Регион
Штрајк на словенечката полиција

Словенечката полиција во среда наутро започна штрајк.
Претседателот на полицискиот синдикат Зоран Петрович рече утрово пред новинарите пред зградата на Владата дека со штрајкот сакаат да спречат понатамошно влошување на безбедносната состојба во земјата и најави можна ескалација на штрајкот доколку не дојде до напредок во преговорите со владата околу условите за работа и платата.
Полицијата бара зголемување на платите за 35 отсто, што нивните примања би ги довело на ниво на европскиот просек, тврдејќи дека станува збор за ветување на владата од пред повеќе години што требало да се исполни откако националниот БДП ќе порасне за 2,5 отсто, што се случи оваа година.
Според оценката на владата, исполнувањето на барањата на полицискиот синдикат би го чинело буџетот 90 милиони евра годишно, девет пати повеќе од помошта што Европската комисија(ЕК) ја одобри на Словенија заради бегалската криза, која мораше максимално да ја ангажира полицијата, како и дел од војската. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.
Регион
(Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици

Силно невреме, проследено со јак ветер и дожд, денес зафати делови од Србија.
Само во Белград, ветерот собори дрвја и гранки на повеќе од 50 локации.
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од паднати дрвја и скршени гранки.
Силниот ветер што дуваше во Нови Сад собори дрво.
Силен ветер дуваше и во Белград, а повремено имаше врнежи проследени со грмотевици.
Силна бура го погоди и Зрењанин.
Ветрот кршеше гранки од дрвјата, а поради дождот, водата остана на патиштата.
Налети на ветер превртеа камион кај Зрењанин, според написите во медиумите од регионот.
Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролетни, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.