Свет
Објавен договорот за ракетниот штит на САД со држави од Персискиот залив
Американскиот весник The New York Times во четвртокот ја објави листата земји од Персискиот залив со коишто Пентагон склучил договор за снабдување со оружје за изградба на системот за ракетна одбрана.
Во април, министерот за надворешни работи на Бахреин, Калид бин Ахмед Ал Калифа изјави дека САД и земјите од Советот за соработка на земјите во Заливот (GCC), во принцип постигнале договор за воспоставување систем за ракетна одбрана во регионот во случај на зголемување на тензиите во Иран.
Весникот особено внимание му посветува на извештајот на Пентагон во кој се наведува дека САД ќе му продадат оружје на Кувајт во износ од 4,2 милијарди долари, вклучително и 60 противавионски ракетни системи од типот „Patriot“, 20 лансери и четири локациски радарски системи. Во моментов, Кувајт веќе поседува 350 системи „Patriot“, коишто земјата ги купила во периодот од 2007 до 2010 година.
Во декември минатата година, Пентагон го објави потпишувањето на договорот со Обединетите Арапски Емирати за испорака на надградени лансери за ракетниот одбранбен систем THAAD (Terminal High Altitude Area Defense) во вредност од 2 милијарди долари. Дополнително беше склучен договорот за набавка на ракети пресретнувачи, исто така, за сума од 2 милијарди долари. Вкупно, во текот на изминатите четири години, САД на Емиратите им доставиле оружје во вредност од околу 12 милијарди долари.
Покрај тоа, ракетните системи „Pаtriot“ и’ се доставени и на Саудиска Арабија. Сумата на последниот договор изнесува околу 1,7 милијарди долари.
Во моментов, во регионот на Персискиот залив противвоздушни одбранбени ракетни системи „Patriot“ се инсталирани и во Саудиска Арабија и во Обединетите Арапски Емирати. САД се стремат да изградат мрежа на ракетната одбрана и размена на информации во шест земји на Заливот, со цел да ги заштитат овие земји од ирански проектили во случај на ескалација на состојбите околу Иран и за обезбедување непречено транспортирање на нафтата од регионот.
САД, другите западни земји и Израел се сомневаат дека Иран развива нуклеарно оружје под маската на мирнодопска нуклеарна програма. Техеран ги негира овие обвиненија, тврдејќи дека неговата нуклеарна програма е насочена кон задоволување на потребите од електрична енергија во земјата. Во моментов, на сила се четири санкции за Иран донесени од Советот за безбедност на Обединетите нации./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Не го чепкајте Гренланд“: Масовни протести во Данска и Нуук против плановите на Трамп
Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во Данска, вклучувајќи го Копенхаген, како и во гренландската престолнина Нуук.
Илјадници луѓе најавиле учество на протестите во Данска и на Гренланд, на иницијатива на неколку гренландски организации. Организаторите наведуваат дека целта е да се испрати јасна порака за почитување на демократијата и основните човекови права на Гренланд.
Протестите се организираат и поради присуството на делегација на американскиот Конгрес во Копенхаген, со намера гласот на Гренланѓаните да биде слушнат. Трамп и натаму тврди дека САД мора да воспостават контрола врз стратешки важниот арктички остров, повикувајќи се на руски и кинески интереси во регионот.
Неговиот советник Стивен Милер изјави дека Данска не може сама да го брани Гренланд, додавајќи дека САД не сакаат да трошат милијарди долари за негова одбрана без контрола врз територијата.
Протестите следуваат по неодамнешна средба во Вашингтон, на која данските власти признале дека во моментов нема простор за договор со САД за иднината на автономниот регион. Во меѓувреме, повеќе европски земји најавија распоредување воен персонал на Гренланд во рамки на данска вежба, организирана од сојузниците на НАТО.
Свет
Рубио, Блер и Кушнер во Одборот на Трамп што ќе ја надгледува привремената управа во Газа
Белата куќа објави дека формирала таканаречен „Одбор за мир“, кој според планот на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја надгледува привремената управа во Појасот Газа, и покрај кревкото примирје што е во сила од октомври.
Меѓу членовите се американскиот државен секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф, поранешниот британски премиер Тони Блер и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Трамп ќе претседава со Одборот.
Во „основачкиот извршен одбор“ се и милијардерот Марк Рован од „Аполо Глобал Менаџмент“, претседателот на Светската банка Ајај Банга, како и поранешниот пратеник на ОН за Блискиот Исток Николај Младенов, кој ќе има улога на висок претставник за Газа.
Белата куќа соопшти дека секој член ќе надгледува посебен сектор за стабилизација и долгорочен развој на Газа – управување, регионални односи, обнова, инвестиции и финансирање. За командант на Меѓународните стабилизациски сили е именуван генерал-мајор Џаспер Џеферс.
Експерти за човекови права го критикуваат планот, оценувајќи дека ваквиот модел наликува на колонијална структура. Објавата се совпаѓа со почетокот на работата на палестински технократски одбор за привремена управа во Газа, под надзор на овој совет.
И покрај примирјето, Хамас и Израел меѓусебно се обвинуваат за прекршувања, а насилството во Појасот Газа продолжува.
Фото: Depositphotos
Свет
Украинска делегација заминува во САД за појаснување на условите за можен мировен договор со Русија
Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот Володимир Зеленски по забелешките на американскиот претседател Доналд Трамп дека Киев го попречува завршувањето на војната.
Украинскиот тим активно соработува со претставниците на американскиот претседател, „и покрај сè“, рече Зеленски на социјалните мрежи, додавајќи дека се планирани состаноци во наредните денови. Делегацијата ги вклучува секретарот на Советот за национална безбедност, Рустем Умеров, новиот шеф на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов и претставникот Дејвид Арахамија.
Киев се надева дека ќе има „поголема јасност во врска со документите што ги подготвивме со американската страна и по прашањето за одговорот на Русија на сите дипломатски напори“, напиша Зеленски на Телеграм. Украинскиот лидер неодамна објави дека билатералниот документ со САД за безбедносни гаранции за неговата земја е „90% подготвен“ за финализирање со Трамп.
Американската страна разговара и со Украина и европските сојузници, како и со Москва, но во моментов нема директни мировни преговори меѓу завојуваните земји, кои ги продолжуваат своите напади.
Фото: Depositphotos

