Свет
Востаниците не сакаат да преговараат со Гадафи ако тој не се предаде

Либиската востаничка влада нема да преговара со полковникот Моамер ел-Гадафи ако тој не се предаде, рече во неделата висок функционер од Националниот преоден совет, додавајќи дека бунтовниците не знаат каде се наоѓа Гадафи
„Нема преговарање со Гадафи“, рече Али Тархун, службено лице задолжено за нафта и финансиски прашања.„Ако сака да се предаде, тогаш со него ќе преговараме и ќе го заробиме“, додаде тој.Портпаролот на либискито водач Моамер ел-Гадафи, Муса Ибрахим рече дека претходно Гадафи предложил да преговара со востаниците за формирање на привремена влада и дека уште се наоѓа во Либија.Human Rights Watch објави дека во меѓувреме силите на Гадафи веројатно убиле над десетина затвореници и цивили кога бунтовниците влегоа во Триполи.„Доказите кои ги собравме укажуваат на тоа дека силите на Гадафи извршиле неколку произволни убиства додека Триполи паѓаше“, рече Сара Ли Витсон, директорка на HRW за Северна Африка.Околу 18 изрешетани тела се пронајдени во коритото на реката во близина на комплексот на Гадафи Баб ал-Азизија и по изјавите на очевидците ги убиле силите на Гадафи. Уште 29 тела се пронајдени во полициската болница во близина на комплексот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.