Свет
Саркози е првиот претседател кој ги критикува САД поради Роман Полански
Францускиот претседател Никола Саркози е првиот шеф на државата кој јавно ги критикуваше САД поради издадениот налог за апсење на режисерот Роман Полански по обвинението за сексуални односи со малолетничка во 1977 година
„Разбирам дека луѓето се шокирани од сериозноста на обвинувањето против Полански. Меѓутоа сметам дека не може да се нарече добро спроведување на правдата ако тоа се направи 32 години по настанот, кога обвинетиот има 76 години“, изјавил Саркози.Американските власти во Полански гледаа бегалец, откако во 1978 година побегна од САД бидејќи призна дека имал сексуален однос со 13-годишно девојче.Добитникот на Оскар, кој има полско и француско државјанство, е уапсен на 26 септември во Швајцарија и од тогаш се наоѓа во притвор во Цирих.Саркози, меѓутоа, оценил дека коментарите на францускиот министер за култура Фредерик Митеран, кој изјави дека апсењето на Полански е „апсолутно застрашувачко“, биле погрешни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Први резултати од изборите во Хрватска: Милановиќ доби 71 отсто од гласовите
Според првите прелиминарни резултати на Државната изборна комисија на Хрватска, актуелниот хрватски претседател Зоран Милановиќ убедливо го победи противкандидатот Драган Приморац.
Милановиќ освои 71,02 отсто поддршка, а Приморац 28,98 отсто од гласовите.
Според податоците на комисијата, Зоран Милановиќ досега освоил 154.422 гласа, а Драган Приморац 63.027 гласа.
Потсетуваме, Милановиќ убедливо беше победник во првиот круг и му недостасуваа нешто помалку од два отсто од гласовите за да победи и да го добие вториот претседателски мандат уште тогаш.
Регион
(Видео) Хаос во Црна Гора: плажи покриени со снег, паднати дрвја поради силен ветер
Невреме придружено со силен ветер ја погоди Црна Гора. Ветерот создаде проблеми во Подгорица. Соборени се неколку дрвја, а градските служби на терен ги санираат последиците. Сите беа изненадени од снегот кој падна на црногорското приморје.
Во најјужниот град во Црна Гора, во Улцињ, од утрово врне снег. Побелеа и плажите. Неверојатни сцени од палми и плетени чадори на плажите кои побелеа под снегулките. Улцињ, Стари бар и Велики Пијешак останаа без струја поради испадот на далноводите „Можура-Улцињ“ и „Бар110-Улцињ“, поради невремето предизвикано од бурниот ветер.
Градоначалникот на Подгорица Саша Мујовиќ побара од раководителите на службите на главниот град брзо да се координираат.
Ulcinj trenutno ❄️
📹 TV Teuta pic.twitter.com/6EIbFKvKrG
— Berane online (@beraneonline) January 12, 2025
– Ги презедовме сите активности кои можат да придонесат за зачувување на граѓаните, нивното здравје и имот, сите служби се на штрек, подготвени за сите предизвици што не очекуваат кога се во прашање временските непогоди – најави градоначалникот на Подгорица, Саша Мујовиќ.
Вчера беше упатено предупредување до граѓаните на Подгорица и околината за најавените непогоди.
– По повод најавеното невреме кое вечерва ќе го зафати подрачјето на главниот град, а ќе продолжи и во наредните денови, ги известуваме граѓаните, стопанствениците, правните лица и сите субјекти на заштита и спасување за можни силни налети на ветер, лапавица и снег.
— Bojan Lazovic (@lazovicb307) January 12, 2025
Ги повикуваме сите веднаш да преземат превентивни мерки за да се избегне загрозување на човечките животи, имоти и културни и други добра на нашиот град – се наведува во предупредувањето.
Свет
Швајцарија е подготвена да биде домаќин на средба меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин
Швајцарија е подготвена да биде домаќин на средба меѓу новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, кои би се заложиле за решение на конфликтот во Украина, доколку тоа го побараат, објави швајцарскиот весник Le Temps.
– По самитот во Биргенсток, Украина, Русија и САД беа редовно информирани за нашата подготвеност да ги поддржиме дипломатските напори со цел воспоставување мир – изјави шефот на прес-службата на швајцарското Министерство за надворешни работи Никола Бидо, пренесе весникот.
Како што се наведува, сепак, швајцарските власти нема да преземат иницијатива по ова прашање, а весникот посочува дека таа земја е само една од оние кои се подготвени да бидат домаќини на средбата меѓу двајцата лидери.
На 10 јануари Трамп најави подготовки за средба со Путин.
Според него, неопходно е да се стави крај на конфликтот во Украина.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Путин е подготвен да се сретне со Трамп без никакви предуслови.