Свет
Смртта на руската активистка се уште мистерија
При неодамнешната посета на Русија на германската канцеларка Ангела Меркел, рускиот претседател Дмитри Медведев и соопшти дека истрагата го идентификувала и го лови убиецот на активистката за човекови права Наталија Естемирова, која беше убиена во 2009 година
При неодамнешната посета на Русија на германската канцеларка Ангела Меркел, рускиот претседател Дмитри Медведев и соопшти дека истрагата го идентификувала и го лови убиецот на активистката за човекови права Наталија Естемирова, која беше убиена во 2009 година, пишува германскиот магазин „Шпигел“, пренесува Макфакс. Сепак, многумина и во Русија и надвор од неа сметаат дека Медведев се излажал. Како прво, главниот осомничен е мртов. Како второ, никој не верува дека тој го сторил тоа. Германската канцеларка овој одговор го доби откако успеа во многу кусата посета на земјата да најде време да праша и за напредокот во истрагата. Одговорот на нејзиното прашање до Медведев беше даден зачудувачки бргу. „не е точно дека нема никаква истрага“, рече Медведев. Според него, случајот темелно се истражува и „убиецот е прецизно идентификуван“, како и дека во тек е „меѓународна потрага по извршителот“. Ова, велат поранешни колеги на убиената Естемирова, не е многу веројатно. Арсениј Рогински, шеф на организацијата за човекови права „Меморијал“, каде што Наташа работеше во моментот кога беше убиена, вели дека рускиот претседател најверојатно „поседува неточни информации“. Се чини и дека еден неодамнешен извештај објавен во московскиот дневен весник „Новаја газета“ го поткрепува ваквиот скептицизам. Весникот известува дека истражителите сега тврдат оти Естемирова била убиена од чеченски борец со име Алказур Башаев. Но, испрашувањето на овој осомничен е невозможно, затоа што руските сили за безбедност го убиле уште кон крајот на ноември минатата година. Естемирова беше киднапирана од нејзиниот дом во грозни на 15 јули, 2009 година, а нејзиното тело изрешетано со куршуми беше пронајдено кусо по тоа. Во моментот на смртта, таа истражуваше чувствителна тема: прекршување на човековите права во Чеченија. Британскиот јавен сервис Би-Би-Си јави дека таа истражувала мачења на затвореници и вонсудски егзекуции, извршени и од руските сили за безбедност и од чеченските паравоени групи. Претседателот на Чеченија, кој беше назначен од Кремљ, Рамзан Кадиров, кусо по нејзината смрт ја опиша Естемирова како „жена без чест или срам“. Но, Медведев изрази згрозување од убиството и вети темелна истрага. Според локални новинари кои ги следеле случајот, истрагата од почетокот тргнала како што треба, но наскоро „замрзнала“. Истовремено, Александар Чаркасов, портпаролот на „Меморијал“, за „Шпигел“ изјави дека обвинувањата против чеченскиот борец Башкаев се неубедливи. Истражителите теоретизираат дека Башаев се одмаздил поради критичките извештаи кои ги испраќала Естемирова и престанале да ги проверуваат другите можни објаснувања. „ Се изгледа премногу наместено, како да сакаат да ја префрлат вината врз мртов човек“, вели Чаркасов. Критичарите потенцираат дека Естемирова никогаш конкретно не го споменала Башев во своите извештаи. Тие исто така велат и дека истражителите одбиле да ги следат и другите очигледни траги. Примероците на ДНК од тројца мажи, на пример, што беа пронајдени под ноктите на Естемирова. Многумина велат дека напорите да се дознае кому припаѓаат тие примероци биле недоволни. Кремљ одби да коментира дали наводите кои Медведев и ги пренел на Меркел се однесувале на Башаев. „Не ги знаме деталите“, кусо соопштија од таму. Руските активисти за човекови права, а особено оние кои работат за „Меморијал“ и натаму се сомневаат дека чеченскиот претседател Кадиров стои зад убиството. Тој жестоко негираше каква и да е вмешаност. Сепак, тој никогаш не се ни обиде да го затскрие својот презир кон „Меморијал“. Тој неодамна изјави дека оваа организација е „непријател на народот, законот и државата“. /крај/ сс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Две лица загинаа во најновите руски напади со дронови врз Украина
Маж и жена загинаа во украинскиот град Днипро откако Русија изврши нов бран напади со дронови во текот на ноќта, соопштија денеска официјални лица.
Во нападот избувнал пожар, а една куќа е целосно уништена, изјави воената гувернерка Олександр Ханжа во објава на Телеграм.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта извршила вкупно 90 напади со дронови низ целата земја, од кои околу десетина завршиле со директни погодоци.
Нападите се случуваат во време кога руски и украински претставници денеска треба да се сретнат во Абу Даби на нови разговори за можен крај на војната.
Разговорите следуваат по слична средба одржана минатата недела, прва по подолга пауза, но овојпат без присуство на американски посредници.
Со цел создавање позитивна основа за разговорите, Русија го прифати барањето на американскиот претседател Доналд Трамп привремено да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура, откако претходните напади врз електраните оставија илјадници луѓе без струја, греење и вода, при температури под нулата.
Според Кремљ, ограничениот прекин на огнот треба да трае до денеска.
Во меѓувреме, во Украина продолжуваат работите за обновување на снабдувањето со електрична енергија по вчерашниот прекин, предизвикан од дефект на далноводите.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека околу 1.000 домаќинства и натаму се без греење, откако тешкото руско бомбардирање ја оштети електроенергетската и топлинската инфраструктура на главниот град.
Свет
Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба
Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање на стоки, услуги и обврски, соопшти Министерството за финансии на Бугарија.
Според законот за воведување на еврото во Бугарија, цените на стоките и услугите и понатаму ќе бидат истакнати во двете валути до 8 август 2026 година, со цел да се обезбеди транспарентност и да се спречат шпекулативни практики, јавија бугарските медиуми.
Граѓаните на Бугарија кои и понатаму поседуваат левови можат бесплатно да ги заменат во банките и во „Бугарски пошти“ до 30 јуни 2026 година, додека Националната банка на Бугарија (БНБ) ќе обезбеди бесплатна и неограничена замена на левовите во евра и по тој датум.
Министерството за финансии потсетува дека трговците веќе немаат обврска да примаат левови, а кусурот во секоја трансакција се враќа исклучиво во евра.
Бугарија на 1 јануари 2026 година официјално го воведе еврото и стана 21-ва членка на еврозоната, точно 19 години по влезот во Европската унија.
Свет
Трамп: Најновите документи за Епстин ме ослободуваат од обвинувањата
Американскиот претседател Доналд Трамп, реагираше на објавувањето на повеќе од три милиони страници документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, тврдејќи дека документите го ослободуваат од обвинувањата.
– Не сум ги видел документите лично, но некои многу важни луѓе ми кажаа дека тие не само што ме ослободуваат, туку покажуваат спротивно од она што радикалната левица и другите го очекуваа, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион „Air Force One“, пренесува „Тајмс“.
Трамп, кој призна дека бил пријател со Епстин, повеќепати негираше каква било вмешаност или сознанија за неговите сексуални злодела, истакнувајќи дека нивното пријателство завршило пред многу години.
Министерството за правда на САД предупреди дека објавените документи можат да содржат „невистинити и сензационалистички“ тврдења за Трамп.
Министерството за правда на САД завчера објави повеќе од 3,5 милиони страници документи, околу 2.000 видео-снимки и 180.000 фотографии во рамките на новата серија материјали поврзани со случајот на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.

