Контакт

Свет

Обама пак бара Сенатот да го ратификува договорот СТАРТ

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама денеска ги повика членовите на Сенатот, да не одолговлекувањето ратификацијата на новата спогодба со Русија за контрола на нуклеарното вооружување, бидејќи со тоа се загрозува безбедноста на земјата

dobivaj vesti na viber

Договорот за намалување на стратешко вооружување , позната како новиот СТАРТ кој во април го потпишаа САД и Русија  , до доцна синоќа беше разгледувана во Сенатот.„Ратифкацијата на спогодбата каква е СТАРТ не е прашање на победа на некоја влада или политичка партија.Се работи за безбедноста на САД“, рече Обама во редовниот саботен говор.Во средината на септември, Меѓународниот комитет на Сенатот го усвои документот и го предаде за разгледување пред целиот состав на законодавниот дом со резолуција која препорачува ратификација на договорот.Републиканскиот сенатор Џон Кајл во средината на ноември издаде соопштени во кое изрази сомневање дека Сенатот ќе го разгледа договорот до јануари. Според него, сенаторите се премногу зафатен со други работи, а освен тоа кај сенаторите имале се уште прашања по содржината на документот. Оваа изјава предизвика панична реакцијата од страна на администрацијата на претседателот Обама, и покрај тоа што претходно републиканците ја објавија својата поддршка за договорот. Гласот на сенаторот Кајл е од круцијално значење за демократите, затоа што неколку републикански сенатори изјавија дека го поддржуваат неговото мислење, сметаат американските аналитичари.Демократите бараа за START да се разговара пред ноемвриските избори за конгресот. Инаку демократите го одложуваа гласањето во надворешнополитичката комисија затоа што сакаа да обезбедат поширока поддршка од републиканците. Некои републиканци се противат на договорот, затоа што тврдат дека не нуди „адекватни процедури кои би осигурале дека Русија ќе ги исполни своите обврски“. Тие, исто така, страхуваат дека Москва би можела да го искористи договорот за да го ограничи американскиот план за поставување на противракетен штит. Меѓу републиканците има и такви кои од демократите побарале гаранции дека ќе обезбедат повеќе пари за одржување на постоечкиот нуклеарен арсенал.По завршувањето на прелиминарните конгресни избори од 2-ри ноември, на кои републиканците ја намалија предноста на демократите кои се мнозинство, судбината на договорот START останува нејасна, сметаат, пак, руските политички аналитичари. Имено, републиканците пред изборите блокираа голем број иницијативи на администрацијата на Обама, па се претпоставува дека со новиот сооднос на силите и новите републикански сенатори американскиот претседател и неговиот кабинет ќе се справуваат уште потешко.За да Сенатот во новиот состав го ратификуваа договорот, Обама треба да придобие најмалку 14 републиканци.Претседателите на Русија и САД го потпишаа новиот договор за стратешко офанзивно оружје на 8-ми април 2010 г. во Прага. Страните имаат намера во рок од седум години да го намалат вкупниот број боеви глави до 1.550 што е една третина во однос на постоечките 2.299 одредени со Москавскиот договор од 2002 г. и повеќе од двапати од долниот лимит за стратешки системи за испорака. Со новиот договор, исто така, се предвидуваат и нови процедури, со кој се олеснува контролата на почитувањето на договорот. Договорот мора да бидат одобрени од страна на двата дома на рускиот парламент, како и на американскиот Сенатот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Јеменскиот премиер е убиен во израелски напад, со него загинаа и неколку министри

Објавено пред

Јеменските бунтовници Хути денеска соопштија дека премиерот на владата во Сана, Ахмед ал-Рахави, е убиен во израелски воздушен напад, заедно со неколку министри.

dobivaj vesti na viber

Според Хутите, нападот се случил во четвртокот во јеменскиот главен град Сана, а во него загинале и неколку соработници на премиерот.

Израелските медиуми, повикувајќи се на арапски извори, ја потврдуваат смртта на ал-Рахави и додаваат дека воздушниот напад бил извршен врз станот каде што живеел.

Според извештаите на „Тајмс од Израел“, иако нападот се смета за одделен од претходниот напад насочен кон десетици високи министри на Хутите, постојат индиции дека израелската војска извршила втор напад врз претставници на Хутите кои се собирале надвор од главниот град за да присуствуваат на говор на лидерот на групата, Абдул Малик ал-Хути.

Ситуацијата ја нагласува зголемената тензија во Јемен и продолжувачката конфронтација меѓу израелските сили и Хути бунтовниците.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Силна бура го парализираше црногорското приморје, најкритично во Котор

Објавено пред

Силна бура го погоди црногорскиот приморски појас утрово, оставајќи го Котор и околните градови под тежок пороен дожд. Которскиот Залив е целосно погоден од силниот дожд и ветрови, а морето е разбрането, со големи бранови кои се спојуваат со сивото небо.

dobivaj vesti na viber

Туристите, кои вчера уживале во пливање, денес се соочуваат со потполно нестабилни услови.

„Колку и да уживавме во пливањето вчера, денес можеме да пливаме на улица“, изјавил еден од нив.

Ситуацијата е особено критична во близина на Вирпазар, каде што сообраќајот е прекинат поради несреќа, објави РТЦГ. Локалните власти апелираат на внимание и ги советуваат граѓаните да ги следат предупредувањата за безбедност.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Драма на скопскиот аеродром: Aвион од Крит со 200 лица слета во Скопје наместо во Белград

Објавено пред

Патници на авиокомпанијата „Виз ер“ кои требаше да летаат од Крит за Белград, наместо тоа завршија на аеродромот во Скопје околу 4 часот утрото, пренесува N1.rs.

dobivaj vesti na viber

Летот, кој бил закажан 15 минути по полноќ, првично бил пријавен како празен, што ги изненадило и полицијата и вработените на скопскиот аеродром.

Јелена, една од патничките, изјавила дека околу 200 лица излегле од авионот, без претходна информација за пренасочувањето. Патниците најпрво добивале СМС-пораки за одложување, а потоа, во 4:20 часот, полетале кон Скопје. На аеродромот биле задржани во авионот подолго време, а не им било дозволено да излезат сè додека една жена не почувствувала влошување на здравјето. На крајот, патниците останале на празен аеродром додека не им бил обезбеден автобус за Белград.

Пилотот им појаснил дека неговото работно време е завршено и дека повеќе информации ќе добијат на аеродромот, но и таму вработените биле целосно збунети бидејќи им било пријавено дека авионот е празен. Патниците се обратиле и до Амбасадата на Србија, но добиле одговор дека не може ништо да се стори, со образложение дека „аеродромот во Белград не работи и не прима авиони“.

Според официјалните информации, веб-страницата на белградскиот аеродром го прикажува летот како откажан, додека на македонскиот аеродром е евидентиран како реализиран, но со задоцнување од повеќе од три часа. На веб-сервисот FlightRadar се забележува дека авионот наместо во Белград, слетал во Скопје, без објаснување за причините.

Прикажи повеќе...

Најново

Скопје20 минути

Силното невреме причина за повеќе пожари во Скопје, сите се изгаснати или локализирани

Попладнево скопскиот регион беше зафатен од силно невреме проследено со силен ветер и дожд, по што речиси истовремено избија повеќе...

Регион2 часа

(Видео) Драма на скопскиот аеродром: Aвион од Крит со 200 лица слета во Скопје наместо во Белград

Патници на авиокомпанијата „Виз ер“ кои требаше да летаат од Крит за Белград, наместо тоа завршија на аеродромот во Скопје...

Скопје3 часа

(Фото) Скопје на удар на невреме, силен ветер, паднати дрва, пожари во делови од градот

Скопје се соочува со нестабилни временски услови во текот на денешниот ден. Во моментов, во градот дува многу силен ветер,...

Македонија4 часа

Мицкоски жестоко му одговори на Филипче: Доста беше со итроштини, народот веќе не заборава, вие продадовте сѐ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро одговори на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за нова декларација во Собранието за...

Македонија4 часа

(Фото) Почина поранешниот директор на Здравствен дом – Скопје, д-р Виктор Исјановски

Тажна вест ја потресе македонската здравствена јавност попладнево. Почина д-р Виктор Исјановски, психијатар и поранешен директор на Здравствен дом –...

Македонија6 часа

Уценетиот Таравари како млада невеста, не знае кој пат да го фати, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уценетиот Таравари на крајот ќе се откаже од самиот себе, како млада невеста што не знае кој пат да го...

Македонија7 часа

Многу нервозни возачи на Табановце, за влез и за излез се чека околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, со суви коловози, но летните одмори предизвикуваат зголемена фреквенција на возила...

Топ7 часа

Двајца приведени за подметнување пожар кај Тиквешко езеро

Кавадаречката полиција вчера околу 19:00 часот ги приведе З.К. (33) од Бегниште, кавадаречко и И.И. (19) од Кавадарци, поради сомнение...

Економија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Со нас народот живее подобро, платите растат, инфлацијата се топи

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните имаат повеќе пари, платите растат, а инфлацијата е стабилизирана, пишува во денешното соопштение на партијата....

Македонија10 часа

Филипчe: ВМРО-ДПМНЕ се гушка со ДУИ, ние ја научивме лекцијата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за телевизија Сител категорично ја отфрли тезата дека неговата партија ја рехабилитира Демократската...

Македонија10 часа

Перински пред гласањето на 12 септември: Ако не се донесе законот, градоначалниците ќе останат без контрола

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, потврди дека институциите прават максимални напори новите измени на Законот за локална самоуправа да...

Свет11 часа

Тој е „предатор“ и „чудовиште“: Макрон со навреди кон Путин, Москва реагираше

Русија остро го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон за, како што рече, „вулгарните навреди“ откако францускиот претседател го нарече рускиот...

Македонија11 часа

Македонија ќе ја зафати невреме со пороен дожд, силен ветер и град

Македонија денеска ќе биде погодена од нестабилно време кое ќе донесе големи промени во текот на денот. Утринските часови ќе...

Топ1 ден

Маж ја тепал бремената сопруга: јa притискал за вратот и ја удирал главата од креветот

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против државјанин на Република Хрватска, кој е осомничен за кривично дело...

Македонија1 ден

Тројца повредни во пожарот во дискотеката „Пулс“ сè уште се во болница: еден во Истанбул, двајца во „Систина“

Тројца повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“, при што загинаа 62 лица, веќе шести месец се на болничко лекување. Директорот...

Топ1 ден

Полово вознемирувал малолетно девојче: уапсен 75-годишен маж од Тетовско

Вчера во 17:00 часот во СВР Тетово е лишен од слобода З.Б.(75) од тетовско. Тој се сомничи за сторено кривично...

Македонија1 ден

Мицкоски: Почнуваме со проектот за третата фаза од пругата кон Бугарија

„Тоа ќе биде од големо значење за нас како држава, за Македонија како целина, бидејќи на тој начин ќе ја...

Македонија1 ден

И без документи, оние што се сомневаат дека биле непотребно оперирани нека поднесат претставка, повика Клековски

Сите што се сомневаат дека биле непотребно оперирани по скандалот дека се правеле операции на срце само за да се...

Македонија1 ден

Николоски: Почнуваме со реконструкција на обиколницата кај Крива Паланка, активно се работи и на граничниот премин

Имаме рекордни инвестиции во инфраструктурата во Крива Паланка и регионот. Само преку Владата, преку двата јавни повици инвестираме преку 200...

Македонија1 ден

(Видео) Шукова: Преку БРТ-системот јавниот превоз во Скопје ќе го решиме до средината на 2028

Јавниот превоз во Скопје е една од клучните слабости на Градот. ДПМНЕ и Арсовска ветуваа нови еколошки автобуси, бесплатен јавен...