Свет
Тимошенко најзгодна политичарка, Груевски на 90-тото место
На веб страната Hottest heads of the state каде што се гласа за сексипилноста на политичарите од цел свет титулата „најзгоден политичар на планетата“ ја доби една од малкуте жени на листата, украинската премиерка Јулија Тимошенко
Веднаш зад неа, на второто и третото место, мистер политичар на светот се премиерот на Норвешка Јенс Столтенберг и кралот на Бутан Јингме Вангчук.Американскиот претседател Барак Обама, кој беше 15-ти, за три места на листата е поубав од рускиот премиер Владимир Путин.Големиот љубовџија, Силвио Берлускони и не се покажа како толкав љубовџија – стигна само до 65-тото место, меѓутоа тој никако не го напушта првото место на најбогат политичар.Од балканските главни фаци, најубав е албанскиот претседател Бамир Топи кој е пласиран на 10-тото место.По него следуваат бугарскиот претседател Ѓорѓи Прванов на 25-тото, за едно место заостанува српскиот претседател Борис Тадиќ, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ е 32-ри, а грчкиот претседател Каролос Папуљас 33-ти. На косовскиот претседател Фатмир Сејдиу му се падна далечното 80-то место.Нашиот премиер Никола Груевски се најде на скромното 90-то место, само малку подесно од средината од вкупно 172-та најубави што влегоа во изборот. На Балканот од него помалку убав е само хрватскиот претседател Стипе Месиќ на 131-то место.Жестока битка за последното место на листата, пак, се водеше меѓу католичката црква претставувана од Бенедикт 16-ти и севернокорејскиот комунизам на чело Ким Јонг Ил. Сепак, победи диктаторот кој го зазема последното 172 место, а Папата мораше да се задоволи да биде втор на листата од наопаку.
-www.hottestheadsofthestate.com-
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него
Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди долари, објави порталот Политико, цитирајќи неименуван американски функционер.
Според официјални лица, пакетот оружје вклучува контраартилериски радар, тактички возила, пресретнувачи Патриот, беспилотни летала, артилерија, прецизна муниција и системи против беспилотни летала.
На почетокот на неделава Претставничкиот дом на американскиот Конгрес донесе закон за пакет воена помош за Украина, Израел и кинескиот регион Тајван во вредност од 95 милијарди долари, од кои 61 милијарда долари се наменети за помош на Украина.
Лидерот на Демократите во Сенатот Чак Шумер изјави дека оставил порака за украинскиот претседател Володимир Зеленски, која гласи: „Завршивме. Сега – победи“.
„Овој предлог-закон е една од најважните мерки усвоени од Конгресот долго време за заштита на американската безбедност и безбедноста на западните демократии“, рече Шумер.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.
Свет
Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства
Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и Александар Кајгородцев веќе ги признале злосторствата што ги направиле во селата Подо-Калиновка и Абрикосовка, пишува рускиот медиум Ура.ру.
Меѓу жртвите се двајца полицајци и началникот на селото Љубов Тимчак, кој е назначен од Русија. Телото на началникот било пронајдено во средата, а на него биле видливи рани од огнено оружје, оган и експлозивни направи.
Полицијата набрзо добила дојава од заменик началникот на округот Алешински за откривање на уште две изгорени и осакатени тела на маж и жена. Безбедносните сили ги уапсиле осомничените истиот ден, а набрзо се испоставило дека станува збор за руските војници Александар Осипов и Александар Кајгородцев.