Контакт

Здравје

Отстранување на кожни израстоци

Објавено пред

Otkrivanje i dijagnoza na kozni izrastoci

Секој кој има или имал некој кожен израсток си поставувал бројни прашања како на пример: Дали е тоа безбедно да се отстрани? Како можам да бидам сигурен дека не е бемка? Дали да посетам дерматолог или пластичен хирирг? Дали ќе ми остане лузна после отстранувањето?

dobivaj vesti na viber

Повеќето од луѓето во минатото, па и сега, при израстоци на кожата се обраќале кај надрилекари, каде што кожните промените ги гореле или ги премачкувале со некоја течност, по која тие отпаѓале. Ако промената била бемка и не била препознаена во дадениот момент, таа по некое време и со лошо третирање ќе премине во малигнен карцином на кожата, меланом. Всушност тоа е коренот на митот кој владее меѓу луѓето, дека не треба да се отстрануваат израстоците на кожата.

Како е најбезбедно да се отстранат израстоците на кожата? Кога ќе решиме да отстраниме некој израсток на кожата, најважно е прво да посетите дерматолог. Да се направи преглед, да се процени израстокот, да се анализира и фотодокументира со компјутерска дерматоскопија. На крај извадениот материјал се анализира под микроскоп, хистопатолошки. На овој начин се запазени сите критериуми за безбедност и вашето здравје не е загрозено.

Дали да посетам дерматолог или пластичен хирург? Израстоците на кожата нетреба секогаш да се отстрануваат длабоко и потоа да се шијат со хируршки конец, тоа значи дека секогаш не ни е потребен пластичен хирург. Една од водечките технологии за отстранување на кожни израстоци е радиобранова технологија, која во последните неколку години завзема водечко место во корективната дерматологија. Со радиобрановата технологија се отстрануваат промени како: папиломи, себореични кератози, вирусни брадавици, враснати влакна и генитални брадавици.

Како да ги препознаам кожните израстоци? Папиломите или во народот познати како диви мевца, обично растат на петелка, светли се по боја и се наоѓаат под пазуви, гради или препони како и на други делови на трупот.

Себореични кератози, сончеви или старечки кератози наликуваат на брадавици, по боја се кафени, меки се и лесно се ронат. Најчесто се лоцирани на лицето, скалпот кај мажите, вратот, но и на други делови од телото.

Генитални брадавици се меки брадавичасти израстоци околу гениталната регија, и кај машките и кај женските генитални органи. Типично за нив, е дека се шират и размножуваат, а одредени типови даваат ризик на генитален карцином и затоа се препорачува да се третираат.

Вирусните брадавици се најчесто лоцирани околу вратот, деколтето, под градите, но и на рацете и на нозете, односно табаните. Често на табаните не се препознаваат и се сфаќаат како жуљеви. Истите се шират и се спојуваат, а со тоа се отежнува процесот на отстранување. Поради нивното ширење и можноста за пренос на други лица, се препорачува да се отстранат на време.

Кој е процесот на радиобранова технологија? Радиобрановата технологија е постапка со која ткивото се отстранува или уништува со генерирање на топлина, со помош на енергија од радиобранови. Резултат од ова е, во исто време сечење и коагулирање на ткивото, па затоа, при оваа метода не е потребно да се употреби хируршки конец за да се затвори раната. Естетскиот резултат, степенот на болка и брзината на заздравување се многу подобри во однос на постарите методи, односно користење на скалпел или силни хемикалии за уништување на одредени лезии.

Дали ќе остане лузна после отсранувањето? Бидејќи процесот на отстранување не е многу длабок, вообичаено не останува лузна на третираното место. Но, лицата кои се склони кон создавање келоиди или груби лузни имаат поголем ризик да им остане лузна, значи се зависи од природниот ген кој го носиме.

Д-р Анета Петрушевска Кокалевска, спец. Дерматолог во Дерматолошко естетска ординација „Д-р Анчевски“ советува при какви било кожни промени или израстоци на кожата, секогаш прво обратете се кај дерматолог, кој на најпрофесионален начин ќе се погрижи израстокот на кожата со најсодветната техника да биде безбедно отстранет и без никакви последици по вашето здравје.

Извор: Макфакс

Одличен совет за мазна кожа

Забава

Топ-5 продукти за производство на колаген, кожата станува сјајна и мазна

Објавено пред

Колагенот е протеин кој е неверојатно важен за одржување на младешка кожа. Како што старееме, колагенот се разградува и еластичноста на кожата се губи.

dobivaj vesti na viber

За среќа, одредена храна може да помогне да се надополни овој важен протеин.

Риба

Рибата, особено морската храна, е богата со минерали кои се одговорни за производство на колаген, како што е цинкот. Содржи и многу омега-3 масни киселини кои помагаат во одржување на влажноста и еластичноста на кожата.

Чиа семиња

Чиа семето се иднината на убавата кожа, пред се благодарение на нивните неверојатни својства. Омега-3 масните киселини, со кои се богати, делуваат против акни и брчки, но и многу поволно делуваат на побрз раст на косата и ноктите.

Зелен зеленчук

Речиси сите зелени зеленчуци содржат хлорофил, пигмент кој го зголемува нивото на проколаген во телото. Хлорофилот исто така ја штити кожата од стареење, бидејќи телото го користи за борба против слободните радикали и УВ зраците кои ја оштетуваат кожата.

Домати

Богат е со ликопен, кој ја штити кожата од УВ зраците и ја стимулира синтезата на колаген. Сè што ви треба за здрава, мазна и без акни кожа е свеж домат.

Доматите се богати со витамини, како што се А, Ц, Е, К и Б6, кои на кожата и ја обезбедуваат потребната исхрана.

Со секојдневно консумирање домати, кожата на лицето ќе ви стане сјајна и мазна, а лузните од акните и акните ќе исчезнат. Киселоста во доматите исто така може да помогне во балансирање на нивото на pH во вашата кожа.

Авокадо

Еден од најдобрите извори на здрави масти е авокадото. Содржи и корисни масти кои го подобруваат здравјето на кожата и го зголемуваат производството на колаген.

Според некои истражувања, во земјите каде жителите консумираат големи количини на незаситени масти, појавата на брчки е значително помала.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) 7-минутно вежбање за рамен стомак: одличен ако сакате брзи видливи резултати

Објавено пред

Доколку немате време, но сакате да имате рамен и затегнат стомак и да бидете подготвени за лето, во тоа може да ви помогнат редовните тренинзи и овие едноставни вежби.

dobivaj vesti na viber

Иако честопати размислуваме за тренирање и слабеење во периодот пред да одиме на одмор, создавањето и, уште поважно, одржувањето на добрите навики е клучно за создавање на идеалната фигура.

Многу луѓе се фокусираат на пределот околу нивниот стомак, што често е предизвик да се во форма, но благодарение на ефективни тренинзи, тоа не е невозможно!

За да постигнете рамен и затегнат стомак, треба да комбинирате правилна исхрана, редовно вежбање и здрави животни навики. Јадете здрава и урамнотежена исхрана која вклучува разновидна храна како што се овошје, зеленчук, цели зрна, немасни протеини и здрави масти.

Исто така, намалете го внесот на преработена храна, брза храна, слатки и газирани пијалоци и внимавајте на големината на порциите за да избегнете прејадување.

Потоа, не заборавајте да хидрирате! Пијте доволно вода во текот на денот за да останете хидрирани, бидејќи водата помага во регулирањето на метаболизмот и варењето.

Независно од тоа што летно време имаме тенденција да бидеме мрзливи, добрите навики и редовното вежбање се клучни за постигнување идеален изглед.

Од друга страна, ова не мора да се долги и напорни тренинзи, бидејќи само неколку минути активност дневно може да бидат доволни за да ги постигнете посакуваните резултати!

Вклучете редовни физички вежби во вашиот распоред што вклучува кардиоваскуларни вежби за согорување на маснотии и вежби за сила за зајакнување на вашите стомачни мускули. Стомачни, планк, вежби за возење велосипед и вежби со пилатес топка може да бидат корисни за зајакнување на вашите стомачни мускули.

Прикажи повеќе...

Забава

Што е поефикасно: 10.000 чекори дневно или 30 минути вежбање

Објавено пред

Сите видови бројачи на чекори станаа дел од нашите животи. Кога фитнес-бројачот покажува 10.000 чекори дневно, ние сме во искушение да се откажеме од претходно планираниот тренинг.

dobivaj vesti na viber

Без разлика дали се работи за спорт или чекори, има премногу нијанси што влијаат на природата на активноста и на нејзината ефикасност.

Дали е навистина подобро да се избере едното или другото?

Кога станува збор за здравјето, не постои едно решение што им одговара за сите. Интензивно одење или напорно вежбање?

Многу експерти сè уште препорачуваат комбинирање на овие два вида вежбање. 10.000 чекори дневно значи дека сè уште сте активни, но ниту спортот не треба да се отпише. Аеробниот тренинг или тренингот на сила е уште еден клуч за здравје и благосостојба.

Тренингот на сила ги гради мускулите, кои се сметаат за метаболистички активно ткиво во телото и затоа се одговорни за целокупното здравје.

Ако од која било причина имате само 30 минути за вежбање, треба да се потрудите. Се препорачува да изберете интервален тренинг со висок интензитет, кој комбинира аеробни и вежби на сила.

Ова оптоварување е оптимално не само за одржување на формата туку и за здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Следете ги вашите чекори

Промената на режимот на тренирање не значи дека треба да заборавите на бројачот на чекори. Напротив, продолжете да го следите овој индикатор за да знаете колку сте биле активни во текот на денот.

Посакуваниот резултат на подолг временски период ќе биде одличен мотиватор да продолжите да се движите, па дури и да ви помогне да ги завршите тие 30 минути тренинг кога воопшто немате енергија.

Обидете се да комбинирате вежби и продолжете да одите – дури и ако ви се чини дека таквите оптоварувања се минимални.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Триото Трендафилов, Деановски и Пешевски, заедно имаат месечни примања околу 5.000 евра

Триото Трендафилов, Деановски и Пешевски, заедно имаат месечни примања околу 5.000 евра, или над 3 милиони денари годишно, немаат претстава...

Свет41 минута

Неколку згради во Бангкок се евакуирани како мерка на претпазливост поради последиците од земјотресот

Неколку згради во Бангкок се евакуирани поради извештаи за вибрации и пукнатини кои се појавиле во зградите, објави Бангкок пост....

Македонија1 час

Охрид СОС алармира за изградба на хотел во Горица

Во извештајот на Реактивната мониторинг мисија (РММ) на УНЕСКО која престојуваше во Охрид минатиот март стои: „Додека мисијата се приближуваше...

Свет2 часа

Трамп: Зеленски сака да се повлече од договорот за минерали, ќе има проблеми ако го направи тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да се повлече од договорот за минерали, пренесоа американските...

Свет2 часа

Жена спасена по 60 часа под урнатините, најмалку 1.700 загинати во земјотресот во Мјанмар

Три дена по силниот земјотрес што го погоди Мјанмар, властите проценуваат дека загинале најмалку 1.700 луѓе. Спасувачките тимови се обидуваат...

Македонија19 часа

Христијан Стојанов е уште едно младо момче што влезе во „Пулс“ за да спасува луѓе: „Обезбедувањето ни помогна многу“

Осумнаесетгодишниот Христијан Стојанов е уште еден херој од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој не размислувајќи за сопствениот живот...

Македонија20 часа

Подобрена е состојбата кај двајца пациенти кои се лекуваат во Солун, од интензивна нега преместени се на пластика

Министерството за здравство информира дека нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти од вчера, во Скопје вкупно се лекуваат 16...

Македонија21 час

Oсмани и Адеми во посета на семејството на Бектеши за Бајрам: „Неправедно е обвинет, ја имате нашата поддршка“

Поранешниот министер за здравство Бујар Османи и портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, за Рамазан Бајрам го посетија семејството на ексминистерот...

Македонија21 час

„Не пројдоа ни 40 дена од трагедијата“ – Мицкоски смета дека е рано да се размислува за градоначалник на Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека рано е да се размислува за заеднички кандидат за градоначалник на Кочани, по информациите дека...

Македонија23 часа

Планинарката Ивона која загина во пожарот е ќерка на единствената пожарникарка во Кочани, колегите тагуваат

Дваесет и едногодишната Ивона Антова – планинарка која загина во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е ќерка на единствената жена пожарникар...

Македонија1 ден

Прво сведоштво на Костадинов за пожарот: Се измокрив со црево и влегов низ прозорецот кај билетите, ги вадевме луѓето еден по еден

Со маса го скршив прозорецот и со цревото прскавме вода внатре. Вака 19 годишниот Јован Костадинов кој спаси 21 живот...

Македонија1 ден

Попладнево пороен дожд, грмежи и ветер, најавија метеоролозите

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава...

Топ2 дена

Деца од Битола принудувале врснички сексуално да ги задоволуваат, имале компромитирачки материјали

Деца од Битола принудувале врснички полово да ги задоволуваат, заканувајќи им се со компромитирачки материјали кои ги поседувале. Случајот во...

Спорт2 дена

(Видео) Кочани, Кочани… емоции на првиот фудбалски натпревар во градот по трагедијата

Денеска беше одигран првиот фудбалски натпревар во Кочани по трагедијата со пожарот во дискотеката „Пулс“. Мечот се одигра помеѓу тимот на...

Македонија2 дена

Влошена е состојбата кај двајца критични пациенти кои се лекуваат по пожарот, информира Таравари

Влошена е состојбата кај двајца пациенти кои се лекуваат по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Вкупно четворица се во...

Македонија2 дена

(Видео) Пиротехниката во затворен простор ќе се најде пред пратениците, се менува Законот

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред и мир, со што се става ред...

Македонија2 дена

Случајот со Фросина Кулакова не’ собра, а причина е системот, велат од „Кој е следен“ по обвинувањата дека ја злоупотребиле трагедијата

Точно е дека движењето „Кој е следен?“ настана по сообраќајната несреќа на Партизанска кога загина Фросина Кулакова. Тоа не’ собра...

Македонија2 дена

(Видео) Шукова: Можеби храната што ја јадеме е под ризик порди излевањето во Крива Река

Се’ што се продава на пазарите во Скопје, Куманово, Паланка, Велес и другите градови, се наводнува од Вардар, Пчиња, Крива...

Култура2 дена

Филип беше ураган од љубов – во Штип се одржа комеморација за музичарот Стевановски кој загина во пожарот

Во Штип се одржа комеморацијата за директорот на штипскиот центар за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски, кој тагично го загуби...

Македонија2 дена

Утре еден час помалку спиење – во два по полноќ почнува летното сметање на времето

Вечерва, сабота кон недела, почнува летното сметање на времето. Тоа значи дека стрелките на часовникот во два часот наутро на...