Економија
Рубини:Вториот бран на глобалната криза ќе настапи уште во 2012 година

Актуелното забавување на растот на глобалната економија го забрзува почетокот на новата криза, убеден е професорот на Универзитетот Њујорк, Нуриел Рубини, кој крахот на американскиот пазар на недвижнини и глобалната рецесија ги предвиде уште во 2006 година, две години пред нивното избивање.
Актуелното забавување на растот на глобалната економија го забрзува почетокот на новата криза, убеден е професорот на Универзитетот Њујорк, Нуриел Рубини, кој крахот на американскиот пазар на недвижнини и глобалната рецесија ги предвиде уште во 2006 година, две години пред нивното избивање.Рубини претходно очекуваше дека вториот бран на кризата ќе настапи дури во 2013 година, но сега смета дека новиот пад би можел да почне и порано.„До пред неколку месеци сметав дека ’бурата’ ќе биде во 2013 година“, рече Рубини, додавајќи дека слабоста на економијата на САД, на еврозоната и на Велика Британија расте, така што повторниот пад може да се очекува и порано.„Кулминацијата би можела да биде во 2013 или порано, во зависност од тоа какви средства на економската политика ќе се применуваат“, изјави Рубини за агенцијата Блумберг,Според него, за да се спречи катастрофа, владите под итно мораат да пронајдат начин за економски поттик.„Неопходно е опоравување на економскиот раст не за пет години, туку уште денеска. Во краткорочна перспектива неопходна е сеопфатна стимулација, бидејќи во спротивно се заканува Голема депресија. Ситуацијата се влошува и основната разлика меѓу ’денес’ и ситуацијата од пред неколку години е што сега нема многу инструменти за стимулација“, нагласи Рубини.Тој препорача вложување во пари, посебно во долари, со оглед на тоа што американската валута има тенденција на јакнење во време на финансиски кризи. Рубини исто така рече дека добро е да се вложува во државни обврзници на земјите со мал буџетски дефицит и мал јавен долг, како што се Канада и Австралија, а не препорачува инвестирање во акции и стока.Кон средината на јуни Рубини веќе го предвиде сценариото на ’бурата’ која ќе ја зафати светската економија уште во 2013 година. Финансиските проблеми во САД, забавувањето на економскиот раст во Кина, должничката криза во Европа и стагнацијата во Јапонија, со веројатност од 30 отсто можат да се спојат во ’бура’ чија силина светската економија ќе ја почувствува за две години.„Веќе сега се очигледни знаците на слабост. Сите продолжуваат со зголемување на државниот и приватниот долг. Товарот е сè потежок и сите тие проблеми ќе испливаат најдоцна до 2013 година“, смета Рубини.Тој во јуни ги предупреди САД на можен „бунт на пазарот на обврзници“ имајќи предвид дека иако огромна, довербата на инвеститорите во американската економија не е безгранична. /крај/блм/бл/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Ново од Минт кредит – поддршка за стартапите

Да започнете сопствен стартап е возбудлива авантура – идејата е свежа, енергијата е огромна, а визијата јасна. Но, секој претприемач знае дека патот од идеја до реализација на успешен бизнис бара финансиска стабилност. Токму тука ние, Минт Кредит, стануваме вашиот партнер за стартап кредит.
Во Минт Кредит веруваме дека стартапите се моторот на новата економија, и затоа нашиот бизнис кредит е создаден токму за луѓето кои не се плашат да ризикуваат и да создадат нешто свое.
Нашиот бизнис кредит е создаден за стартапи и правни лица кои сакаат да го претворат својот потенцијал во успешна приказна.
Бизнис кредит – Брз стартап кредит без чекање
Во светот на стартапите, времето е сè. Можностите се менуваат од ден во ден, а да се биде чекор пред конкуренцијата значи многу. Затоа, бизнис кредитот од Минт Кредит е создаден да биде брз, едноставен и флексибилен.
Нашиот тим знае колку е важно стартапот да добие поддршка веднаш, кога му е најпотребна. Заборавете на долгите процедури и бескрајни состаноци, кај нас процесот е транспарентен, лесен и целосно дигитален.
За да аплицирате треба да сте правно лице со јасна визија и амбиција, без разлика дали сте стартап кој штотуку започнува или веќе стабилна компанија што сака да се прошири.
Што добивате со бизнис кредитот од Минт Кредит?
Нашиот бизнис кредит за стартапи е создаден со разбирање на реалноста. Не бараме сложени формалности, туку ја гледаме суштината – вашиот потенцијал, вашата визија и вашата посветеност.
Со нашиот бизнис кредит за стартапи добивате финансиска поддршка до 1.000.000 МКД, со рок на отплата до 60 месеци и можност за грејс период до 24 месеци. Тоа значи дека можете да започнете со реализација на идејата веднаш после одобрување. Без нејасни услови – само понуда создадена да им даде поддршка на младите претприемачи.
Стартап кредит што работи во корист на претприемачите
Кога велиме дека нашиот бизнис кредит е создаден за стартапи и правни лица, тоа навистина го мислиме.
Знаеме дека на почетокот секој ден и секоја финансиска одлуика се важни. Затоа, нашиот бизнис кредит за стартап е дизајниран да им овозможи на новите компании да се развиваат без дополнителни притисоци.
Со Минт Кредит можете да искористите стартап кредит за да:
- Инвестирате во нова опрема или технологија,
- Отворите канцеларија или продавница,
- Вложите во маркетинг за да го лансирате вашиот бренд,
- Ангажирате нови членови во тимот,
- Го финансирате секој чекор од вашиот бизнис раст.
Секој проект е различен, но сите имаат заедничко нешто: финансиската поддршка од Минт Кредит што ги движи напред. Нашиот бизнис кредит за стартапи не е само бројка, тој е поддршка за вашата визија и труд.
Како до бизнис кредит за стартап?
Едноставно. Брзо. Без компликации.
- Аплицирајте онлајн на Минт Кредит, во една од нашите филијали, или јавете се на 15 107.
- Доставете ги основните документи за вашиот бизнис.
- Добијте одговор за кратко време затоа што знаеме дека стартапите немаат време за чекање.
Нашата цел е да бидеме ваш вистински партнер, не бирократска пречка.
Зошто Минт Кредит е вистинскиот избор за стартап кредит?
- Брзина и ефикасност – од апликација до одобрување за кратко време.
- Разбирање за стартапи – ние знаеме како размислуваат младите претприемачи.
- Флексибилни услови – прилагоден рок и грејс период за безгрижен почеток.
- Поддршка и совети – нашиот тим е тука за да ви помогне со насоки и препораки.
- Транспарентност – кај нас секој услов е јасен, без скриени трошоци.
Кога стартапите размислуваат за финансирање, често мислат дека тоа е долг и сложен процес. Ние го менуваме тоа. Со Минт Кредит, добивате брз бизнис кредит кој ја поддржува вашата визија.
Зошто стартап бизнисите најчесто “заглавуваат”?
Секој стартап започнува со идеја, но патот до стабилен бизнис ретко е едноставен. Најчестите проблеми што ги гледаме кај младите компании се:
- Недостиг на почетен капитал – без доволно средства, дури и најдобрите идеи остануваат само тоа, идеи.
- Проблеми со редовен приход – првите месеци често се непредвидливи за стартапите, посебно додека сеуште немаат стабилни и предвидливи приходи.
- Ограничен пристап до финансирање – традиционалните банки често бараат долга историја и големи гаранции шти ги прави недостапни за стартапите.
- Недостиг на простор за раст – без потребната финансиска поддршка, тешко е за стартапите да инвестираат во нова технологија, маркетинг, или проширување на нивниот тим.
Минт Кредит – партнер на новата генерација претприемачи
Во Минт Кредит веруваме во иновативноста, храброста и визијата на македонските стартапи. Знаеме дека секоја голема приказна почнува со мала идеја и со вистинска поддршка.
Нашиот бизнис кредит е повеќе од финансиски производ. Тој е партнерство за секој што има амбиција да создаде нешто свое, уникатно и успешно. Со Минт Кредит, стартапите не мора да чекаат совршен момент, можат да го создадат.
Аплицирајте денес за стартап кредит од Минт Кредит и развијте го вашиот бизнис со сигурност, поддршка и брзина.
(ПР)
Економија
„Булмак 2016“ уплати 58,2 милиони денари на државата и на општините Пробиштип, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица за концесија

Компанијата што ги управува рудниците „Злетово“ и „Тораница“, „Булмак 2016“ извести дека во првите девет месеци од 2025 година плати вкупно 58.231.096денари концесиски надоместоци. Од нив 22% одат во државниот буџет, односно 12.810.841 денари, а останатите 78% или 45.420.255 денари одат во буџетите на Пробиштип, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица.
„Нашата одговорност се гледа и во бројки и во доверба. Во првите девет месеци од 2025 година пресметавме 58.231.096 денари за концесиски надоместоци, од кои значаен дел се слеваат во четири локални буџети. Тоа се средства за улици, училишта, спорт и услуги што граѓаните ги користат секој ден. Ќе продолжиме со транспарентна комуникација, инвестиции во безбедност и модернизација на нашите рудници и со цврсто партнерство со заедниците во кои работиме,“ вели Тони Тоневски, директор на „Булмак 2016“.
Општина Пробиштип добива 21.694.615 денари, Крива Паланка – 21.817.460 денари, Кратово – 1.384.763 денари и Македонска Каменица – 523.417 денари.
Од „Булмак 2016“ велат дека остануваат посветени на навремено исполнување на сите законски обврски и на отворена комуникација со јавноста.
Економија
„Нестле“ ќе отпушти 16.000 работници

Прехранбениот гигант „Нестле“ денес објави дека ќе отпушти речиси 16.000 работници во следните две години за да ги намали трошоците.
Компанијата ќе отпушти приближно 12.000 административни работни места во сите оддели и региони во кои работи и уште четири илјади по спроведувањето мерки за подобрување на продуктивноста во производството и синџирите на снабдување.
„’Нестле’ мора да се промени побргу за да се приспособи на променливите глобални услови“, рече извршниот директор Филип Навратил додавајќи дека отпуштањето работници е тешка, но неопходна одлука.
Како дел од новиот план, менаџментот на „Нестле“ има намера да ги намали трошоците за три милијарди швајцарски франци (3,23 милијарди евра) до 2027 година. Досега тие планираа да ги намалат трошоците за 2,5 милијарди франци. Најголемата светска компанија за храна објави намалување на работните места во својот прелиминарен деловен извештај за првите девет месеци од оваа година.
Во периодот од јануари до септември приходите на „Нестле“ изнесуваа 65,9 милијарди франци (70,8 милијарди евра), што е намалување од 1,9 процент во однос на истиот период минатата година. Кога се исклучуваат флуктуациите на валутите и еднократните ставки, приходите се зголемија за 3,3 проценти.
За цела 2025 година, менаџментот на „Нестле“ очекува малку посилен органски раст од минатата година, без да прецизира бројки. Резултатите од минатата година покажаа стапка на раст од 2,2 процента, најниска за најмалку 25 години.