Свет
Бројката загинати во Кина се зголеми на 400

Бројката загинати во серијата силни земјотреси што утрово го погоди Тибетското Плато односно провинцијата Чингхаи достигна 400, но се смета дека ќе расте имајќи предвид дека се известува за околу десет илајди повредени, јавуваат агенциите
Според информациите на локалните власти што ги пренесува кинеската државан агенција Ксинхуа, под урнатините има уште многу луѓе, ароднините и спасувачките екипи со голи раце копаат да дојдат до нив. Дописниците јавувата дека се уништени и патиштата кои водат до аеродромите во провинцијата шшто ќе го отежне и допремувањето на помошта. Освен непристапност, дополнителен проблем претставуваат и уривањетоп на комуникацискиот сите,м, силни ветрови и ниската температура. Од утрово се забележани 18 помали земјотреси кои следувале по главниот чија магнитуда изнесуваше 7.1 степен по Рихтер кои утринава ја погоди покраината Чингхаи.Магнитудата на најсилниот земјотрес кој разорил 85 отсто од градбите кои се наоѓаат во билзината на епицентарот била 7.1 степен по Рихтер. Во регионот Јушу каде е забележан земјотрес од 6.9 степени. Се очекува дека и следните денови може да се очекуваат посилни земјотреси. Американскиот геолошки институт подтврди дека половина час по првиот земјотрес следеле уште два послаби со магнитуда од 5.2 и 5.3 степени по Рихтер. Кинескиот центар за земјотреси потврдил дека во Јушу на Тибет каде живеат околу сто илјади луѓе имало многу уништени објекти.Локалните медиуми јавуваат дека серијата потреси на Тибетското Плато започнала уште во вторникот навечер од што многу настрадале нискоградбите изградени од тули, со дебели ѕидови. Во погодените области биле распоредени војници. Овој регион е сеизмички активен велат стручњаците, но досега бројката на жртвите обично се минимални, со самото тоа што тој е слабо населен.Кинеските власти страхуваат дека многу жители од оваа оддалечена област би можеле да останат без покрив над главата на многу ниските температури кои во овој период од годината кои се движат и под нулата.Исто така се страхува дека под урнатините може да има затрупани ученици во локалното средно и основно училиште. „Насекаде има поворедени луѓе. Најголем проблем сега е тоа што ни недостигаат шатори, имаме недостиг и од медицинска опрема, лекови, како и од медицински персонал“, изјавил за Ксинхуа портпаролот на локалните власти, пренесува Reuters.Агенциите забележуваат дека при катастрофалиот земјотрес во мај 2008 г. кога загинаа околу 80 илјади луѓе во провинцијата Сечуан, се открија афери за копупција при градењето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Работата во Газа не е завршена, втората фаза од мировниот договор започнува веднаш

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека работата во Газа не е завршена, бидејќи телата на починатите заложници не се вратени како што беше ветено, објави вечерва „Тајмс оф Израел“.
„Сите 20 преживеани заложници се вратија и се чувствуваат добро, како што може да биде. Тешкиот товар е отстранет, но работата не е завршена. Телата не се вратени, како што беше ветено“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.
Договорот потпишан од Израел и Хамас минатата недела значеше дека Хамас ќе ги ослободи сите 48 заложници во рок од 72 часа од стапувањето во сила на прекинот на огнот.
Рокot истече во понеделникot напладне и Хамас ослободи 20 заложници живи, но ги врати само телата на само четворица од 28-те што загинаа во Газа, додека вечерва најави предавање на уште четворица.
Дадениот рок во договорот важи и за телата, пишува „Тајмс оф Израел“, но се чини дека на Хамас му треба повеќе време за да ги лоцира, па затоа е формирана заедничка работна група за да помогне во пронаоѓањето на телата што не се вратени во рок од 72 часа.
„Втората фаза започнува веднаш“, додаде Трамп, алудирајќи на делови од неговиот план од 20 точки за повоено управување и реконструкција на Газа, кој ќе го води преодна влада на палестински технократи и ќе го надгледува мировен комитет со кој претседава американскиот претседател и поранешниот британски премиер Тони Блер.
Првата фаза, според Трамп, вклучува ослободување на заложниците, повлекување на Израел од Газа и обезбедување хуманитарна помош, додека Хамас сè уште не се согласил со втората фаза, која вклучува нивно разоружување.
Фото: принтскрин
Свет
Сикорски: Европа мора да се подготви за „длабок“ руски напад

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денес предупреди дека Европа мора да биде подготвена за руски напад длабоко на нејзина територија. Тој оцени дека е „неодговорно“ што не гради одбранбени системи како што е „ѕид од беспилотни летала“ на неговото источно крило.
Во Лондон, каде што го претстави иранскиот дрон „Шахед-136“ соборен во Украина, Сикорски ги повика европските земји да „останат доследни“ во својата поддршка за Украина, наведувајќи дека се надева дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги стави на располагање ракетите Томахавк со долг дострел на таа земја, пренесува Ројтерс.
Тој процени дека снабдувањето на Украина со дополнителна муниција за противвоздушна одбрана, како и оружје со краток и среден дострел, е неопходно за да се помогне во заштитата на Европа, наведувајќи ги како примери упадите на руски беспилотни летала над Полска и борбените авиони над Естонија.
Тој рече дека сè уште не е познато дали беспилотните летала забележани над Копенхаген биле руски.
Запрашан за можноста за проширување на иницијативата „ѕид од беспилотни летала“ за да се спротивстави на идните упади, Сикорски за Ројтерс изјави дека руските напади „за жал би можеле да стигнат длабоко во Европа“.
„Треба да бидеме подготвени да се спротивставиме на тоа и затоа мислам дека би било неодговорно ако не изградиме капацитети против беспилотни летала денес“, рече Сикорски, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин
Свет
Силен земјотрес во Турција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди западна Турција, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри.
Засега нема информации за евентуални повредени или штети.