Македонија
Права, дискриминација и насилство врз деца – истражување на „Меѓаши“
Над 70 отсто од децата на школска возраст не ги познаваат своите права
Генерален заклучок од анкетата на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ е дека над 70 отсто од децата на школска возраст не ги познаваат своите права, а останатите знаат дека имаат права но немаат подетални информации за нив.
Децата и кога може да идентификуваат дека некои од нивните права е повредено не знаат каде да се обратат за да го заштитат тоа свое право.
Интересен е податокот дека децата најмногу знаат за детските права од училиште, а дури 65 отсто од нив, доколку им се прекршени правата, не би се обратиле во училиштето.
На прашањето „Дали си слушнал/а за Конвенција за правата на детето?“ 53 отсто од децата одговориле со ДА, а 38 со НЕ. Во семејството, правата на децата најмногу се почитувани од бабите и дедовците, а помалку од мајките и татковците.
Според добиените податоци во рамките на семејството најчесто прекршувањто на детските права се врши од страна на брат или сестра.
При прекршување на некое право, децата најчесто се обраќаат на семејството, а помалку од 25 отсто се обраќаат на СОС телефоните и другите институции.
На прашањето „Дали во твоето училиште се случува насилство?“, дури 56 отсто од испитаниците одговориле со ДА, а 14 отсто дека тоа се случува секојдневно. А, во средните училишта за насилство се за 6 проценти позастапени отколку во основните.
На прашањето „Дали познаваш дете кое професорка или професор го удрило?“, 57 отсто одговориле позитивно, а на прашањето „Дали си информиран за случаи на насилство на ученик врз професор?“ потврдно одговориле 35 отсто од испитаниците.
Децата покрај прекршувањето на нивните права и насилството се соочуваат со дискриминација, но истражувањето на „Меѓаши“ покажа дека 1,3 отсто од децата им е познато правото на еднаквост. 39 од децата анкетирани во ова истражување сметаат дека некогаш во некоја ситуација биле дискриминирани, а 40 отсто чуствуваат дека во некоја ситуација биле обесправени и тоа поради: возраста 44 отсто, социјално потекло 23 отсто, етничка група на која и припаѓаат 17 отсто, полот 16 отсто, вероисповест 15 отсто.
Дискриминацијата на полот повеќе ја чуствуваат девојчињата кои се 19 отсто отколку машките кои во процент изнесуваат 12,2.
Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, во периодот од 1 до 8 јуни 2009 направи истражување меѓу учениците во 41 основно училиште во 7 градови во Македонија, истражувањето е спроведено со анкетен прашалник за правата на децата, насилството и дискриминација. Анкетирањето е спроведено на 2234 ученици, деца од 10 до 18 години со помош на анкетен прашалник. Од вкупните 2234 испитаници според етничка припадност 1282 ученици се Македонци, 659 се Албанци, 74 се Роми, 44 се Срби, 33 се Бошњаци, 31 се Турци и 4 ученици се Власи, останатите 19 припаѓаат на други етнички припадности, а 88 одбиле да одговорат на прашањата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Херојот кој беше убиен во Вејце – Бобан Трајковски, доби споменик
Со почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски, на 28 април, во центарот на Куманово, во 12 часот, ќе биде откриен мурал со неговиот лик, во пресрет на 23-годишнината од неговата херојска смрт.
Бобан Трајковски, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ на Армијата на Република Македонија на 28 години го положи својот живот на олтарот на татковината против терористите од ОНА во 2001 година кај Вејце.
Муралот е изработен од талентираните уметници Младен Трендевски – Трендо, Горан и Дејвид (сограѓани на Бобан).
Организатори на настанот се Здружението СИЛА и колегите од специјалната единица ВОЛЦИ.
Скопје
Муцунски: Аеродром го заслужува најдоброто, започнува реализацијата на голем капитален проект
Градоначалникот на Општина Аеродром, заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и директорката на основното училиште „Блаже Конески“ утрово на работен состанок ја утврдија динамиката по која до крајот на оваа школска година треба да започне реконструкцијата и доградбата на основното училиште „Блаже Конески“.
„Станува збор за важен инфраструктурен проект, онаков каков што заслужуваат граѓаните на Аеродром. По неговото финализирање, Аеродром ќе добие модерно и современо училиште, направено согласно сите европски стандарди, училиште кое ќе биде пример за квалитетна градба, одржливост и енергетска ефикасност“, истакна градоначалникот Муцунски во својата објавата на Фејсбук.
Тој додаде дека најважно од се е што реконструкцијата и доградбата нема да го наруши нормалното функционирање на училишните активности, а нивната организација ќе биде направена во консултација и согласно барањата на родителите, со кои утрово Муцунски одржа состанок.
Македонија
(Видео) Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците
„Благодарност за поканата на нашиот градоначалник Виктор Паунов, тука сме заедно и со кандидатот за пратеник Гордана Барбашка. Како што нашиот градоначалник работи и покрај опструкциите од централната власт, гледате дека се развива и се гради. Во иднина ние планираме да дадеме 250 милиони евра за сите општини во Република Македонија без разлика кој е на власт. Само во Карбинци ќе доделиме 1,8 милиони евра за сообраќајна и комунална инфраструктура, значи дополнително општините ќе се градат и дополнително ќе се развиваат“, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.
„Како што работи нашиот градоначалник во Карбинци, така ќе работиме и ние на централно ниво. Дополнително за жителите од овој крај предвидуваме над 800 милиони евра во 4 годишен мандат за земјоделците што значи реконструкција на сите водоводни канали, да го решиме проблемот со водоснабдувањето, да го решиме проблемот со загарантираниот откуп, и да го решиме проблемот со загарантираната цена. Значи ќе отвораме и нови откупни центри.
Земјоделците од овој крај заслужуваат внимание, заслужуваат да си ја работат земјата тие, а не земјата да ја поседуваат феудалци како Љупчо Николовски и сличните на него.
Македонија е одлучна за промени, Македонија сака да биде горда, и Македонија заслужува да биде повторно твоја.
Затоа ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да ни се приклучат да излеземе заеднички, да ставиме крај на овие црнила и овие сивила кои ги донесоа СДС и ДУИ“, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.