Свет
Обвинителството бара уште еден процес против Берлускони

Обвинителството во Милано побара од судот да покрене уште еден процес против премиерот Силвио Берлускони. Обвинителството бара Берлускони да биде гонет за затајување на данок и прекршоци кои се однесуваат на периодот кога бил премиер, пренесуваат италијанските медиуми.
Обвинителството во Милано побара од судот да покрене уште еден процес против премиерот Силвио Берлускони. Обвинителството бара Берлускони да биде гонет за затајување на данок и прекршоци кои се однесуваат на периодот кога бил премиер, пренесуваат италијанските медиуми. Процесот би се водел како дел од случајот „Медиатрејд“ и е во врска со неправилностите и продажбата на правата за емитување на телевизиски програми, во периодот до 2008 година. Инаку за овој случај веќе се обвинети 11 лица, вклучувајќи го и синот на премиерот, Пјерсилвио Берлускони. Доколу судот го прифати барањето на обвинителството, тоа би бил четврти процес кој ќе се води против премиерот на Италија. Процесот кој против Берлускони е покренат поради плаќање на сексулани услуги на малолетничка и користењето на службената положба за да се забошоти случајот, започнува во среда. Адвокатите на Берлускони наведоа дека тој нема да присуствува на првото рочиште за случајот, бидејќи тоа ќе биде посветено на утврдување на техничките детали. Берлускони ги негира дека е виновен за делата за кои се товари и ги обвинува „политички мотивираните судии“ дека се обидуваат да го натераат да си замине од функцијата. крај/б/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Македонски камионџија уапсен во Грција по несреќата во која загинаа татко и дете

34-годишен возач на камион од Македонија е уапсен вчера попладне во Грција, откако учествувал во страшна сообраќајна несреќа во која животот го загубија татко и неговиот 13-годишен син. Трагедијата се случила на стариот магистрален пат Солун – Верија, околу 16 часот.
Според информациите на грчкиот портал protothema.gr, до несреќата дошло на делницата меѓу Халкидони и Лудија, каде под сè уште неразјаснети околности дошло до жесток фронтален судир меѓу камионот и патничко возило во кое патувало четиричлено семејство.
Во судирот, 44-годишниот возач на автомобилот починал на самото место, а неговиот 13-годишен син им подлегнал на повредите кратко потоа. 43-годишна сопруга и нивниот 9-годишен син се здобиле со тешки повреди и биле веднаш пренесени со возило на итната медицинска служба ЕКАБ во болницата „Гениматас“ во Солун.
Според близок роднина на семејството, трагедијата се случила додека се враќале од патување и шопинг во Солун кон нивниот дом во едно село во регионот Пела. Роднината вели дека семејството е во целосен шок, а точните причини за несреќата засега остануваат непознати.
Фотографиите од местото на трагедијата, објавени од protothema.gr, прикажуваат целосно деформирано возило, што сведочи за силата на ударот. Грчката полиција продолжува со истрагата за да ги утврди причините за фаталната несреќа.
Свет
(Видео) Киев повторно му зададе удар на Путин, еве што му направија од аеродромот на Крим

Безбедносната служба на Украина (СБУ) изврши напад со беспилотни летала врз воениот аеродром Кировск на Крим во ноќта од петок кон сабота, објави официјалниот Телеграм канал на СБУ.
Нападот наводно уништил три руски хеликоптери – Ми-8, Ми-26 и Ми-28 – како и самооден противвоздушен ракетен и топовски систем Панцир-С1.
СБУ вели дека од пожарот биле оштетени и летала со екипаж, системи за воздушна одбрана, складишта за муниција, како и извидувачки и борбени беспилотни летала.
Во раните утрински часови, од аеродромот биле примени извештаи за секундарни детонации.
Пожежа на аеродромі “Кіровське” в ніч на 28 червня, відео: Кримський вітер pic.twitter.com/EijG9gbPeT
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) June 28, 2025
„СБУ систематски работи на намалување на способноста на Руската Федерација да спроведува воздушни и бомбардирачки напади на територијата на Украина“, соопшти службата.
Во соопштението се вели дека „окупаторите мора да разберат дека нивната скапа воена опрема и муниција не се безбедни никаде – ниту на фронтовската линија, ниту на привремено окупираните територии, ниту длабоко во заднината“.
На почетокот на јуни се појави информација дека цивилниот аеродром во Керч, град окупиран од Русија, на околу 100 километри од воениот аеродром Кировск, се претвора во воена база со цел лансирање беспилотни летала во Украина, според нова истрага на проектот „Шема“ на Радио Слободна Европа/Радио Либерти.
Свет
Хорор на базен во Германија! Четворица Сиријци сексуално нападнале 9 девојчиња, најмладата има 11 години

Малолетничките само сакале да се забавуваат и сакале да се разладат со пријателите. Но, наместо тоа, денот завршил ужасно. Бројни малолетни девојки биле злоупотребени во отворен базен во Хесен.
Нападите се случиле минатата недела во Барбаросабад во Гелнхаузен (население од околу 23.000 жители). Неколку девојки пријавиле кај персоналот на базенот во југоисточен Хесен околу 17 часот дека група мажи ги допирале по целото тело во просторијата за џакузи.
Полицијата успеала да уапси четворица осомничени, на возраст меѓу 18 и 28 години. Се вели дека друг маж го напуштил базенот без да биде идентификуван. Мажите се сириски државјани, потврди портпаролката на полициската станица во југоисточен Хесен во Офенбах за Билд. Двајцата се во роднинска врска. Против сите нив се поднесени кривични пријави. Исто така, им е забранет пристапот до базенот.
Првично, пет ученички се јавија да ги пријават инцидентите. Откако сексуалните напади на отворениот базен станаа јавно познати, уште девојки го следеа примерот. Тие исто така сведочеа дека биле сексуално вознемирувани. „Моментално имаме девет девојчиња“, изјави полицијата за Билд. Најмладата жртва има 11 години, а најстарата 17.
Инцидентот беше прв од ваков вид во Барбаросабад оваа година, рече градоначалникот Кристијан Лицингер, според Хесише Рундфунк.
Во моментов, не може да се исклучи можноста дека и други девојчиња или жени биле жртви на Сиријците.