Македонија
Починатиот од свински грип е скопјанец
Триесет и две годишниот пациент кој вчера попладне почина од свински грип на Клиниката за инфективни болести, не е тетовчанец, туку е од Скопје.
Триесет и две годишниот пациент кој вчера попладне почина од свински грип на Клиниката за инфективни болести, не е тетовчанец, туку е од Скопје.
Ова денеска за Макфакс го потврдија извори од Министерството за здравство, од каде информираат дека денеска попладне ќе бидат соопштени детали за случајот.
Надлежните, по вчерашното соопштување за првиот смртен случај од вирусот А (Х1Н1), не појаснија дали станува збор за хронично болен и како дошло до тоа да заврши со смртен исход.
На Клиниката за инфективни болести за живот се бори и 55 годишна жена, заразена исто така од свински грип. /крај/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ахмети: Да работиме заедно за правилно образование на генерациите, во духот на меѓусебното почитување
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети со објава на својата Фејсбук страница го честиташе 24 мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј.
„Секој народ ги постави темелите на својот мајчин пишан јазик со неуморната работа на многу мисионери кои го запечатија неговото вечно постоење.
Универзалниот јазик на народите е знаењето, единствениот пат кон напредокот, затоа на сите мои сограѓани од македонската заедница им го честитам 24 мај – денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.
Секој ден да размислуваме за пожртвуваноста на сите образовни мисионери и да работиме заедно за правилно образование на генерациите во духот на меѓусебното почитување на сите идентитетски вредности“, пишува Ахмети.
Македонија
Мицкоски: За скоро време ќе имаме нова влада, следува ново поглавје со работа, одговорност и резултати
Првенствено ќе се посветам на она што најмногу го засега секој еден човек, а тоа е потребата за подобар живот и изградба на заедничка иднина. Големата поддршка која ја добивме од граѓаните, значи огромна одговорност да излеземе со чист образ пред граѓаните и да кажеме како стојат работите реално, и без разубавувања, но и да направиме брзи резултати, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Струга во црквата Св. Богородица – Калишта, каде се одржа свеченост по повод одбележувањето на празникот на Св. Кирил и Методиј.
„Следува ново поглавје, каде државата се враќа на народот, и Македонија мора да има резултати и сила за големи победи. Новото поглавје се темели на одговорност, на морал и вредности кои се обврзувачкото кредо кое мора да се почитува. За брзо од сега ќе имаме нова влада. Тоа го посакувавме од првиот ден на оваа наша напорна и голема битка. Но, формирањето на владата е лесниот чекор, затоа што крупните чекори мора да бидат резултатите кои мораме да ги испорачаме“, кажа Мицкоски.
Мицкоски укажа дека многумина се гледаат на различни позиции, функции и места, и додаде „никогаш тоа за мене не преставувало билет за добар живот, туку обврска за голема одговорност на тој кој ја дава оваа власт, а тоа е народот“.
„Бидете свесни дека секое ваше потфрлање ќе биде разочарување на народот и луѓето чии дланки ги стиснавме во нашата повеќегодишна битка за ставање на крај на ова владеење“, вели Мицкоски.
Според Мицкоски секоја стисната дланка е рака на подадена надеж, секој разменет збор ново очекување.
„Добиената поддршка мора да се заслужи и одработи. Мора да се покаже задолжителна доблест и пример во владеењето и да се покаже одговорност. Работете беспоштедно од првиот ден, решавајте што е можно повеќе проблеми и бидете промената која може и мора да се види од првиот час. Секој ќе добие шанса, секој од вас, но таа шанса е обврска која морате да ја исполните. Знајте дека ја имате мојата доверба, но и ќе ја имате мојата апсолутна жестокост без пардон доколку било кој од вас влезе во коруптивни или заткулисни игри“, заклучи Мицкоски и дополни дека мораме да се обединиме под исто знаме, по исто небо и да работиме за заедничката иднина.
Македонија
Продолжениот викенд ги наполни граничните премини
Гужви и голема фреквенција на возила утрово беше забележана на граничните премини Богородица и Табановце. Според снимките од видео-камерите на Јавното претпријатие за државни патишта забележителни беа колоните возила кои чекаа на граничните премини.
Според МВР, во периодот од 10 часот вчера до 10 утрово на ГП Богородица за влез во Република Северна Македонија вкупно се пријавиле 3.444 патници.
– За излез од Република Северна Македонија се пријавиле вкупно 12.394, а севкупниот број на патници за влез и излез е 15.838, граѓани.
Продолжениот викенд голем број граѓани од земјава ќе го искористат за посета на туристичките центри, а најфреквентен е граничниот премин за влез кај јужниот каде празнично се чека и по повеќе од час во километарски колони.
За викендите и за празниците, метежите на граничните премини Табановце и Богородица се вообичаени а гужви се очекуваат и во недела.