Македонија
Налетот на грипот se намалува

Девет нови пациенти со симптоми на грип се хоспитализирани во изминатите 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
Девет нови пациенти со симптоми на грип се хоспитализирани во изминатите 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Како што соопшти во вторник Министерството за здравство, на Клиниката во моментот болнички се лекуваат 61 лице, а петмина од нив се со потешка клиничка слика и се наоѓаат на респиратор. На инфективното одделение во Воената болница е хоспитализиран само еден пациент и таму во моментот болнички се лекуваат 11 лица. На Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани петмина и таму во моментов болнички се лекуваат 26 деца со симптоми на грип (на возраст од шест месеци до пет години). На Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, во изминатото деноноќие нема нови хоспитализирани и таму во моментот болнички се лекуваат 14 деца. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кирков: Поморот во куќата на стравот продолжува – во Скопје ЗОО починаа уште две лами

„Нашата, Скопската Зоолошка е една хорор приказна изминативе 3,5 години, ја нареков куќата на стравот со цел да некоја “умна” глава превземе нешто за ова што и се случува на оваа установа каде од кога дојде Арсовска на чело на Скопје и со поставувајки ги своите “професионални” кадри за директори во Скопје ЗОО угинаа повеќе од 40 егзотични животни дел од нив под сомнителни околности!“, напиша на социјалните мрежи, советникот во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков.
„Пред 4 или 5 дена починале две лами за кој неофицијално се раскажува дека подолго време појавувале симптоми на туберколоза, а пред само нешто повеќе од еден месец исто така починаа две лами за кој се знаело наводно дека боледуваат од истата болест туберкулоза!
Во Скопје ЗОО се случува вистински хаос, од страна на директорот во сенка Стаменов и другиот на хартија Попов е наредено на вработените за смртта на овие Лами да се сокрие и да не се објави, до таму идат што и покрај законската обврска да ја известат АХВ тие тоа не го прават за што АХВ дознаа утрово од мене.
Неколку дена претходно вработените имале голем притисок и мобинг од горенаведените да влагаат во живеалиштата на Ламите без никаква хтз или заштитна опрема за што истите реагирале дека се небезбедни од причина што сомнежот за туберколоза и симптомите биле видливи, додека пак овие животни не биле дислоцирани во изолација и под ризик биле изложени сите посетители ако знаеме дека туберкулозата е пренослива преку непосредна близина со заболенито животно.
За ова како и за се претходно што се случува во Скопје Зоо некој мора да поднесе одговорност и да одговара! Данела Арсовска што уште ке му направиш на Скопје“, прашува Кирков.
Македонија
ВЛЕН: Отворен Балкан, казина и корупција: наследството на ДУИ

Партијата на Црната листа, Демократската Унија за Интеграција, со функционери обвинети за корупција и контрола над судството, која им служеше на антиалбанските интереси повеќе од две децении, денес има дрскост да обвини дека наводно Република Северна Македонија се внесува во „српскиот свет“, велат од ВЛЕН.
„Токму оваа политичка партија со години ги затвораше очите пред дестабилизирачките проекти на Србија во регионот, станувајќи нивна алатка на сметка на Албанците и граѓаните на оваа земја. Тоа е партијата чии главни функционери се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков. Јавно прашуваме, дали заборавија дека токму поранешните функционери на ДУИ ентузијастички ја прифатија иницијативата „Отворен Балкан“, најважниот српски геополитички проект по распадот на Југославија, само за да ги зачуваат привилегиите на својот политички клан? Дали заборавија дека токму тие се наредија рамо до рамо со Вучиќ и Дачиќ, станувајќи промотори на идејата „Отворен Балкан“ во време кога Албанците гласно се спротивставуваа на овој проект што им служеше на српските интереси и беше целосно против Република Косово? Да не заборавиме, дали токму моќните на ДУИ, Артан Груби и Перпарим Бајрами, главни партнери во бизнисот со казината беа високи експоненти на српското подземје. Замислете ја иронијата, ДУИ, која сервилно ги пречекуваше и ги придружуваше српските функционери со црвени теписи во Македонија, денес продава патриотизам преку стерилни изјави. Отидоа дотаму што Бујар Османи го донесе шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во Македонија. Целата нивна „патриотска“ пропаганда е само фасада за да ги сокријат неуспесите и корупцијата што ја имаат на своите рамена“, велат од коалицијата.
ВЛЕН додава дека тие се истите оние што денес врескаат од страв да не изгубат на следните локални избори, од страв дека албанските граѓани повеќе нема да можат да ги измамат со лагите и лажниот патриотизам што ги користат само кога се во опозиција.
„ВЛЕН ќе продолжи да работи за граѓаните, за владеењето на правото, за европската интеграција и за заштитата на албанските интереси без да се замори од празните обвинувања на оние кои повеќе од две децении се збогатуваа и ја користеа власта само за нивниот тесен семеен круг. Со голема посветеност, го градиме Коридорот 8 и го зајакнуваме стратешкото партнерство со САД. Северна Македонија е во сигурни раце и ќе се движи кон ЕУ, без корупциските кланови кои станаа потпора на секој проект што доаѓа од Белград, само за да ја зачуваат својата моќ и богатство“, велат од ВЛЕН.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: 38 возила ставени во употреба за гаснење пожари, Владата има конкретен план за справување со пожарите во претстојната сезона

„За разлика од годините наназад оваа година Владата одвои повеќе ресурси и средства со коишто борбата против пожарите ќе се поедностави, а капацитетите се зголемуваат. СДС ја оставија државата без опрема за гаснење пожари и без луѓе. СДС 7 години не набави ниту едно возило за гаснење на пожари. За разлика од тогаш денес Владата има конкретен план за справување со пожари во претстојната сезона“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„38 возила се ставени во употреба за гаснење на пожарите, Македонија за прв пат со оваа Влада добива интервентна пожарна со 50 специјализирани возила за гаснење на шумски пожари, кои имаат одлични карактеристики и капацитети за справување со тешко достапни терени.
Досега имаше само територјални противпожарни единици но немаше ниту едно шумско возило или возило за отворен пожар.
Армиските и полициските возила се пренаменети и ставени на располагање на Владата и на Дирекцијата за заштита и спасување со цел зголемување на капацитетите за справување со пожарите во земјава.
Со пренамена на полициски и армиски возила државата заштедува неколку десетици милиони евра а се зголемуваат капацитетите за гаснење на пожари.
Исто така се очекува во текот на неделата да стигне од сервис и вториот авион којшто беше на сервис, а третиот се очекува да дојде до крајот на месецот или почетокот на август.
На располагање се и по два полициски и армиски хеликоптери кои се подготвени доколку има поголеми пожари и огнени стихии.
Со цел подобрување на состојбите во противпожарните единици ширум Македонија, кои од минатата власт беа оставени во катастрофална состојба без соодветни технички услови и човечки ресурси, се работи и на засилување кадровскиот потенцијал.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на сериозна и целосна трансформација на целиот систем за управување со кризи.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи посветено и има план за полесно справување во претстојната сезона на пожари“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.