Македонија
Угостителите против целосната забрана за пушење
Угостителите од Македонија во понеделник во Скопје ќе го изразат своето незадоволство од целосната забрана за пушење, која стапува во сила од почетокот на 2010 година. „Во 5 минути до 12 Европски закон за угостителите или во 12 и пет минути почеток на банкротот на
Угостителите од Македонија во понеделник во Скопје ќе го изразат своето незадоволство од целосната забрана за пушење, која стапува во сила од почетокот на 2010 година.„Во 5 минути до 12 Европски закон за угостителите или во 12 и пет минути почеток на банкротот на угостителството“, е апелот, што ќе го упатат угостителите до надлежните министерства, на конференција за новинари во Скопје.Угостителите од Скопје, Охрид, Куманово, Струмица, Битола, Гостивар, Тетово, Струга, Штип и Велес, најавија дека ќе ги презентираат актуелните состојби со регулативата за Заштита од пушење, во делот, што се однесува на нивниот сектор. Според законот од идната година пушачите нема да можат да пушат во кафеани, кафе-барови, дискотеки, пабови, на стадиони, а во лето и во бавчите. Пушењето е дозволено единствено дома и на отворено, доколку на тој простор не се одржува некоја манифестација. За непочитување на забраната за пушење за правните лица се предвидени Инспекторите се веќе на терен и ги предупредуваат угостителските објекти дека законот ќе биде стриктно применуван веќе во првите минути од 2010 година . „Државните пазарни инспектори во време на празници имаат одредено дежурства иако во намален број, така што не е исклучена можноста дека и од 1 јануари веднаш ќе бидат на терен“ изјави деновиве директорот на Државниот пазарен инспекторат, Сашо Јакимовски. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

