Спорт
Персон објави крај на кариерата
Една од најдобрите скијачки во историјата, Швеѓанката Ања Персон, објави дека по завршувањето на сезоната ќе стави крај на професионалната кариера.
Една од најдобрите скијачки во историјата, Швеѓанката Ања Персон, објави дека по завршувањето на сезоната ќе стави крај на професионалната кариера. Персон ова го објави на официјалната интернет страна на Скијачкиот сојуз на Шведска. Во соопштението таа наведува дека повредите, особено онаа на левото колено, во последно време ја спречувале да се натпреварува на највисоко ниво. Персон која на 25. април ќе наполни 31 година, последните трки во профи кариерата ќе ги вози викендов во Шладминг, каде ќе заврши сезоната во Светскиот куп. Извонредната Швеѓанка, кариерата ја започна во 1998 година, во Светскиот куп има забележано 42 победи и се наоѓа на петтото место на вечната листа. Пред неа се Анемари Мозер-Прел (62), Френи Шнајдер (55), Линдзи Вон (52) и Ренате Гечл (46). Најмногу победи, Персон има во слалом, вкупно 18, 11 пати победила во велеслалом, шест пати во спуст, три во супер велеслалом и три во супер комбинација. Големиот Кристален глобус, за севкупна победничка во Светскиот куп, го има освојувано два пати, во 2004 и 2005. Во блескавата кариера има освоено пет мали Кристални глобуси (три во велеслалом и по еден во слалом и комбинација). На Светските првенства има освоено седум златни медали, додека на Олимписките игри се закитила со шест медали, од кои само еден е златен. Единственото злато на олимпијадите, Персон го освои во 2006 година во Торино, кога победи во слаломската трка. крај/index.hr/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Навивачите протестираат поради Дончиќ, извадија и мртовечки ковчег
Навивачите на Далас пред натпреварот на локалниот хокеарски тим, организираа протест поради трејдот на Лука Дончиќ на Лејкерси.
Не само за љубителите на хокејот, натпреварот Далас-Колумбос беше интересен за широката публика. Барем неговата предигра, која навивачите ја искористија за да протестираат против управата на Далас Маверикс за размена на првата ѕвезда на тимот, Лука Дончиќ, со Лос Анџелес Лејкерс.
Насобраните фанови направија погребен декор, со дресови, слики и транспаренти посветени на нивниот омилен играч.
А како врв на се, беше донесен ковчег со транспарент на кој пишуваше „најлошиот трејд во историјата на НБА“.
Лука Дончиќ, заедно со Макси Клебер и Маркиф Морис, беше трејдуван на Лејкерси во замена за Ентони Дејвис и Џејлен. Худ-Шифин и два избора од вториот круг на драфтот.
Dallas Mavericks fans brought a coffin outside American Airlines Center, the Mavericks’ home arena, while playing “See You Again” in protest of the Luka Doncic trade pic.twitter.com/nvtO4QjPko
— FearBuck (@FearedBuck) February 2, 2025
Спорт
Дефанзивецот на Црвена звезда се сели во Вулверхемптон
Фудбалерот на Црвена звезда, Насер Џига, до крајот на денот ќе се пресели во Премиер лигата.
Дефанзивецот ќе му се приклучи на Вулверхемптон, а според српските медиуми, англискиот премиерлигаш ќе плати 11 милиони евра и 2 милиони преку можни бонуси. Црвена звезда ќе го задржи правото и на пет или десет проценти од следниот трансфер.
Џига имаше излезна клаузула од 8.500.000, но добрите игри во Лигата на шампионите и фактот што неколку клубови беа заинтересирани ги натера челниците на Вулверхемптон да понудат поголема сума како обештетување.
Џига (22) е репрезентативец на Буркина Фасо, во Црвена звезда пристигна од Базел во септември 2023 година на позајмица, а клубот потоа за три милиони евра го откупи неговиот договор.
Спорт
Питлик: Некој да им објасни на Хрватите дека вака не се игра ракомет
Ракометарот на Данска Симон Питлик имаше порака за хрватските колеги по победата во финалето на 29. Светско првенство.
Во мечот за титулата во Осло, Данците лесно ја совладаа Хрватска и победија со 32:26, со што четврти пат по ред станаа светски шампиони.
Хрватите го одиграа финалето доста грубо, а покрај директниот црвен картон на Марко Мамиќ имаше и многу фаули што го изнервираа Симон Питлик.
„Треба некој да им објасни на Хрватите дека вака не се игра ракомет. Ваков ракомет можат да играат само во Загреб, каде што судиите се на нивна страна. Правеа луди фаули. Само така можеа да не победат. Тоа не им успеа затоа што ние сме попаметни. Добиваа глупави исклучувања, внесоа премногу емоции“, истакна Питлик.
На Питлик не му пречеше премногу грубата игра на Хрватите, бидејќи мечот го заврши со четири гола. Питлик со 50 гола заврши на четвртото место на листата на најдобри стрелци.
За потсетување, Франција го освои бронзениот медал со тесната победа (35:34) против Португалија.