односно Виталиј Петров и Роберт Кубица. Иако Алонсо ја започна трката од третото место тој уште на стартот беше минат од Џејсон Батон, а се чини и дека од боксот направија кардинална грешка кога предвремено го повикале во боксот за замена на гумите. Потоа Алонсо се залета но никако не можеше да го мине Русинот Петров, иако имаше заменети гуми и попоготвен болид. Инаку седмократниот шампион Михаил Шумахер уште веднапш по стартот имаше несреќа превртувајќи се на пистата а на него налета Витантонио Луици. Се чини дека овој карамбол имаше и големо влијание за конечниот резултат. Во конечниот поредок Сеабастија Ветел собра 256 бодови, Фернандо алонсо, 252, Марк Вебер 242, Луси Хамилтон 240, а Џејсон Батон 214.Кај конструкторите РедБул освои вкупно 498 бодови, Мекларен–Мерцедес 454, Ферари 396 и Мерцедес ГП 214.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дембеле одбил да го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот во вредност од 30.000.000 евра, објавија француските медиуми.
ПСЖ започна разговори за продолжување на соработката со францускиот репрезентативец, кој има важечки договор до 2028 година, со цел да го задржи освојувачот на „Златната топка“ и еден од клучните играчи во историската сезона 2024/2025, во која тимот ја освои Лигата на шампионите.
Според извештаите, Дембеле веќе добил првична понуда од клубот, но таа не е во согласност со неговите финансиски барања.
Како што се истакнува, понудената плата е околу 30.000.000 евра по сезона, проблем е што менаџерот на фудбалерот бара речиси двојно поголема сума, поради што договорот во моментов е далеку.
Во сезоната 2024/2025, Дембеле ги освои најважните индивидуални награди, вклучувајќи ја Златната топка, наградата „Најдобар“ на ФИФА и наградата за најдобар играч на Лигата на шампионите, а одигра и клучна улога во освојувањето на првиот европски трофеј во историјата на ПСЖ.
Спорт
Барселона нуди 30 милиони евра за Рашфорд
Маркус Рашфорд се чини дека ги се наметна во Барселона на задоволство на тренерот Ханси Флик.
Челниците на „блауграната“ решија да му испратат понуда на Манчестер Јунајтед за откуп на договорот на репрезентативецот на Англија.
Според шпанските медиуми, Барса е подготвена да издвои 30 милиони евра.
Во дресот на Барселона, крилниот напаѓач одигра 18 натпревари и постигна два гола.
Спорт
Рој Кин: Фергусон е како смрдеа од која не можеш да се ослободиш
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, повторно проговори за ситуацијата во неговиот поранешен клуб, а овој пат остро го критикуваше легендарниот менаџер Алекс Фергусон.
Познат по своите остри и директни ставови, Кин отворено проговори во програма во живо за отпуштањето на Рубен Аморим и начинот на кој клубот носи клучни одлуки, не штедејќи ги луѓето кои, формално, повеќе не се дел од структурите на Манчестер Јунајтед.
„Што всушност се случува на тие интервјуа за работа? Секогаш ме интересира зошто истите луѓе добиваат шанси. Како можат да сфатат по 12 или 14 месеци дека некој не е вистинскиот човек за клубот?“, почна Кин.
Потоа отиде чекор понатаму и директно го спомена Фергусон, кој сè уште редовно ги гледа натпреварите од трибините на „Олд Трафорд“.
„Не го сфаќате ли тоа во разговорот? Го гледата чобекот во очи. Гледате кој навистина ги прави потезите во Манчестер Јунајтед. Фергусон и Дејвид Гил сè уште се шетаат како смрдеа што не може да се избрка.“
Нетрпението меѓу Рој Кин и Алекс Фергусон трае од 2005 година, кога легендарниот менаџер одлучи да го продаде својот капитен по контроверзно интервју на клупската телевизија.
Дека тензијата сè уште постои, потврди самиот Фергусон во 2024 година, кога го исфрли Кин од листата на своите најдобри капитени во историјата на клубот, и покрај фактот дека Ирецот ја носеше капитенската лента во осум исклучително успешни сезони.
Најновите коментари на Кин се само продолжение на долгогодишната и јавна расправија меѓу две икони на Манчестер Јунајтед.

